Контакт

Македонија

ДУИ со сочуство за семејствата на жртвите од поплавите во тетовскиот регион

Објавено пред

Демократската унија за интеграција изразува сочувство до семејствата на жртвите кои загинаа за време на поплавите во тетовскиот регион.

dobivaj vesti na viber

„Уште сношти, сите структури на Демократската унија за интеграција се обврзаа да останат во близина и да помогнат на жителите погодени од вчерашните поплави во Тетовско. ДУИ изразува жалење за причинетата штетата и ги уверува граѓаните дека ќе ги преземе сите мерки за обесштетување на штетите предизвикани од поплавите“, се вели во соопштението од партијата.

„Апелираме до граѓаните кои имаат материјална штета да ги следат постапките и упатствата кои ќе ги преземат од надлежните органи да се процени штетата. ДУИ апелира до сите политички фактори, НВО и медиуми за да изразат солидарност со напорите да им се помогне на жителите и да не се користи природната катастрофа и трагедијата во Тетово за дневни политички цели“, велат од ДУИ.

„Жителите на Тетово и полошкиот регион имаат потреба за нашиот придонес и искрена поддршка и ние ќе стоиме зад нив“, порачуваат од ДУИ./крај/мф/бс

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СДС го деградираше македонскиот јазик, Заев е тој кој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се исти, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Од

СДС го деградираше македонскиот јазик, Заев е тој кој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се исти, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Лицемерието на СДС нема крај. Тие кои ги распродаваа националните интереси, историјата, културата, како и јазикот, сега глумат загриженост. СДС се тие кои што за време на нивното седум годишно владеење направија се за да го деградираат македонскиот јазик. Потпишуваа понижувачки договори кои ја негираа неговата посебност. Цела македонска јавност го слушаше Зоран Заев, кој на телевизија, без око да му трепне и без гласот да му затрепери, тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ и дека македонскиот и бугарскиот јазик се исти“, велат од партијата.

Кога СДС лицемерно изразува грижа за македонскиот јазик, велат од ВМРО-ДПМНЕ, пред да излезат на прес-конференција, само нека се потсетат на периодот на нивното владеење на чело со Заев.

„Затоа што тие се тие кои што ги опустошија македонските национални интереси и трајно ги нарушија позициите на Македонија“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Реконструкцијата на Владимир Комаров се реализира согласно договорот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Од

СДС нека не се секира за Аеродром, реконструкцијата на Владимир Комаров се реализира согласно договорот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„СДС нема што да каже, па сега се фати и со тротоарите во Општина Аеродром. Ако барем малку нешто разбираа, ќе знаеја дека градежните активности, зафати и реконструкции на отворено се реализираат во согласност со договорот и временските услови. Но, кога веќе тие не знаат, наша обврска е да им посочиме. Потпишан е договор за реконструкција на улицата и тротоарите на Владимир Комаров и согласно условите на терен, истиот се реализира“, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во текот на месец април поради обемни дождови, немало поволни услови и доволна збиеност на тлото согласно проектот, за да може да се изврши асфалтирање, заради што надзорот не дозволи асфалтирање.

„Исто така, тротоарите во пределот од бул. Јане Сандански кон Железничка станица Скопје ќе бидат опфатени во втора фаза од реконструкција. За реализација на овој зафат, веќе е аплициран проект во Влада на Република Македонија. СДС да биде мирна, власта на ВМРО-ДПМНЕ како на централно, така и на локално ниво ги реализира и ќе ги реализира сите проекти кои значат подобар квалитет на живот на сите граѓани на цела територија на државата“, пишува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Манасиевски: Филипче во друштво на криминалци и уживатели на дрога, што има заедничко со нив?

Објавено пред

Од

Венко Филипче е опкружен со криминалци и уживатели на дрога, обвини Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тој покажа фотографии на кои, според него, Филипче е со Андон Стојков, кој, како што рече Манасиевски, пред два дена во Штип бил фатен од страна на полицијата со дрога.

„Андон Стојков е поранешен претседател на СДММ Струмица и важи за близок човек до Зоран Заев и Венко Филипче. Ова е Андон Стојков во друштво на Венко Филипче. Од фотографијата се гледа дека истата не е случајна, ниту пак дел од некој масовен настан, па да се рече дека Филипче не знаел со кого се фотографира. Ова е фотографија на Андон Стојков со Зоран Заев, во пријателска атмосфера на заедничка забава“, рече Манасиевски, покажувајќи фотографии.

Тој го праша Венко Филипче со уште колку криминалци е опкружен и што тој има заедничко со нив?

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

Поевтинуваат дизелот и бензините

Цените на горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија2 часа

Мицкоски му даде две опции за избор на Таравари, да остане во Влада или да оди со ДУИ: Во политиката образот или го имаш или го немаш

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Штип потврди дека попладнево ќе се сретне со лидерот на едно крило од Алијанса за...

Топ3 часа

Семејно насилство во Охрид: татко ја истепал ќерка си, по што се вклучиле и други членови на семејството

Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека Р.Б. од Охрид физички ја нападнал неговата ќерка, по што...

Македонија5 часа

(Фото) Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на „Владимир Комаров“, прашува СДСМ Аеродром

„Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митески во Општина Аеродром е видлива буквално на секој чекор. Реконструкцијата на тротоарите на половина...

Македонија6 часа

Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети и како се штанцаат пасоши за 215 белосветски криминалци, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Заев 7 години беа заштитници на криминалот и криминалните банди. СДС, Заев и Спасовски им дадоа пасоши на...

Македонија6 часа

„Тошковски наместо да обвинува треба да одговори дали има пропусти при рацијата“, велат од партијата Левица

„Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, наместо да дава одговори пред јавноста за дилеми кои оправдано се наметнуваат околу истрагата...

Европа7 часа

Фицо: Им велат на Русите „Па, славете, би можеле да фрлиме дрон врз вас или нешто друго“, ова се неприфатливи работи

Словачкиот премиер Роберт Фицо го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговото предупредување до „странските делегации да не доаѓаат“ на...

Европа7 часа

(Видео) Нападнат лидерот на турската опозиција, се појави снимка

Лидерот на главната опозициска партија во Турција беше нападнат вчера додека ја напушташе комеморацијата во Истанбул. Озгур Озел, кој ја...

Свет8 часа

Трамп: Светот ни ја одзема филмската индустрија, тоа е безбедносна закана

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека планира да воведе царина од 100 проценти на...

Регион8 часа

Вучиќ се огласи по приемот во болница: „Одам пред вас за да бидам штит“

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати за прв пат откако ја прекина посетата на САД поради болки во градите, по...

Македонија8 часа

Кривична против 38-годишниот скопјанец кој ја уби својата невенчана сопруга

СВР Скопје го расчисти убиството кое на 3 мај, околу 15 часот во скопската населба Шуто Орузари го изврши 38-годишниот...

Македонија19 часа

Хорор во Скопје, пред очите на 5-годишната ќерка ја усмртил мајката со убоди од нож по вратот и градите

Скопското Обвинителство спроведе истрага против едно лице за убиство на својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница. На жртвата,...

Свет19 часа

Трамп нема да се кандидира за трет мандат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не планира да се кандидира за трет мандат како шеф на државата, иако...

Македонија22 часа

Во чест на загинатите во Пулс во Кочани се возеа велосипеди

Над 300 велосипедисти, рекреативци, спортисти и граѓани учествуваа на велосипедската тура „По патеката на оризот“ во чест на трагично загинатите...

Македонија1 ден

Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска положи цвеќе во црквата „Св. Спас“ по повод 122-годишнината од смртта на великанот...

Регион1 ден

Тајната на Тито која никој никогаш не ја разјасни

На денешен ден, пред 45 години, почина Јосип Броз Тито, доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Сојузот на...

Македонија1 ден

АХВ казни 14 месарници кои продавале небезбедно месо

Казни во вредност од 8.350 евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на...

Македонија1 ден

122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој...

Топ2 дена

Ја убил сопругата, па го фатиле на Табановце

МВР соопшти дека попладнево околу 17 часот на граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Н.А. (38) од...

Македонија2 дена

Од Скопје до Охрид ќе се патува час и половина по новиот автопат од Тетово до Гостивар, ама за две години

За две години ќе биде готов новиот автопат од Тетово до Гостивар, рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта...