Македонија
За Турците Рамковниот договор е за пазарење меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ
Рамковниот договор од Охрид наместо да биде алатка за да се гради заеднички соживот, владините политички партии го користат за да создаваат уште поголеми раздори, недоразбирања и конфликти, реагираат од Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) по повод 14-годишнината од потпишувањето на договорот.
„Пред и по секои избори се прават политички пазарења за договорот од страна на владејачките ДПМНЕ и ДУИ. Но во овие пазарења никако не се споменуваат Турците и нивниот статус во однос на Рамковниот договор. Во последните години договорот веќе го изгуби својот дух и се претвори во поле на пазарења, уцени, притисоци и корупција. По толку години владејачките политички партии, за жал, сѐ уште не ја имаат сфатено вистинската вредност и значење на договорот. Рамковниот договор не може да се сфати како алатка за вработување нови државни службеници. Или, пак, како награда за послушност кој ‘големиот брат’ го дава на ‘малиот’, реагираат од една од партиите на турското малцинство во Македонија, која е дел од опозицискиот блок.Според нив, договорите за надминување на сегашната политичка криза како и забелешките на Прибе, покажале дека државата не функционира.„Ако од страна на владејачката коалиција беше воочен основниот дух на Рамковниот договор тогаш немаше да се случи Кумановската акција или пак немаше да среќаваме проекти од типот на Скопје 2014. Во цела оваа ситуација владата мора да преземе политичка одговорност. Владата во процес на спроведување на проекти кои носат раздор ги заборави Турците или ги изостави“, се додава во соопштението на ТХП. Оценуваат и дека Турците во Македонија немале „правична застапеност, немаат придобивки од државниот буџет“, а на централно ниво биле игнорирани, додека во локалните единици „ситуацијата е катастрофална“.„Застапеноста на Турците во јавната администрација по 14 години од потпишувањето на Рамковниот договор е минимална и доста далеку од потребното. Гледаме дека и отворените работни места се партизирани, така што има семејства каде сите се вработени, а во најголем дел во фамилиите нема ниту еден вработен (иако станува збор за луѓе кои ги имаат критериумите за вработување). Со политиките на Турската партија која е дел од владината коалиција непотизмот меѓу Турците е на највисоко ниво досега“, сметаат од ТХП./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

