Култура
Објавена изгубената книга на американскиот писател Керуак

Првиот роман на прославениот американски писател Џек Керуак, за кој се претпоставуваше дека е изгубен, е објавен 40 години по неговата смрт.
Првиот роман на прославениот американски писател Џек Керуак, за кој се претпоставуваше дека е изгубен, е објавен 40 години по неговата смрт.Американскиот писател Џек Керуал кого го нарекуваат кралот на бит генерацијата, го напишал романот „The Sea Is My Brother“ (Морето е мојот брат), на 20-годишна возраст потпирајќи се на личното искуство стекнато служејќи на трговски брод. Романот се базира на писмата што ги разменувал со најдобриот пријател Себастијан Сампас и го прикажува „животот и искуството“ на морето, вели уредничката Довн Вард, додавајќи за BBC, дека книгата е важна „бидејќи покажува како се развивало пишувањето на Џек“. Писмата од тој период покажуваат дека Керуак и неговито пријател читале дела од писатели и драматурзи нивни современици и „внимателно ги набљудувале промените во книжевните стилови и автобиографски дела“, вели Вард која истакнува дека книгата „отвора и ја покажува онаа негова страна која не ја гледаме во другите негови дела“.Ракописот бил пронајден во архивата на авторот којашто ја чувала неговото семејство и ги изненади стручњаците за творештвото на Керуак, вели Вард давајќи дека романот се споменува во неговите писма, но ништо не наведувало на помислата дека до навистина постои. „Керуак имаше големо влијание врз американската книжевност, не само како култна личности, туку и како личност којашто ги менува правилата“, вели Вард. Џек Керуак е роден 1992 година, а почнал да пишува многу рано носејќи ја насекаде со себе својата тетратка водејќи белешки или пишувајќи писма на пријателите и семејството. Пред да почне да се занимава со книжевноста како професија, бил спортски новинар, градежен работник, а двапати бил и во морнарицата. Првата негова книга „The Town and The City“ ја објавил во 1950 година. Иако критиката позитивно ја оценила, таа слабо се продавала, па Керуак следната книга ја објавил дури по шест години. Еден од најпознатите негови романи „На патот“ сé уште важи за највлијателната и најславната негова книга. По успехот на овој роман, Керуак продолжил со пишувањето и објавил уште неколку книги, но тешко го поднесувал статусот на ѕвезда. Починал во 1969 година на 47-годишна возраст од цироза./крај/ббц/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Промоција на „Ќумур смоквин млеч“, дебитантската стихозбирка на Стефан Спасовски

В четврток од 20:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на „Ќумур смоквин млеч“, збирката првенче на младиот поет Стефан Спасовски. Преку разговор и читање на дел од песните ќе биде претставена стихозбирката.
Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „’Ќумур смоквин млеч’ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно одлично обмислена, интертекстуална и интердискурзивна книга. Таа е во широк дијалог со современата, пред сѐ, македонска книжевност, рефлектирајќи прашања кои се земени од општото, традиционалното и перенијалното, вметнувајќи ги во личните прашања, современиот контекст на светот во кој живееме и длабоко интимните проблеми и ставови.“
„Ќумур смоквин млеч“ беше наградена со Антев часовник од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ за необјавена поетска збирка од млад автор и организаторите на манифестацијата за стихозбирката велат дека е интересно патување по сетилните меридијани на поетовата млада душа.
Стефан Спасовски е студент на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Илика“, а во Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ работи врз јазично уредување и редакција на текстовите. Бил дел од уредничкиот одбор на студентското списание „In medias reѕ“. Се занимава со пишување есеи и поезија. Има учествувано на повеќе поетски читања („Поетска епизода“, Скопски поетски фестивал…).
Култура
Гала концерт на отворено „Од #MOБ за Скопје“

Националната опера и балет на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ) ќе одржи гала концерт „Од #MOБ за Скопје“,
Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Овој уникатен концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.
Култура
Проекција на седум кусометражни играни филма во Кинотеката

На 2 јули (среда) со почеток во 20 ч., во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ ќе се одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели.
На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 г., по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ; „Невољите на покојникот К. К.“ од 1963 г., по сценарио на Коле Чашуле, во режија на Здравко Велимировиќ; „Давид, Голијат и петел“ од 1960 г., по сценарио и режија на Славко Јаневски; „Лифт горе, лифт долу“ од 1967 г., по сценарио на Ташко Георгиевски, во режија на Душан Наумовски; „Човекот во црно“ од 1970 г., по сценарио на Мето Јовановски, во режија на Бранко Ставрев и „Споменик“ од 1968 г., по сценарио на Бошко Смаќоски, во режија на Вељо Личеноски.
Проекцијата е организирана од Кинотеката на РСМ, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија, а селектор на програмата е вонр. проф. д-р Атанас Чупоски, вработен како филмолог советник во Кинотеката и член на ДПМ.