Забава
Нова потрага по мистеријата на Амелија Ерхарт
Американските истражувачи во јули ќе покренат уште една потрага во обидот да се реши една од најголемите мистерии на 20-от век, што и’ се случило на Амелија Ерхарт во нејзиниот обид да стане првата жена којашто го прелета целиот свет.
Аналитичарите проучувајќи ги старите фотографии откриле дел од нејзиниот авион од типот „локид електра“ и на таа основа ќе тргнат во истражувањето на островот Никумароро, дел од пацифичката држава Карибати. Истрагата ќе биде приватно финансирана, но американската администрација помогна во добивањето на сите потребни дозволи од властите на Карибати, пишуваат американските медиуми.
Амелија Ерхарт и нејзиниот навигатор Фред Нунан исчезнале во 1937 година, откако на летот околу светот од Нова Гвинеја полетале во правец на Хаваи. Досега се потрошени милиони долари во експедиции и обиди да се пронајдат некакви докази за нивната судбина. Судот во Калифорнија најславната жена пилот, првата жена којашто го прелета Атлантикот, официјално е ја прогласил мртва во 1939 година.
Според една од најприфатените верзии, авионот на Ерхарт останал без гориво и се урнал во океанот на патот од Нова Гвинеја до островот Хауленд, на кој планирала да слета и да наточи гориво.
Пред две години група истражувачи авантуристи пронајде фрагменти од коски на островот Никумароро, но со анализа не беше можно да се утврди дали станува воопшто збор за човечки коски, а не, пак, дали тие и’ припаѓаат на Амелија Ерхарт.
Океанографот Роберт Балард, кој учествуваше во откривањата на остатоците о потонатите легендарни бродови „Титаник“ и „Бизмарк“, пламено се залагаше за почнувањето на истражувањето на Карибати. Фотографијата на којашто наводно се гледаат остатоците од авионот „локид електра“, овозможува истрагата којашто опфаќаше претходно простор од повеќе од десетици илјади квадратни километри да се насочи на помала област.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон, исто така, е голем поборник за поведувањето истражување за решавањето на оваа мистерија. „Амелија Ерхарт беше хероина на нацијата, на луѓето им даде надеж и ги инспирираше да сонуваат повеќе и посмело“, вели Клинтон.
Исчезнувањето на Амелија Ерхарт од 2-ри јули 1937 година и натаму останува една од нерешените мистерии на 20-от век. Дали навистина останала без гориво и се урнала во морето, дали авионот имал проблем со моторот или во текот на летот го забележала островот и се обидела да слета на блискиот ‘рт, се некои од прашањата што беа поставувани сето време.
Амелија Ерхарт на патот околу светот тргнала од Окланд во сојузната американска држава Калифорнија. Таа преку Мајами, Јужна Америка, Африка, Индискиот потконтинент и југоисточна Азија стигнала на Нова Гвинеја. Дотогаш прелетала 35 илјади од планираните 48 илјади километри. Остатокот од предвидената рута во најголем дел требало да претставува лет преку Пацификот, што било најтешката етапа од нејзиниот пат околу светот и на којашто и исчезнала./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Андријана Јаневска: Публиката во „Лисински“ во Загреб заедно со мене ги пееше „Зајди, зајди“ и „Јовано, Јованке“
Македонската пејачка Андријана Јаневска извести дека настапила во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб на јубилејниот 20-ти концерт „Севдах во Лисински“.
„На барање на организаторот ја изведов легендарната „Зајди, зајди јасно сонце“, како и „Јовано, Јованке“ и „Македонско девојче“ во придружба на оркестар составен од 11 врвни музичари од Босна и Херцеговина.
Посебен момент на гордост како единствена Македонка на сцената почувствував кога публиката заедно со мене ги пееше македонските народни песни“, вели Јаневска.
Забава
Еден знак ќе добие купишта пари до крајот на ноември: среќата секогаш ги следи
Само еден хороскопски знак одеднаш добива голема сума пари и го чека неверојатен пресврт на судбината, велат астролозите.
