Контакт

Култура

Египетски функционер уапсен за кражбата на сликаат на Ван Гог

Објавено пред

Фунционер од египетското министерство за култура и уште четири лица вработени во музејот во Каиро се уапсени во понеделник во рамките на истрагата за кражбата на скапата слика на холандскиот мајстор

dobivaj vesti na viber

Сликата „Афионови цветови“ или „Вазна со цвеќе“ од Винсент Ван Гог процента на вредност од 50 милиони долари беше украдена в саботата од Музејот на Махмуд Халил на западниот брег од Нил во ехипетската престолнина. Раководителот на одделот за убави уметности при египетсткото министерство за култура, Мохсен Шаалан и уште четворица вработени во музејот се обвинети за пропуст, односно дека не ги спроведувале строгите безбедносни мерки за музејска заштита на вредните експонати,  пренeсува  AFP.Државниот обвинител на Египет, Андел-Мегвид Махмуд тврди дека за кражбата е виновен недоволно фунцкионалниот безбедносен систем и дека во музејот во времето на кражбата не работел ниту еден аларам, како и дека биле вклучени само седум од вкупно дури 47 камери за надзор во просториите на музејот. Музејот е отворен во 1962 г. А името го добил по египетскиот политичар Мохамед Махмуд Халил кој заедно со неговата сопруга Французинкс биле страсни собирачи на уметнички дела. Во него се чува збирката од повеќе од 300 дела, меѓу кои и дела на Моне, Тулуз-Лотрек, Гоген и Роден, и претставува најголемата и најскапа збирка на слики и уметнички дела од европскат ауметност од 19. и 20-от век на Блискиот исток. Останува нејасна судбината на сликата на славниот холандски уметник, која во саботата беше крадена од музеј во Каиро, и покрај потврдата на египетскиот министер за култура дека е најдена. Во саботата доцна попладне египетскиот министер за култура, Фарук Хосни објави дека сликаат е пронајдена и дека во врска со тоа се уапсени двајца италијански државјани, но подоцна појасни дека „претходните информации не биле прецизни и ни биле потврдени од релевантните агенции“. Хосни во текот на вечерта за египетската државна телевизија изјавил дека „продолжуваат мерките за пронаоѓање на сликата“Сликата беше украдена во сабота претпладне по отворање на музејот, а тоа беше соопштено дури попладнето.  Ова е вторпат оваа иста слика чија вредност се проценува на 50 милиони долари, да биде украдена од каирскиот музеј. Првиот пат тоа се случи во 1977 г. но тогаш беше пронајдена по дури десет години. Тогаш египетската полиција не го кажа иднетитетот на крадците, како сликата е украдена и каде и како е пронајдена.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Мајка“ на Теона Стругар Митевска со триумфална светска премиера во Венеција

Објавено пред

Со долг аплауз и стоечки овации, долгоочекуваниот филм „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска беше премиерно прикажан на 81.

dobivaj vesti na viber

Венецискиот филмски фестивал во преполната Sala Darsena, отворајќи ја престижната селекција „Хоризонти“.

Филмот раскажува интимната и драматична приказна за младата Тереза во Калкута, 1948 година – во мигот кога таа чека одобрение од Ватикан да го напушти манастирот и да основа нов ред. Во главната улога блеска светски познатата актерка Номи Рапас, која ја толкува идната Мајка Тереза како сложена, човечна и противречна личност – исполнета
со амбиција, сомнежи и силна жед за слобода.

Актерската екипа ја сочинуваат и Никола Ристановски во улогата на отец Фредерик, Силивија Хукс како сестра Агнешка, како и Екин Чорапчи, Марајке Пиној и Лабина Митевска. Сценариото го потпишуваат Гоце Смилевски, Теона Стругар Митевска и Елма Татарaгиќ, додека зад камерата стои наградуваната белгиска директорка на фотографија
Виржини Сен-Мартин (SBC).

