Култура
Годар откажа да го прими почесниот Оскар
Славниот режисер одби да отпатува за Лос Анџелес кадетреба да го прими почесниот Оскар за неговиот придонес за светската кинематографија, објави во вторник порталот Hollywood Reporter, повикувајќи се на ијзава од сопругата на режисерот, Ана-Мари Миелвил
Почесните Оскари ќе бидат доделени на 13-ти ноември, откако минатата година Американската филмска академија одлучи оваа церемонија од годинава да биде посебна манеифестација, со што би се заштедело дополнително време за главната церемонија на доделување на Оскарите. Освен Жан-Лик Годар, наградата за животно дело ќе им биде доделена на холивудските класици. режисерот Френсис Форд Копола и актерот Елиа Уолах, како и историчарот на филмот Кевин Браунлоу.„Тој рече дека ова не е Оскар. На почетокот тој мислеше дека ова ќе биде дел од церемонијата на врачувањето на главните наград, но потоа сфати дека станува збор за посебен настан во новмри“, изјави сопругата на Годар, Ан-Мари Миелвил.Таа додала дека возраста на режисреот не дозволува да тргне на еде таков долг пат „за да добие парче метал“. Инаку Годар е на 79-годишна возраст.Претходно американските медиуми пишуваа дека претставниците на Академијата не усепале да го пронајдат годар за официјално да го информираат за награта за живтоно дела. Спроед Миелвил, се уште очекува официјално известување од Холивуд за наградта и да му предложат да ја предадат наградата на некој од неговите претсеавници.Претходно Годар од слични причини пропушти уште еден годинешен важен настан. Тој одби да се појави на Канскиот филмски фестивал за да го претстави неговиот најнов филм „Социјализам“. Тој испрати своерачна изјава испратена до директорот на фестивалот Тиери Фремо. „Поради проблемите од грчки тип јас не можам да бидам ваш должник во Кан. Со фестивалот ќе појдам до смата смрт, но ни чекор потаму. Со другарски пзодрав, Жан-Лик Годар“, пишува во пораката на славниот режисер.Своевремено, во 1968 г., Годар во друштвото на Франсоа Трифо учествуваше во бојкотот на Канскиот филмски фестивал, а како резултат на тоа оттогаш и нема добиено „Златна палма“. Се чини дека во писмото Годар алудира дека проблемите на грчката економија исто така се чувствуваат и во Европа, како и врз него самиот, врз канскиот и врз холивудскиот естаблишмент.Жан-Лик Годар, еден од основачите на францускиот „нов бран“ е автор на познатите филмови „До последниот здив“ (1959), „Малиот војник“ (1960), „Аутсајдери“ (1964), „Алфавил“ (1965), „Лудиот Пиеро“, (1965), „Кармен Х“ (1982).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во МНТ репризно ќе се одигра балетот Чиполино
Во среда, 5 јуни, со почеток во 19:00, на големата сцена во Македонскиот Народен Театар, репризно ќе се изведе Балетот Чиполино, во продукција на Bullfrogs Ballet. Премиерата на Чиполино се изведе во јуни минатата година, во полниот салон на МНТ.
„Чиполино“, или „Момчето кромид“ е балет создаден по мотивите на бајките на Џани Родари, кој ја раскажува приказната за граѓаните зеленчуци и моќните владетели овошки во кралството Градина. Главната тема која се обработува се неправдите кон помалку моќните и важноста на пријателството во тешки периоди. Приказната е вистински приказ за важните вредности во животот – тимски дух, пријателство, меѓусебно помагање, верба и борба за правда. Иако балетот е најпрво создаден за млади, сепак изобилува со сериозна кореографија од класичниот балет.
Музиката е на Карен Качатуријан, кореографијата на Александра Никифоровски, според оригиналната кореографија на Хајнрик Мајоров. Подготовката на балетот е под палката на Никифоровски и Елена Митевска, заедно со Ангелина Беличевска како асистент на кореографија, додека актерската игра е под водство на Бојан Лазаров.
