Забава
Виола на Страдивари на аукција за 45 млн долари
Ретка виола дело на славниот италијански мајстор на музички инструменти Страдивари, за која се верува дека е еден од најдобрите гудачки инструменти кои постојат на светот, се очекува дека ќе постигне цена од 45 милиони американски долари, на наддавање кое ќе се одржи пролетва, и може да постигне светски рекорд за најскап музички инструмент продаден кога и да е.
Виoлата позната во музичкиот и колекционерскиот свет како „Мекдоналд” којашто во 1719 година италијанскиот мајстор Антонио Страдивари е прв негов инструмент кој се појавува на пазарот во изминатите половина век, според најавата за наддавањето на аукциската куќа Sotheby’s. Станува збор за еден од двата инструмента на Страдивари кои сѐ уште се во приватна сопственост. Другиот, чиј сопственик сака да остане анонимен, се чува во славната Конгресна библиотека во Вашингтон.
„Страдивари е најголемиот мајстор на виолини на сите времиња”, вели Тим Инглес од аукциската куќа Ingles&Hayday којашто е коорганизатор на наддавањето заедно со Sotheby’s. Додава дека денес во светот постојат десетина комплетни виоли на Страдивари, па затоа и претставуваат такви драгоцености.
Двете аукциски куќи на 26-ти јуни е објават која е најдобрата понуда, а почетната цена изнесува 45 милиони американски долари.
Досега најскапиот музички инструмент е платен 15,9 милиони долари, а станува збор за виолината на Страдивари позната како „Лејди Блант”.
Се проценува дека околу 600 виолини, виоли и виолончела сѐ уште постојат во светот изработени од прочуениот изработувач на виолини и други гудачки инструменти Антонио Страдивари, и во зависност од периодот, може да чинат и повеќе милиони евра. Така, во текот на аукција во добротворни цели за жртвите од катастрофалниот земјотрес и цунамитo коишто ја погодија Јапонија во март 2011 година, одржана во Лондон во 2011 година, една таква виолина беше продадена за повеќе од 11 милиони евра.
Виолата „Мекдоналд”, инструмент сличен но малку поголем од виолината, се смета за најдоброто на Страдивари. Нејзиниот преден дел е изработен од алпска смрека,а телото во едно парче од јавор. Ја продава семејството на Питер Шидлоф кој вирел виола во светски прочуениот гудачки квартет Amadeo и која ја купил во 1964 година. Името „Мекдоналд” потекнува од тоа што во 1820 година ја купил третиот барон Мекдоналд./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.