Македонија
Спасовски: Можна е институционална злоупотреба за случајот со личните карти
Нема бегање од одговорност за случајот со фалсификуваните лични карти што го објави неделникот „Фокус“, случајот треба да се истражи до крај, без разлика дали некој со некого комуницирал, рече Министерот за внатрешни работи од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски.
За сите прашања на новинарите во врска со истрагата Спасовски упати на одговори во Јавното обвинителство коешто ја води истрагата и не сакаше да даде никакви детали бидејќи според него, законски дејствијата коишто се преземале во текот на предистражната постапка биле тајни.Тој изрази сомнеж дека за овој случај можна е институционална злоупотреба. „Нема бегање од фактот дека се злоупотребени податоци на граѓаните. Само државни институции може да поседуваат вакви податоци, а тоа говори дека е можна институционална злоупотреба. Истрагата ќе покаже за што биле употребени личните карти“, рече Спасовски.Личните карти се издавани во периодот од 2009 до 2014 година, имињата и матичните броеви се точни, а според него, само државните институции поседуваат вакви податоци и можно е да е направена институционална злоупотреба.„Истрагата ќе покаже за што се употребени личните карти. Истрагата е комплексна и повеќеслојна. Имаме одредени сознанија, но не е во интерес на истрагата да се објавуваат детали од предистражната постапка“, рече Спасовски.Тој порача дека медиумската хајка заврши и најави дека ќе има професионални истраги за сите останати сознанија за злоупотреба на лични документи. „бегање од одговорност нема, нема да има исклучоци.За информациите објавени во медиумите дека Спасовски контактирал со лицата кои беа приведени за овој случај, Спасовски вели дека како политичар имал контакти со многу лица во Македонија, но тоа како што рече „не амнестира никој“.Обвинителството викендов соопшти дека била надена тајна работилница за изработка на лични карти, а МВР соопшти дека била најдена опрема за фалсификување на документи во акција поврзан со дрога.И во двете верзии има три осомничени лица, за кои според неделникот Фокус кој ја објави аферата, не е одреден притвор. /крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Викендов променливо облачно време, на повисоките места слаб снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Во недела во утринските часови на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониска дневна температура.
фото: епа
Македонија
Во мусаката од првата смена пронајдени бактерии, истите откриени и на чешмите во училиштето „Димо Хаџи Димов“
По стомачните тегоби кај десетици ученици во „Димо Хаџи Димов“, инспекциите утврдија нехигиена на чешмите во училниците и кујната. На Клиниката за детски болести моментално се лекуваат седум деца.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) соопшти дека во примерок од мусаката која се служела во првата смена биле пронајдени грам-негативни бактерии од групата Enterobacteriaceae. Исти бактерии, кои се индикатор на фекална контаминација, и предизвикуваат дијареа, повраќање, болки во стомакот, се откриени и на три чешми во училиштето – две во училниците и една во кујната.
„Од девет земени површини, три се позитивни – чешмите во две одделенија и една од кујната. Најдени се бактерии од групата Enterobacteriaceae. Овие бактерии даваат ваква клиничка слика каква што имаат веќе заболените, и укажуваат на нехигиена. Донесени се материјали за две деца од фецес, е едно е позитивно на норовирус – вирус кој се пренесува многу лесно и долго време живее на работните површини, како што се маси, столчиња. Брисевите од грло и нос од пет деца во текот на вчерапниот ден се негативни за ковид, а се чекаат резултати за други вируси“, изјави директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска.
Од Институтот додаваат дека бројот на примероци и материјали е голем и дека анализите се во тек. ИЈЗ е во постојана координација со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Центарот за јавно здравје Скопје и Клиниката за детски болести.
Случајот започна на 26 ноември, кога околу 40 ученици се пожалија на стомачни болки. ЈП „Водовод и канализација“ претходно информираше дека водата во училиштето е санитарно исправна по направените физичко-хемиски и микробиолошки анализи.
Во меѓувреме, инспектори од АХВ спроведоа вонредни контроли во кујните на девет основни училишта во Општина Карпош, кои се снабдуваат од истиот оператор со храна, кој го стопанисува и централниот магацин во „Димо Хаџи Димов“.
Македонија
(Видео) Не тргнувајте кон Бит Пазар и Чаир: прославата на албанското знаме направи хаос во сообраќајот
Поради прославата на Денот на албанското знаме, сообраќајот во Чаир попладнево е силно отежнат, а делови од улиците кон Бит Пазар речиси се непроодни. Според граѓани кои се затекнале во областа, движењето е овозможено само во лентата резервирана за дефилето, додека останатите ленти и околни улици се блокирани со возила, што предизвикува застои и невозможност за движење.
Колоните што се движат со полициска придружба тргнуваат од пред Општина Чаир кон плоштадот Скендер-бег.
Денес, Денот на албанското знаме се одбележува во Албанија, како и меѓу Албанците во регионот и дијаспората. Празникот се слави како симбол на културна самосвест и национална припадност, со официјални манифестации.

