Македонија
Вељаноски упати покани за набљудување на изборите

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски упати покани за набљудување на изборниот процес до меѓународни организации и претставници на странски земји и регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права
Во Изборниот законик, во членовите 161 и 162, е предвидено дека целиот изборен процес можат да го набљудуваат меѓународни организации и претставници на странски земји и регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права.
Во контекст на ова и согласно воспоставената пракса, претседателот Вељаноски, упати покани до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Илка Канерва, претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Педро Аграмунт и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Мајкл Р. Тарнер, за намерата да учествуваат во набљудувањето на предвремените избори на пратеници во Собранието да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски согласно уставните и законските надлежности, вчера потпиша Решение за распишување предвремени избори на пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ: Трагедијата бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени

Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени, велат од Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Според нив, власта со сите сили се обидува да ги заштити своите и да го пренасочи вниманието на јавноста кон други, наместо да обезбеди транспарентност и одговорност.
„Овој селективен и неправеден пристап не само што ја поткопува довербата на граѓаните во институциите, туку и го загрозува самиот процес на правда. Ние нема да влеземе во замката на политика на обвинувања и поделби. За нас, правдата не може да се дели на „наши“ и „нивни“ – таа мора да биде еднаква за сите“, велат од ДУИ.
Партијата ги повика институциите да останат надвор од секое влијание и да обезбедат транспарентен, праведен и непристрасен процес.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Струмица

Земјотрес е почувствуван попладнево во Струмица, во 18 часот и 33 минути.
Според информацијата на сеизмолошката опсерваторија, потресот е со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината.
Македонија
„Халкбанк“ донира 50.000 евра за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

„Халкбанк“ со донација од 50.000 евра уплатени кон наменскиот фонд од Црвен крст на Македонија, дава поддршка за семејствата на загинатите и повредените.
„Бескрајно жалиме за трагичната загуба на младите животи во Кочани… А нашите мисли се и со повредените, на кои им посакуваме целосно опоравување и сила во овие тешки моменти“, напиша банката на нејзината „Фејсбук“ страна.