Македонија
Мијалков приведен на белградскиот аеродром, заборавил пиштол во багажот
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков во четвртокот бил уапсен, па пуштен на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ откако во неговиот рачен багаж бил пронајден пиштол.
Како што пренесуваат српските медиуми, кои соопштуваат дека во Белград бил уапсен најмоќниот Македонец, оружјето било во авионот на летот од Скопје за Белград, а пиштолот бил најден во Белград.
„Човекот беше прилично мирен, не правеше проблеми кога му беше најдено оружјето. Се правдаше дека заборавил да го остави и дека на аеродромот во Скопје воопшто не го контролирале, што на сите им беше чудно. Изненадувањето следуваше кога беше откриено дека вооружениот маж всушност е Сашо Мијалков, довчерашниот шеф на македонската безбедносна служба„, изјавил извор за српските медиуми.
Изворот на српските медиуми им го претставил Мијалков како еден од најмоќните фигури во Македонија, посебно поради тоа што имал врски со политичарите и криминалците од Албанија.
Веста беше објавена на неколку српски медиуми доцна синоќа, а потоа следеше реакција и од Мијаков кој за порталот Прес 24 го потврдува настанот што му се случил на белградскиот аеродром.
Тој изјавува дека при тргнување на пат земал торба која не ја проверил. Пиштолот во торбата бил откриен на рентген на белградскиот аеродром. За случајот Мијалков дал исказ и објаснување, по што пиштолот е задржан, а Мијалков го продолжил патувањето.
Во однос на останатите шпекулации Мијалков потврдува дека се работи за приватен пиштол, кој го поседува со дозвола и вели дека не поседува службено оружје од МВР, односно дека истото е раздолжено по завршувањето на функцијата./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
После Албанија и Косово, следна дестинација на мигранти е Македонија, велат од СДСМ
Не се само британските медиуми, многу светски медиуми имаат објавено анализи и информации од планот за „центри за враќање на мигранти“ од Британија и други земји на Балканот, истакнуваат од СДСМ.
„Косово стана првата земја која прифати одбиените мигранти од Британија. Албанија исто така се согласи за изградба на прифатни центри за мигранти но од Италија.
Пред 5 дена, „Дојче Веле“ објави дека 40 мигранти веќе беа донесени со воен брод во центрите во Албанија. Ете колку бргу се развиваат работите. „Мигрантите, треба да останат во камп во Албанија сè додека не бидат депортирани.“ пишува во текстот на Дојде Веле.
Британските медуими пак пренесоа дека Владата на Мицкоски и ДПМНЕ разговара за мигранти од Британија во Македонија. Британците известуваат дека е договорено по 20.000 фунти по мигрант, нивно вклучување на пазарот на труд, особено во градежништвото, како и долгорочно населување во нашата држава. Ова е вистината! Дали светските медиумите лажат? Дали СДСМ лаже?
Кој лаже? Власта на Мицкоски“, додаваат од опозициската партија.
Владата, како што оценуваат од партијата на Филипче, нема пари, веќе недостасува 1 милијарда евра, очигледно, велат, сакаат да земат кредит од 6 милијарди евра а за возврат да донесат мигранти.
„Граѓаните се против овие антинационални и андржавни политики на ДПМНЕ и велат Не за мигранти , Не за загрозување на безбедноста на државата“.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)

