Македонија
Повторно оштетени македонски возила во Грција

Уште два случаи на оштетување на возила на македонски државјани кои летувале во Грција, регистрираше македонската Гранична полиција, со што вкупната бројка на оштетени возила оваа сезона се искачи на четири.
Имено, на 18.07. (сабота) на ГП „Богородица“, пријавено е оштетување на задното лево стакло, оштетена лајсна и оштетен преден браник со предна лајсна на автомобил марка „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д. од Скопје и вчера, 19.07. (недела) на ГП „Стар Дојран“, од страна на лицето Т.Д. од Штип, пријавено е скршено лептир стакло на автомобил „хонда“ со штипски регистарски ознаки, при што било отворено возилото од каде е одземен новчаник од сопатникот З.С. во кој имало возачка дозвола и лична карта на негово име.
Настаните се случиле во местото Пиреа, односно езеро Киркини и истите не се пријавени во грчката полиција. /крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Аеродром и Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од село Долно Лисиче, од надвозникот кон селото, општина Аеродром;
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од улицата 1770, во населба Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно, во текот на денот со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно, по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд, особено во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во петок и за време на викендот врнежите наместа ќе имаат пороен карактер. Во недела и понеделник на планините и на некои повисоки места во северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Битола – Прилеп

Сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп е нормализиран, соопшти АМСМ.
Претходно од таму информираа дека поради случена сообраќајна незгода со жртва, пренасочен е сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп кај местото викано „Беровци“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“.