Македонија
Вујкото на Мартин Нешкоски осуден на 10 месеци затвор
Вујкото на Мартин Нешкоски, момчето убиено за време на изборната прслава во 2011 година, поради кое се одржуваа демонстрациите против полициска бруталност, во петок е осуден на казна затвор од десет месеци, поради „учество во толпа“.
Другите демонстранти добија условни казни.
Сите демонстранти се осудени на условни казни, освен еден демонстрант, кој е осуден на десет месеци затвор, јави репортерот на Макфакс.
Осумина демонстранти се осудени на условна казна од три месеци затвор доколку во рок од една година не сторат кривично дело.
Осудениот на затворска казна е вујко на Мартин Нешкоски кој и претходно бил осудуван за кривично дело „учество на толпа“.
Отежнителна околност за него е што обвинетиот го сторил кривичното дело додека бил на условна казна за истото дело.
Претходно, деветмината демонстранти кои што беа обвинети за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во извршување на службени дејствија“, на протестите кои се случија пред Владата на 5 мај, пред судот ја признаа вината.
Сите деветмина се изјаснија дека се виновни и дека вината ја признаваат без никаков притисок, јави репортерот на Макфакс.
Судот им го укина притворот на сите, а вујкото на Нешкски, треба до правосилност на пресудата два пати месечно да се јавува во суд.
Адвокатот на петмина од демонстрантите, Мирослав Вујиќ, побара судот да ја земе во предвид состојбата во која се наоѓал вујкото на Мартин Нешкоски како дел од семејството кое изгубило близок член.
Протестите на 5 мај беа организирани откако опозицијата објави аудио снимки во кои што високи функицонери од власта наводно се обиделе да го скријат убиството на Нешкоски, кое се случи ноќта помеѓу 5 и 6 јуни 2011 година, додека власта ја славеше изборната победа.
На протестите пред Владата дојде до судир помеѓу демонстрантите и полицијата. /крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

