Култура
Во понеделник е Роденден на уметноста

Со целодневна програмска активност, во понеделник, 17-ти јануари, Младинскиот културен центар ќе се вклучи во меѓународната манифестација, наречена: Роденден на уметноста.
Оваа манифестација, преку глобален радиопренос како и бројни концерти, арт перформанси и инсталации, програми за деца… секој 17-ти јануари се одржува во повеќе од дваесетина европски земји, вклучително и САД, Јапонија, Јужна Америка… а првпат воопшто Младинскиот културен центар ја вклучува и Македонија во оваа манифестација.Роденденот на уметноста е традиционален годишен настан, кој првпат бил предложен од страна на францускиот уметник Роберт Филиу во 1963 г. По смртта на Филиу, декември 1987 г., се формира меѓународна организација која ја презема одговорноста за славењето на овој ден, наречена Western Front. Имено, според Филиу, уметноста не постоела пред милион години, но еден ден, на 17-ти јануари, истата се родила. Тоа се случува кога некој човек испуштил сув сунѓер во кофа со вода. Филиу предложи овој датум да се слави како национален празник со тоа што ќе се слави присутноста на уметноста во нашите секојдневни животи. Од година во година, оваа идеја успева да одушеви сè повеќе уметници, групи на уметници, пријатели на уметноста кои се вклучуваат кон овој настан преку организацијата Western Front, организација, каде се разменуваат идеи и уметност преку различните алатки за телекомуникација.Уметниците почнуваат да го слават овој ден со забави и дружења, потоа со меѓународни честитки и официјална кореспонденција, преку уметност искажана со електронска пошта, поштенски пратки, телеграми, музика, наменски компонирана при телефонски повици, модем до модем МИДИ поврзување, на крај сето да се слави преку интернет благодарение на еволуцијата на технологијата.Младинскиот Културен Центар, за овој ден подготви програма со настани поврзани со сите жанрови на уметноста. Во галеријата на МКЦ ќе може да се посети изложбата на Калиопи Илиевска и Мила Ивановска со дела од нивниот дипломски труд како и дела настанати во текот на своите студии на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Циклусот на слики на Мила Ивановска носи наслов „Разговор со мојата душа (моето огледало)“, а Калиопи Илиевска својот циклус го наслови со „Лична легенда“. Изложбата ќе биде проследена со проекција на видео материјал кој е создаден во текот на настанувањето на делата откривајќи го процесот на нивното настанување.Со почеток во 19 часот, ќе биде промовиран краткиот роман „Приказни за август“ од авторот Дејан Велкоски, автор, зад чие издание стои издавачката куќа Антолог.„Приказни за август“ е кус приказ на љубовта, видена низ очите на еден просечен сонувач; збирка циклизирани раскази, поврзани од отсонуваната љубовна приказна. Сонувачот ќе направи сѐ за да извлече насмевка од неа, но понекогаш, сѐ не е доволно… На крајот, нему му останува да сонува некои други приказни, некои други светови.Во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Пејзаж 2“ (2008) во режија на Винко Модерндорфер во кој настапуваат Марко Мандиќ, Петар Мусевски, Јанез Хоцавер. Во филмот, Сергеј и Поле се ситни крадци кои ќе украдат уметничко дело од резиденцијата на пензионираниот комунистички генерал кој е навикнат проблемите да ги решава по кратка постапка, па на помош го повикува мистериозниот помошник, кој добива задача да ја врати сликата со пејзажот, но и доверливиот документ кој по грешка завршува во рацете на крадците.За крај, во киното „Фросина“ ќе може да се проследи настапот на Тони Китановски заедно со Изет Кизил од Турција и Костас Теодору од Грција. Тројцата музичари првпат настапија во 2003 г. во Бон, Германија како членови на составот на нивниот заеднички пријател Теодосиј Спасов. Како што велат, соработката како трио се јави како неминовност генерирана од меѓусебната доверба, радост, страст и љубопитност кон се што може да се нарече музичка мисла и креативна изведба на сцена. Звукот на овој состав е сублимат на индивидуалните истражувања на традиционалните музички стилови од различни краишта на светот сместен во современ импровизаторски концепт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Драмски со претставата „Кармен“ на театарски фестивал во Анкара

Со монодрамата „Кармен“, Драмски театар Скопје на 24 октомври ќе учествува на 17. Меѓународен театарски фестивал ЕТХОС Анкара 2025. Фестивалот се одржува од 16 до 26 октомври во главниот град на Турција. Годинава под мотото „Градот и театарот“ на фестивалот ќе учествуваат театарски уметници, амбасадори на културата, претставници на центри за култура и членови на граѓанските и невладини организаци од над 20 земји. Публиката ќе може да ги следи театарските претстави и останатите фестивалски настани на повеќе сцени низ Анкара.
Драмски театар Скопје со монодрамата „Кармен“ во која ликот на Кармен го игра Биљана Драгичевиќ – Пројковска, учествувал на десетина меѓународни фестивали и тоа во Грузија, Молдавија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Албанија како и на десетина гостувања во нашата земја.
Монодрамата „Кармен“ е создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од шпанскиот писател Мигел Делибес, а својата премиера ја имаше во мај 2021 година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски.
Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен има добиено неколку меѓународни награди и признанија.
Култура
Во македонскиот КИЦ во Загреб отворена изложба за фотографите на Арсовски, кои ги поврзаа Скопје и Загреб