Астролозите истакнуваат дека Бикот ќе биде еден од најсреќните хороскопски знаци до крајот на ноември. Среќата им доаѓа неочекувано, а тие имаат најголем потенцијал за големи пари околу полната месечина (5 ноември) и последната недела од ноември.
Бик – парите секогаш доаѓаат кога им се потребни
Биковите се познати по својата смиреност и способност да останат стабилни кога другите го губат тлото под нозете. Нивниот практичен пристап и чувството за профитабилни можности им носат пари во вистинско време. Иако не веруваат слепо во среќата, таа често се чини дека ги следи.
Периодот што претстои им носи стабилност, нови можности и внатрешен мир. Додека претходните месеци беа обележани со предизвици и преиспитувања за многу Бикови, ноември им носи награда за трпение и упорност.
Имено, позицијата на ѕвездите до крајот на ноември 2025 година укажува дека Бикот има најголема шанса да се збогати на игри на среќа.
Астролошки, Бикот најмногу се издвојува до крајот на ноември како знак со најголема шанса за добивка на игри на среќа.
Јупитер, планетата на среќата и експанзијата, е во Рак и прави поволни аспекти со Сатурн и Марс, што носи ненадејни пресврти и непредвидени добивки. Оваа комбинација му дава можност на Бикот да доживее ненадеен финансиски пресврт во своја корист токму кога сè изгледа мирно.
Среќата им доаѓа неочекувано, а тие имаат најголем потенцијал за „вреќа со пари“ околу полната месечина (5 ноември) и последната недела од ноември.
Ако Бикот го послуша својот внатрешен глас и одигра број или комбинација што му се појавува сама по себе, може да очекува неверојатен пресврт на судбината и голема количина пари во паричникот.
фото: принтскрин
Забава
Едноставна комбинација ги решава наслојките од маснотии и го враќа протокот на вода во мијалникот
Замислете ја оваа ситуација што веројатно веќе сте ја доживеале – миете куп садови, водата во мијалникот едноставно престанува да тече, а одводот почнува да испушта чуден звук. О, не, затнат одвод! Како да го поправите тоа, без да ги повторувате процедурите што вклучуваат сода бикарбона и оцет?
Главната причина зошто одводите се затнати е тоа што остатоци од храна, детергент и маснотии влегуваат во цевките секој ден и на крајот ги затнуваат.
Газираната комбинација од сода бикарбона и оцет е неефикасна во борбата против маснотиите во затнатите одводи. Ова е затоа што сода бикарбоната е база, оцетот е киселина, а нивната хемиска реакција произведува вода со мала количина сол во неа, а не средство за чистење одводи. Оцетот и сода бикарбоната се многу популарни состојки кога станува збор за чистење без хемикалии, но иако се одлични за отстранување дамки, тие не може да ја разградат маснотијата или маслото што ги затнува одводите.
И оцетот и сода бикарбоната мож да го исчистат одводот, но нема да го раствори затнувањето, а премногу сода бикарбона во одводот може да ја влоши состојбата.
Сè што ви треба е мешавина од течност за миење садови и врела вода. Детергентот е дизајниран да ги разградува маснотиите и маслото, па затоа бргу ќе ги раствори мастите, а топлината од топлата вода ќе помогне да се олабават наслојките во цевките.
Како да ја направите смесата?
Сварете помеѓу половина литар и еден литар вода, во зависност од големината на вашиот одвод, а потоа додадете околу 120 мл течност за миење садови. Оставете го детергентот да отстои во водата неколку минути, а потоа внимателно истурете ја топлата смеса во одводот и почекајте уште неколку минути за да се исцеди низ цевките.
Набргу ќе забележите дека водата почнува да се исцедува сè побрзо и побрзо оставајќи го вашиот мијалник чист и функционален. Ако водата сè уште бавно се исцедува, повторете го процесот уште неколкупати.
фото: принтскрин

