Забава
Снегот и зимата се вратија во Хрватска

Заладувањето проследено со снег и ниски температури се регистрирани во неделата навечер на Биоково брегот на Јадранскот Море, јавува Hina.
На највисокиот врв на оваа планина Свети Јура (Свети Ѓорѓи) со 1.762 метри надморска височина од неделата попладне почнал да врне снег, а температурата се спуштила на минус 2,1 Целзиусови степени.
Според синоптичарите, снег паднал и на другите врвови од Биоково, што е невообичаена појава за почетокот на мај./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Ана Винтур фотографирана на Мет Гала со дамка на фустанот, коментарите се сè

Мет Гала се одржа во понеделникот вечерта, а многу светски познати личности прошетаа по црвениот тепих покажувајќи ги своите модни креации.
Ана Винтур, главна уредничка на списанието „Вог“ и почесна домаќинка на Мет Гала од 1995 година, ретко е предмет на толку големо внимание поради своите комбинации, но овој пат мала дамка на нејзиниот фустан го украде целото внимание.
Таа се појави во сребрена тоалета од Луј Витон со цветен дезен, а комбинацијата ја зачини со голем брош и слоевит накит, како и заштитна боб фризура.
Сепак, штом зачекори на црвениот тепих, социјалните мрежи се фокусираа на речиси незабележливата црвеникава дамка, што предизвика вистинска криза кај перфекционистката Винтур.
За обичните смртници, таквата дамка би била незначителна, но Ана Винтур е позната по својот перфекционизам и строг стил на управување со модната сцена, а ја споредуваат со незаборавната Миранда Пристли од филмот „Ѓаволот носи Прада“. Корисниците на Икс напишаа дека некој од тимот на Винтур ќе биде казнет за овој пропуст на „најголемата модна ноќ во годината“, а многумина отворено се плашеа за судбината на несреќниот соработник одговорен за дамката.
„Дамка?!!! Некој ќе биде отпуштен…“, „Сигурно има три асистенти, а никој немал пенкало за дамки?“, „Се чувствувам ужасно за членовите на нејзиниот тим кои ќе го почувствуваат нејзиниот гнев поради таа дамка на нејзиниот фустан“, „Ана… дали тоа е дамка на твојот фустан?“, „Престани да ја покажуваш таа дамка на нејзиниот фустан, некој несреќен практикант ќе страда“ и „Би убила да бидам мува на ѕидот кога Ана ќе сфати дека нејзиниот фустан е извалкан со црвена дамка“, се само дел од коментарите на Икс.
Забава
Хејли Бибер дојде на Мет Гала без Џастин, ја нарекоа „најтажната жена на вечерта“

На овогодинешната Мет Гала во Њујорк, која повторно ги собра најголемите ѕвезди од модната, музичката и филмската сцена, вниманието на јавноста особено го привлече Хејли Бибер (28), која се појави сама.
Познатата манекенка и претприемачка за прв пат по четири години прошета по црвениот тепих без својот сопруг Џастин Бибер (31).
Нивното последно заедничко појавување на Мет Гала во 2021 година беше запаметено по еден непријатен инцидент – публиката го скандираше името на поранешната девојка на Џастин, Селена Гомез.
Модниот избор на Хејли оваа година вклучуваше софистицирана мини сако фустан од Сен Лоран. Иако изгледаше смирена и самоуверена, многумина забележаа резервиран израз на нејзиното лице и забележаа дека нејзиниот изглед е тивок и некако оддалечен.
На социјалните мрежи, некои дури ја нарекоа и „најтажната жена“ на вечерта.
Во исто време додека Хејли позираше на гламурозниот тепих, Џастин престојуваше во Лос Анџелес, од каде што објави видео на својот Инстаграм профил како лежерно гледа хокеарски натпревар.
Забава
Дејвид Бекам му испрати порака на синот Бруклин кој не дојде на неговата роденденска забава

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам се огласи по раскошната прослава за неговиот 50-ти роденден. Единствениот член на семејството кој не присуствуваше на забавата беше неговиот најстар син Бруклин, на кого Дејвид сега му испрати порака.
Тој објави фотографија од Шкотска, каде што ловел риба со своите синови Ромео и Круз. Тој го тагна и профилот на Бруклин и напиша: „Ни недостигаше“.
Иако не го спомена својот роденден, многумина веруваат дека мислел на фактот дека Бруклин не бил на забавата.
Поранешниот фудбалер организираше голема забава за својот роденден во лондонскиот ресторан „Кор“. Сопругата на Дејвид, Викторија, исто така беше на забавата со нивните синови Ромео и Круз и ќерката Харпер, но нивниот најстар син Бруклин наводно не бил таму, како ни неговата сопруга Никол Пелц.
Пред какви било шпекулации за заладени односи, Бруклин беше познат како горд постар брат.