Македонија
На јавна седница ќе се оценува обвинението за „Пуч“

Кривичниот суд во Скопје на јавна седница во понеделник во 13 часот ќе го оценува обвинителниот акт за случајот „Пуч“, во којшто еден од обвинетите е и лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев.
На седница јавниот обвинител ќе ги изнесе резултатите од истражната постaпка и доказите на коишто се засонова обвинителниот акт, а ќе се разгледуваат и приговорите на обвинението поднесени од страна на адвокатите на обвинеите во случајот „Пуч“.Судот има дополнителен рок во којшто треба да одлучи дали ќе закаже судење за овој случај и ќе го прифати обвинението или ќе го отфрли обвинителниот акт и ќе го врати предметот во истрага.Основното Јавно Обвинителство за организиран криминал и корупција на 30 април до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави обвинителен акт против пет лица кои се дел од предметот „Пуч“.Сите обвинети,освен поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски се товарат за кривични дела кои ги сориле во обид или со помагање.Верушевски е обвинет за неовластено прислушување и тонско снимање, шпионажа и за помагање во насилство спрема претставници од највисоки државни органи. Второобвинетиот Ѓорѓи Лазаревски, техничар во УБК е обвинет за поттикнување на неовластено прислушување и тонско снимање и помагање при делото шпионажа. Сопругата на Верушевски, Соња Верушевска е обвинета за помагање при шпионажа. Лидерот на опозицијата, Зоран Заев кој е четвртообвинет, се товари за насилство спрема претставници на највисоките државни органи од чл.311 в.в чл.24 од Кривичниот законик, односно за кривично дело сторено во обид. Петтообвинетиот, Бранко Палифоров, вработен во општина Струмица е обвинет за помагање при кривичното дело насилство спрема највисоките државни органи.Сите обвинети се во притвор освен Зев, на кого привремено му беше одземен пасошот, но потоа вратен.Опозицијата веќе неколку месеци со ред објавува аудио снимки од разговори за коишо тврди дека се на функционери на власта, и според опозицијата, го докажуваат криминалот на власта. Заев пак е обвинет дека со овие снимки пред нивното објавување го уценувал премиерот Никола Груевски да се формира преодна влада, доколку сака да не бидат објавени снимките во јавноста.Во вторник во Скопје ќе допатува еврокомесарот Јоханес Хан кој ќе се сретне лидерите на четирите најголеми политички партии во обид да се најде излез од политичката криза во Македонија./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Левица: Уште еден закон одбиен – власта не гласаше за предлогот за денови на жалост

На вчерашната собраниска седница, владејачкото мнозинство повторно не ја надмина својата партиска суета и не гласаше за предлог-законот на Левица за денови на жалост, соопштија од партијата.
„Бидејќи во Македонија никако не е регулиран медиумскиот простор при денови на жалост, пратеничката група на Левица поднесе законско решение за регулирана медиумска програма без забавни и политички содржини за време на деновите на жалост, како и за воведување едноминутно молчење и санкции за недолично однесување“, наведуваат од партијата.
Пратеникот Амар Мециновиќ од Левица, образложувајќи го предлогот, истакна дека „тагата не смее да биде дел од политички наратив“ и дека со законот се бараат јасни и унифицирани критериуми за прогласување денови на жалост, кои не би зависеле исклучиво од одлуката на Владата.
При образложување на предлог-законот, пратеникот Мециновиќ потенцира дека овој закон не навлегува во правото на слобода за изразување и во регулирањето на приватните субјекти, туку ги подразбира измените кои ќе дозволат како нација да ја доживееме тагата во која што сме се нашле и да се дозволи на вистински начин да закрепнеме од колективните трагедии.
Предлогот се однесува на јавниот и на институционалниот домен, со фокус на одбележување трагични настани на национално и локално ниво.
Во предлогот стои дека целта на законот е обезбедување на правна основа за правилно одбележување на деновите на жалост на национално и локално ниво, преку организирано, унифицирано и достоинствено одбележување на трагични настани кои влијаат на националната и колективна меморија на државата, преку достоинствено оддавање почит кон настраданите и нивните блиски, како и поттикнување на човечноста, солидарноста и на националното единство.
„Жално е што дури и при една катарза кое му се случи на македонското општество, власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за конструктивно законско решение, кое треба да го пополни правниот вакуум каде Македонија е ретка држава која нема Закон за денови на жалост“, велат од Левица.
Македонија
Масовно непрописно фрлање кабаст и градежен отпад на јавни површини, велат од Комунална хигиена Скопје

ЈП Комунална хигиена Скопје информира за масовно непрописно одлагање кабаст и градежен отпад на јавни и сообраќајни површини.
„Дрскоста на несовесните и неодговорно граѓани оди до таму што иако знаат дека согласно закон контејнерите се исклучиво за комунален отпад од домаќинствата, се исфрла градежен, кабаст и други видови отпад со кои сериозно се нагрдува градот, се загадува животната средина и загрозува здравјето на граѓаните.
Многу често контејнерите се преполни со кабаст и градежен отпад поради што останатите граѓани не можат да го одложат комуналниот отпад прописно, а зачестени се и појавите на непрописно одлагање отпад покрај садовите кога тие се сосема празни“, велат од Комунална хигиена Скопје.
„ЈП Комунална хигиена Скопје на терен задно со инспекциските служби на град Скопје има затекнато и казнето при непрописно и неконтролирано фрлање отпад над 600 лица во изминатите 4 месеци, и апелира за зголемена свесност да не се исфрла отпадот на јавни површини со што се создаваат диви депонии и се загрозува животна средина.
Од почетокот на годинава, екипите на претпријатието подигнаа над 3500 кубни метри отпад одложен на јавни и сообраќајни површини, а само во текот на месецот април се отстранети 950 кубни метри отпад од диви депонии покрај контејнерите, составен од кабаст и градежен отпад.
Ги информираме граѓаните дека секое исфрлање отпад надвор од наменски поставените садови претставува прекршување на Законот за јавна чистота и подлежи на санкции, исто како и фрлањето друг отпад освен комуналниот од домаќинствата. Контејнерите поставени на јавни површини се наменети исклучиво за одлагање мешан комунален отпад и во истите не смее да се одлага кабаст или градежен отпад.
Согласно Законот за јавна чистота, граѓаните и правните субјекти се ОБВРЗАНИ градежниот отпад да го одложат преку лиценцирано лице или директно на депонијата Дрисла и со истиот не смее да се загадува низ градот, во или покрај контејнерите поставени на јавни површини.
Во ЈП Комунална хигиена Скопје жителите на градот Скопје БЕЗ паричен надомест можат да го одложат својот кабаст отпад, во кој спаѓа мебел, електронските и електричните апарати, односно можат да го одложат во Центарот за селекција на отпад во Карпош секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот“, соопшти Комунална хигиена Скопје.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре со почеток во 11.00 часот поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“ со движење лево по улицата „Филип Втори Македонски“, десно по улицата „11-ти Октомври“, право по улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред Влада на Република Северна Македонија.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.