Контакт

Вести

Бајден: Турција подготвена да остане во Сирија колку што е потребно, а Северен ток 2 е лош договор за Европа

Објавено пред

Турција е подготвена да остане во Сирија колку што е потребно за да ја уништи Исламската држава, американскиот потпретседател Џозеф Бајден во текот на посетата на Шведска, ден откако во Анкара се сретна со потпретседателот Реџеп Тајип Ердоган.

dobivaj vesti na viber

„Мислам дека Турците се подготвени да останат колку што е потребно за да ја истераат Исламската држава. Сметам дека дојде до постапна промена во размислувањето во Турција која се сфати дека Исламската држава е егзистенцијална закана за Турција“, изјави американскиот потпретседател Џозеф Бајден во четвртокот за новинарите во шведската престолнина Стокхолм.

Бајден, во чија близина се компании кои имаат интереси во енергетиката во Европа, исто така, изјави дека САД сметат оти гасоводот Северен тек 2, со кој се удвојува количеството руски природен гас кој се испорачува до Германија, а во кој се вклучени и најголемите германски, италијански, француски и компании, е „лош договор“ за Европа.

Во средината на јуни минатата 2015 година рускиот енергетски гигант „Газпром“ објави дека договорил со британско-холандскиот конзорциум „Shell“, со германски E.ON и австриски OMV план за градење нов гасовод кон Германија. Според меморандумот за разбирање, E.ON, OMV и „Shell“ ќе се вклучат во изградбата на новиот гасовод од Русија преку Балтичкото Море до Германија, со годишен капацитет од 55 милијарди кубни метри природен гас. Временската рамка за реализација на проектот не е наведена, а новиот гасовод би требало за двојно да го зголеми капацитетот на постојниот Северен тек-1, кој сега ги поврзува двете земји.

Новиот гасовод е планиран во близина на постојниот Северен тек-1, и во него „Газпром“ ќе поседува 50 отсто од проектот, а BASF, E.ON, „Engie“, OMV и „Shell’ по 10 отсто.

Финансиски консултанти за Северен тек-1, се шкотската „Royal Bank of Scotland“, германската „Commerzbank“ и француската „Societe Generale“, а за Северен тек-2, француската и италијанската кредитни институции „Societe Generale“ и „Unicredit“, како и руската компанија „РБПФ Проектное финансирование“.

САД и источноевропските земји членки на НАТО сметаат дека со тоа ќе се ограничат другите правци на снабдување но не наведуваат кои, откако Русија пред повеќе години реши да ја заобиколува Украина поради ткн „гасни војни“, а по несогласувањата со ЕУ се откажа и до проектот Јужен тек, како енергетската безбедноста на Европската унија во која третина од потребите од гас доаѓаат од руските извори.

Меѓу другите теми кои ги допре, Бајден го спомена и злогласниот затвор Гвантанамо на Куба за кој рече дека треба да биде затворен до крајот на мандатот на американскиот претседател Барак Обама, односно до крајот на годинава. „Тоа е мојата надеж и очекување“, истакна Бајден. Обама вети затворање на овој затвор уште во кампањата а својот прв претседателски мандат, но се жали дека наидува на голем отпор во Конгресот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија. „Москва...

Македонија7 часа

Стареењето на населението и иселувањето на младите – предизвици со кои се соочува Фондот на ПИОМ

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на...

Македонија9 часа

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер...

Македонија10 часа

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почетокот на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 отсто

До крајот на месецот или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија12 часа

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија13 часа

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура13 часа

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија13 часа

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...

Свет13 часа

Украина го разреши министерот за правда поради корупциски скандал

Украинската влада привремено го разреши од функцијата министерот за правда Герман Галушченко, објави УНИАН. Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, ја...

Македонија14 часа

(Видео) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка....

Свет14 часа

(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време...

Свет14 часа

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во Газа од почетокот на примирјето

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во областите на Газа што ги контролира од почетокот на прекинот на огнот со...

Свет15 часа

Кинескиот претседател и шпанскиот крал Фелипе ги зајакнуваат врските, Мадрид сака кинески инвестиции

Кинескиот претседател Кси Џинпинг му соопшти на шпанскиот крал Фелипе VI дека втората по големина економија во светот сака да...

Европа16 часа

Британец намамувал девојчиња преку „Снапчат“ и ги силувал: осуден на 28 години затвор

Висок раководител на британскиот здравствен систем, опишан од судија како „лукав, интригантен и манипулативен“, е осуден на 28 години затвор...

Свет16 часа

(Видео) Тајфунот Фунг-вонг донесе поплави во Тајван, илјадници евакуирани

Тајван евакуираше повеќе од 8.300 луѓе пред доаѓањето на многу ослабениот тајфун Фунг-вонг, кој донесе обилни дождови на планинскиот источен...

Свет16 часа

Лавров до Трамп: Наместо во Венецуела, треба да се реагира во Белгија, таму е поопасно

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не спровела нуклеарни тестови, отфрлајќи ги тврдењата на американскиот претседател...

Македонија16 часа

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле

Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија1 ден

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200...

Топ1 ден

Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои...