Култура
Премиера на филмот „Синот“ во Фросина
Кусиот игран филм „Синот“ на режисерот Марко Ѓоковиќ, премиерно ќе биде прикажан во петок во 21 часот во киното Фросина
Преку пораката „Насилството остава трага“ тема на 15 минутниот филм е девијантното однесување на тинејџерите, начинот на кој младите го рефлектираат насилството, кое понекогаш остава застрашувачки последици.„Со филмот „Синот“ сакав да го прикажам моето размислување на оваа тема. Во општество каде луѓето живеат на работ на егзистенцијално исчезнување, насилството презема голема улога. Кога и да видиме девијантна младина, секогаш се раѓа дилемата за коренот на нивното однесување, а со „Синот“ се трудев да прикажам мал дел од таа младина и да поставам само една теза за нивното однесување“ – вели младиот режисер Марко Ѓоковиќ.Актерската екипа на филмот ја сочинуваат четирите талентирани момчиња на возраст од 14 до 18 години, Никола Колев, Петар Костадиновски, Марко Ристевски и Иво Антов и актерот Јордан Симонов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Отворање на прославата за 50-годишнината на Францускиот институт и затворање на 20. „Танц-фест“ со танчарската претстава „Мозаик“ на светски познатиот кореограф Мурад Мерзуки
Францускиот институт во Скопје и „Танц-фест“, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубилејното 20. издание на „Танц-фест“, го најавуваат ексклузивното гостување на француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“, в петок, 17 мај 2024, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар.
Кореограф на претставата е Мурад Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме денес, кому француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024, со наслов „Танцот на игрите“.
Всушност, по огромниот успех на танцовиот перформанс „Пиксел“ во 2017 година во рамките на „Танц-фест“, Мурад Мерзуки и групата „Кафиг“/Käfig се враќаат во Скопје со најновиот танцов спектакл „Мозаик“.
На настанот збор ќе земат: Иго Бештел, директор на Францускиот институт во Скопје, и Рисима Рисимкин, директорка на „Танц-фест“.
Билетите за претставата се достапни на веб-страницата на Македонскиот народен театар.
Во фоајето на МНТ исто така ќе биде поставена ретроспективната изложба „50 години Француски институт во Скопје“, која го прикажува дејствувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години.
Култура
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД што ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Култура
Денес е Ден на македонскиот јазик
Петти мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“. На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и Правописот на македонскиот јазик.
Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.