Главните улоги ќе ги одиграат Елена Василевска (Чиполино), Viola Imeri (Ротквица), Илин Јовановски (Господин Домат), Александра Никифоровски (Принц Лимон), Тодор Стојковски (Гроф Цреша), Јана Трпковска и Бистра Младеновска (Грофици Цреши). Ансамблот го сочинуваат младите балерини од Bullfrogs Ballet School, а во дел од улогите се појавуваат и актери од независната актерска сцена во Македонија.
Булфрогс Балет Продукција е основана од Александра Никифоровски во 2009 година, и веќе 15 години континуирано и успешно спроведува балетски програми за деца и млади, како и продукции од областа на изведбените уметности. Училиштето Булфрогс Балет, e првото интернационално приватно балетско училиште и спроведува високо квалитетна балетска настава за деца и млади по методот „Ваганова”, поделена на предбалетско, основно и средно образование. До сега во училиштето се едуцирани преку 1000 ученици.
Никифоровски има долгогодишно искуство како балетски педагог и кореограф. Нејзиното кореографско портфолио ги вклучува неокласичните балети „И жената знае да вози“, „Аметист“ и „Тесеракт“, мјузиклите „Моите песни, моите соништа“, и „Ени“ како и балетите „Тарантела“, „Лебедово езеро“, „Сон на летната ноќ“, „Танц на кадетите“. Александра е сертифициран предавач за техниката за балетски развој (ПБТ) и е магистрант на Факултетот за музичка уметност – отсек балетска педагогија.
Култура
Гала балетски концерт со најубавите балетски дела на 26 јуни на сцената на Националната опера и балет
На 26 јуни со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се оджи Гала балетски концерт, во рамките на фестивалот „Скопско лето“ 2024.
На концертот ќе настапат првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Олга Панго и Дејан Прошев, концерт мајстор е Климент Тодороски, а репетитори: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Саша Евтимова, Дафина Данилоска Кочевска, Васил Чичиашвили и Наташа Јосифовска.
Гала балетскиот концерт ќе ги опфати најубавите балетски дела како „Лебедово езеро“ од П. И. Чајковски, „Дон Кихот“ од Л. Минкус, „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски, „Оревокршачка“ од П. И. Чајковски, „Рајмонда“ од А. Глазунов и многу други.
Култура
„Младите доаѓаат“ – концерт на новите музички таленти
Овој четврток (6 јуни) со почеток во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот концерт насловен „Младите доаѓаат“, посветен на новите музички таленти од земјава. Под диригентство на маестро Ангел Спироски, на концертот ќе настапат ученици од музичките училишта од Скопје, Струга, Охрид и Битола.
На програмата се инспиративни и комплексни дела од Ј. С. Бах (Двоен виолински концерт во d-moll), К. Дитерсдорф (Концерт за контрабас и оркестар бр. 2), С. Меркаданте (Концерт за флејта и оркестар бр. 2), К. Сен-Санс (Концерт за виолончело и оркестар бр.1), Д. Кабалевски (Концерт за виолина и оркестар во C-dur), К. М фон Вебер (Кончертино за кларинет и оркестар во Es-dur), Ф. Шуберт (Erlkönig), В.А. Моцарт (Концерт за пијано и оркестар во d-moll), Џ. Верди („Saper Vorreste“ – aрија на Оскар од операта „Бал под маски“) и Д. Шостакович (Концерт за пијано и оркестар бр. 2).
Ќе настапат учениците: Марија Џуклеска и Андреј Наумоски, виолини (проф. Милена Крстевска), Летиција Кондратенко, контрабас (проф. м-р Благој Маротов), Ана Матеска, флејта (проф. Александар Стефановски), Ева Малиновска, виолончело (проф. Маре Видевска), Виктор Србиноски, виолина (проф. Елица Рашкова), Александар Ристовски, кларинет (проф. Благојче Трајковски), Матеа Стојаноска, соло пеење (проф. Маја Митровска), Анастасија Петреска, пијано (проф. Татјана Божиновска), Анастасија Милеусниќ, соло пеење (проф. Александра Коцевска) и Џеврие Туле, пијано (проф. Весна Ангелова Христов).
Овие концерти се мошне интересни и секогаш оставаат силен впечаток, затоа што носат нова енергија, елан, ентузијазам, младешки дух, и ја најавуваат новата генерација македонски музички уметници.