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб вчера беше промовирана научната монографија „Во потрага по фотографите Арсовски“ и отворена изложбата „Арсовски – фотографи“ посветена на претходно целосно непознатото, но исклучително вредно фотографско творештво на семејството Арсовски.
Изложбата и публикацијата отвораат ново поглавје во историјата на македонската и хрватската фотографија со кое што се надополнува значаен сегмент во историјата на македонската и хрватската фотографија.
Научната монографија „Во потрага по фотографите Арсовски“, чиј автор и уредник е д-р Ива Просоли, објавена во двојазично хрватско-македонско издание, содржи текстови од македонски и хрватски автори и истражувачи.
Монографијата и изложбата ја претставија авторките и кураторите како и директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска и директорот на Музејот за уметности и занаети Сањин Михелиќ кои ги потврдија заложбите за промоција на културните вредности, продлабочување на меѓународната соработка и културните врски меѓу Хрватска и Македонија, потенцирајќи дека во годината кога Музејот за уметности и занаети ја одбележува 145-годишнината од постоењето организирани се две заеднички значајни изложби кои што наредната година ќе бидат претставени во Музејот на град Скопје и во македонската Национална галерија.
„Поводот за истражување на фотографското семејство Арсовски беше покана од Дејан Кршиќ, кој, додека подготвуваше монографија за Михајло Арсовски, наиде на фотографии од семејното наследство“, нагласи д-р Ива Просоли, уредник и автор на изложбата и монографијата. Преку истражување во архиви, музеи и приватни колекции, реконструиран е фотографскиот опус на семејството Арсовски, со голема уметничка вредност и исклучителен технички квалитет, опфаќајќи урбани сцени од старо Скопско, христијански споменици, обичаи, жетва, мода и општествени трендови и секојдневниот живот во македонскиот меѓувоен период. Денес, нивното дело претставува вреден документ за колективната меморија на еден простор и време.
Изложбата „Арсовски – Фотографи“ ќе биде отворена до 10 ноември 2025 година во македонскиот Културно – информативен центар во Загреб. Македонскиот Културно-информативен центар во Загреб овој проект го реализираше во соработка со Музејот на уметности и занаети, Загреб и Музејот на град во Скопјe.
Две генерации заборавени фотографи
Семејството фотографи Арсовски, од кое потекнува еден од најзначајните хрватски графички дизајнери Михајло Арсовски, работело во Скопјe две генерации, а потоа и во Загреб. Иако нивните студија, прво на браќата Арсиќ, а потоа на „Електрофот“, биле важни фотографски центри во Скопјe во периодот меѓу двете светски војни, делото на ова семејство не било познато ниту професионално третирано досега. Првиот познат фотограф во семејството бил Васил Поп-Арсов, фотограф и учител, кој отворил фотографско студио во центарот на Скопјe на почетокот на 20 век. Неговите синови, Константин (Коста) и Владимир, ја продолжија семејната традиција, преземајќи го студиото на нивниот татко во 1926 година, а во средината на 1930-тите отворија уште едно студио наречено Електрофот. По Втората светска војна, Коста и неговото семејство
се преселија во Загреб, каде што тој водел фотографско студио со исто име до 1957 година, додека Владимир заминал во Париз.
Две генерации заборавени фотографи
Семејството фотографи Арсовски, од кое потекнува еден од најзначајните хрватски графички дизајнери Михајло Арсовски, работело во Скопјe две генерации, а потоа и во Загреб. Иако нивните студија, прво на браќата Арсиќ, а потоа на „Електрофот“, биле важни фотографски центри во Скопјe во периодот меѓу двете светски војни, делото на ова семејство не било познато ниту професионално третирано досега. Првиот познат фотограф во семејството бил Васил Поп-Арсов, фотограф и учител, кој отворил фотографско студио во центарот на Скопјe на почетокот на 20 век. Неговите синови, Константин (Коста) и Владимир, ја продолжија семејната традиција, преземајќи го студиото на нивниот татко во 1926 година, а во средината на 1930-тите отворија уште едно студио наречено Електрофот. По Втората светска војна, Коста и неговото семејство се преселија во Загреб, каде што тој водел фотографско студио со исто име до 1957 година, додека Владимир заминал во Париз.
Култура
„Македонски сновиденија“ – почеток на есен исполнета со џез, страст и фолклор

„Есенските музички свечености“ 2025 година свечено ќе се отворат со концерт на Националниот џез оркестар насловен „Македонски сновиденија“, под диригентската палка на Владимир Николов, на 25.10.2025г. (сабота) со почеток во 20:00 часот на сцената на Малата сала на Филхармонија.
Билетите се во продажба на karti.com.mk.
Македонскиот национален џез оркестар го претставува проектот „Македонски сновиденија“ – енергична фузија од македонски фолклор и современ џез. Програмата ќе ја диригира Владимир Николов, кој ќе го предводи оркестарот низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонскиот фолклор, прераскажани преку јазикот на џезот. Македонскиот национален џез оркестар е симбол на врвна џез музика и високо ниво на уметнички перформанси. Овој Биг Бенд оркестар обединува врвни џез музичари од Македонија и меѓународно признати гости-уметници. Основан како национална институција во 2024 година, тој брзо стана централна сила во културниот живот на земјата. Со иновативна програма и распродадени настапи, тој изгради репутација како национален џез бренд. Меѓу гостите солисти до сега се истакнуваат Курт Елинг, Марија Мендеш, Дони МекКаслин, Курт Розенвинкел, Дон Менца, Шеун Кути, Зиги Фајгл, Луис Бониља, Франческо Беарцати и други меѓународно признати уметници. Сите тие придонесоа за растечкиот меѓународен профил на оркестарот.