Првите критики по премиерата во Венеција го оценија „Мајка“ како „смело и современо филмско портретирање“ и „најкомплексното остварување на Митевска досега“. Овој исклучителен прием претставува уште еден голем успех за македонската кинематографија – во Венеција беше прикажан филм што се наметнува со интернационален јазик, естетика и релевантност.
„Мајка не е класичен биографски филм, туку обид да се прикаже една жена – Мајка Тереза – како сложена, повеќеслојна личност, далеку од клишеата на насмеаната светица.
Доаѓајќи од истата земја и град, чувствував длабока поврзаност со историскиот лик – и восхит кон нејзината храброст и решителност. Но, се запрашав: зошто мажите во историјата сме ги претставувале во најразлични светла, славени и во нивното добро и лошо, а жените речиси секогаш еднодимензионално? Со „Мајка“ сакав да дадам нова
перспектива, и да портретирам женска историска фигура прикажана без идеализации, туку со својата автентична сила, амбиција и противречности.
Во таа смисла, „Мајка“ е филм за слободата – и за храброста на една жена да биде различна, и покрај сите ограничувања на своето време.“ – изјави Теона Стругар Митевска за време на пресс конференцијата во Palazzo del Casino.

Номи Рапас, пак, рече: „Прифаќањето на оваа улога беше неверојатен предизвик и патување. Со месеци живеев со „Мајка“ во мене, низ многу емоции и внатрешни битки. Се нурнав во нејзиниот свет преку истражувања – читав многу, и позитивно и негативно, ги проучував нејзините писма, Библијата и Куранот, се обидував да го разберам времето и
местото во кое делувала. Она што го гледате на екранот е мојата Тереза – не копија, туку обид да ја пронајдам вистинската личност зад митот.
Соработката со Теона беше апсолутно прекрасна. Имавме искрена и силна врска, работевме без его и ја создадовме нашата Мајка Тереза заедно. Тоа беше двегодишно патување кое ми донесе нови перспективи и длабоко ме збогати.“

Уште пред премиерата, „Мајка“ беше продаден за кино-дистрибуција во над 15 европски земји, меѓу кои Франција, Германија, Италија, Шпанија, Данска, Шведска, Норвешка, Полска, Чешка, Финска и Белгија.

Од 3 декември, филмот ќе започне со кино-прикажување низ Европа – ретко и извонредно достигнување за македонска продукција.

„Овој извонреден интерес е доказ дека филмот има потенцијал да стане едно од најистакнатите европски остварувања оваа година,“ истакнуваат од француската агенција Kinology, задолжена за светска продажба и дистрибуција.

По премиерата во Венеција, филмот продолжува на своето фестивалско патување низ Европа и светот, а за македонската публика ќе биде прикажан на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, од 20 до 26 септември во Битола.

„Со оваа премиера, македонската кинематографија уште еднаш направи голем исчекор на светската сцена. Отворени се вратите кон нови можности, а патот кон меѓународен успех е трасиран – не само за филмовите на Теона, туку и за новите млади генерации кои доаѓаат” – изјави директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски.

„Мајка“ е копродукција на Северна Македонија, Белгија, Шведска, Данска и Босна и Херцеговина, во продукција на Лабина Митевска и Себастиен Делое, со извршни продуценти Номи Рапас и Силвија Хукс. Проектот е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Шведскиот филмски институт, Данскиот филмски институт, Центарот за кино на Федерацијата Валонија-Брисел и повеќе европски фондови.

Прикажи повеќе...

Култура

Две македонски премиери вечерва на 16. „МакеДокс“ во Сули ан

Објавено пред

Од

Две македонски премиери ќе се одржат на 16. „МакеДокс“ во Сули ан на претпоследниот фестивалски ден на 27 август. Во 20:30 часот на програмата е документарниот филм „Крајолици на човештината“ на Јана Хунтерова, кој е снимен во соработка во „Арт-поинт Гумно“. По нејзината уметничка резиденција во селото Слоештица, Хунтерова креирала визуелна приказна за Љубица и малкуте други соселани, кои и покрај тешкотиите, наоѓаат мир, поврзаност и слобода во зафрленото македонско село.

dobivaj vesti na viber

Во терминот од 22:30 часот, исто во Сули ан, ќе биде прикажан филмот „Кодот на Преспа“ на Никола Поповски. Во регионот на Долна Преспа, особено во селото Наколец, но и во околните села, со децении (а можеби и со векови) постои традиција на органски создаден соживот заснован врз меѓусебно разбирање и почитување. Секојдневниот живот на протагонистите таму и нивните меѓусебни односи претставуваат своевиден модел во кој е скриен одреден код на заедништво и општествена кохезија помеѓу луѓе од различни етнички, верски и други профили.

Сценариото за филмот е на Борјан Јовановски, кинематографери се Ѓорѓи Клинчаров и Фејми Даут, монтажата е на Гоце Кралевски, дизајнер на звук е Игор Поповски, музиката ја компонираше Глигор Кондовски, а продукцијата е на „Strymon Film“.

Претходната вечер, на 26 август, во Сули ан беше отворена фотоизложба на уметникот со светско реноме Киро Урдин. Фотографиите се создадени во при неговите многубројни посети на Долината Омо во Африка. Пред публиката во Сули ан авторот Урдин зборуваше за своите искуства при патувањата во Африка, средбата со африканските етнички заедници во Долината Омо и фасцинацијата од светот кој е далеку од цивилизацијата, а блиску до срцето.

Урдин зборуваше и за снимањето на своите арт-филмови во Африка, како и за патешествието со неговиот најпознат филм „Планетариум“. Во истиот блок беше прикажан и неговиот документарен филм „Оган и вода“.

Премиерата на три кратки документарни филмови на школата „Докуникулци“ на „МакеДокс“ се одржа на 26 август во Сули ан. Објектот едноставно беше претесен да ги собере сите заинтересирани да ги видат остварувањата на „Докуникулците“. Во еден блок беа прикажани филмовите „Живуша“ на Ксенија Довезенска, „Како стигнав до овде?“ на Рој Стефанова и „Борби со ветерници“ на Борјан Гаговски. Ментори на работилницата се режисерот Трифун Ситниковски и монтажерот Горјан Атанасов. Во реализацијата на филмовите учествуваа и Ивана Тимова, Ева Божиновска, Теодор Дамјановски, Јована Гаврилоска и Никола Поповски. Пред публиката во Сули ан младите филмски автори со голема возбуда зборуваа за снимањето, монтажата и продукцијата на своите први филмски дела.

Целосната програма на фестивалот „МакеДокс“ може да се пронајде на официјалната веб-страница на „МакеДокс“ (www.makedox.mk), а може да се симне и мобилната фестивалска апликација.

Прикажи повеќе...

Култура

Драмски театар Скопје со „Плејбоите…“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони

Објавено пред

Драмски театар Скопје со претставата „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ утре, на 28 август ќе гостува на Бриони во Хрватска каде театарот „Ulysses“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри, РУТА. Претставата ќе биде изведена на големата сцена на локалитетот Мали Бриони во 21 часот. Гостувањето на Бриони ќе биде шеста изведба на пиесата со што се заокружува сезоната на планирани настапи на летните фестивали. Станува збор за копродукција на НУ Драмски театар Скопје, Белградското драмско позориште, Местното гледалишче Љубљана и продукцијата на „Град театар“ Будва.

dobivaj vesti na viber

Премиерата на копродукциската претстава „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ се играше во Црна Гора на 10 август на 39. фестивал „Град театар“ Будва. На летната сцена во комплексот „Словенска плажа“ претставата беше играна во четири последователни вечери.

Предизвикот да се создаде копродукциската претстава на четирите уметнички куќи е одбележувањето на пет години од смртта на авторот Душан Јовановиќ, кој остави силен печат во театарскиот израз во регионот. За претставата е истакнато дека: „Плејбоите…“ е текст напишан во 1972, од раниот драмски опус на Душан Јовановиќ, работен во формата на комедија дел арте. Претставата првпат е изведена во Местното гледалишче Љубљана една година подоцна. Во творештвото на тошашнаите „бунтовни“ уметници е присутен таканаречениот „лудизам“ – специфичен одговор на „тешките теми“ што ги отвори повоената генерација млади луѓе што биле современици на регионални историски движења, во духот на „Сексуалната револуција“ и „Пролетта од 1968 година“.

Режисерот Пеновиќ за претставата „Плејбоите…“ вели дека е вителот на живата еротика, младост и незаузданата, вечно незаситна страст. Сепак, меѓу редови се насетува и една празнина, суета и егоизам на општеството што постојано трча по уживање. Денес, половина век по ‘68, суетата и бесцелноста остануваат актуелни, а им се придружуваат и трката по материјалниот статус, но и егзистенцијалниот страв.

Покрај Иван Пеновиќ, авторскиот тим го сочинуваат и Соња Должан (превод), Лазе Трипков (сценографија), Александар Ношпал (костимографија), Владимир Пејковиќ (композиција) и Дамир Клемениќ (сценско движење). Во копродукциската претставата играат актерите од четирите уметнички куќи од регионот: Лазар Христов, Јулита Кропец, Марко Гверо, Соња Стамболџиоска, Лазар Николиќ, Вукашин Јовановиќ, Нејц Језерник, Марјан Наумов и Јована Спасиќ.

По изведбата во Охрид, македонската публика ќе има можност повторно да ја гледа претставата во втората половина на октомври за време на фестивалот РУТА во Драмски театар Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Фон дер Лајен: Путин мора да седне на преговарачка маса, Европа ќе ја одигра својата улога

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес разговараше телефонски со украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд...

Топ9 часа

21-годишно момче загина а две лица се тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Денеска (28.08.2025) околу 00:10 часот во СВР Велес, е пријавено дека на локалниот пат с.Горно Чичево-с.Долно Чичево, општина Градско, патничко...

Топ10 часа

Битолчанец се удавил во водите на Охридското езеро

Вчера во 12.55 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро бил пронајден починат В.Т.(49) од...

Македонија11 часа

Мицкоски до Филипче: Време е да бидат конструктивна опозиција, растот на нето-платата сега е двојно поголем во однос на периодот на Владата на СДСМ

„Добро е да се направи споредба меѓу параметрите што ги прават СДСМ и ДУИ кога тие беа во Владата седум...

Македонија11 часа

Османи: Албанците никогаш нема да прифатат некој друг да одлучува во нивно име

Кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ, Бујар Османи, реагираше на последните изјави на премиерот Мицкоски, кој најави...

Македонија12 часа

Арсовска: „Такво време дојде, ем да тепаат жени, ем да глумат жртви дека се тепани“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи пред утрешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, на...

Македонија14 часа

ДУИ: Од Балансер до Бадeнтер, план за рушење на уставниот поредок

Северна Македонија никогаш немала влада- по настроена против Охридскиот договор, против европската иднина и европската интеграција и повеќе од рамнодушна...

Свет15 часа

Сијарто: Европските политичари се најжестоките противници на мирот во Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека европските политичари во моментов се „најжестоките противници на мирот во Украина“,...

Топ16 часа

Го удирале со боксови по целото тело и глава: преку психијатриско вештачење ќе се утврди дали тројцата осомничени свесно го извршиле убиството во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како...

Македонија16 часа

На ГП Меџитлија откриени над 300 шишиња со хемиски препарати за прскање: спречен обид за криумчарење

Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија. Во раните...

Свет16 часа

(Видео) Напаѓачот од САД се претставувал како жена: оставил морничави пораки

Напаѓачот во училиштето во Минеаполис, кој уби две деца и рани најмалку 17 други, е идентификуван додека полицијата истражува манифест...

Македонија1 ден

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за...

Македонија1 ден

Родителите од Демир Хисар револтирани: Законот ги принудува учениците на сместување во домови за да добијат превоз

Родители од Демир Хисар изразија незадоволство од измените на законот за средно образование и изразија загриженост за превозот на децата...

Македонија1 ден

(Видео) „Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалира со ДУИ“, вели Стојаноски

„Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДС е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со...

Македонија1 ден

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година, и тоа по сите предмети, велат од МОН

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во...

Топ1 ден

МВР со детали за пожарот кај „Зебра“: четири возила зафатени од огнот

Денеска, во 2.05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територијата на Центар, било опожарено патничко моторно...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци се зголемени за 4.300 денари, а минималната платата за 1.800 денари

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé...

Македонија2 дена

„Кандидатурата на Мециновиќ за Скопје е договор на партијата Левица да им помогне на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце...

Топ2 дена

Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во...

Македонија2 дена

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот...