Контакт

Култура

Вечерва се отвора филмскиот фестивал во Сан Себастијан

Објавено пред

Меѓунaродниот филмски фестивал во Сан Себастијан ќе биде отворен вечерва со новиот филм на Хуан Карлос Фреснадил, „Intruders“, еден од најочекуваните шпански филмови оваа сезона, трилер со елементи на фантастика во кој играта Клив Оуен и Карис ван Хојтен.

dobivaj vesti na viber

Меѓуанродниот филмски фестивал во Сан Себастијан ќе биде отворен вечерва со новиот филм на Хуан Карлос Фреснадил, „Intruders“, еден од најочекуваните шпански филмови оваа сезона, трилер со елементи на фантастика во кој играта Клив Оуен и Карис ван Хојтен.До 24-ти септември на овој шпански филмски фестивал кој се вбројува во ткн А категорија, ќе бидат прикажани најдобрите нови филмски остварувања кои досега не учествувале на другите фестивали, а за наградите Златна и Сребрена школка ќе се натпреваруваат 16 филмови, меѓу кои некои ќе ја имаат својата светска премиера. Во главната програма светска премиера ќе доживеат филмовите „Аmen“ на јужнокорејскиот режисер Ким Ки-Дук за мистериозното патување на млада Кореанка во Европа и француската комедија „Intouchables“ на Ерик Толедан и Оливие Накаш, кој вон конкуренција ќе биде прикажан на затворањето на фестивалот. Исто така, ќе бидат проектирани и британскиот филм „The Deep Blue Sea“ на Теренс Дејвис, сторија во којашто главната улога ја толкува Ракел Велч сместена во Лондон во 1950-те, американската драма „Rampart“ на Орен Моверман во која настапуваат Вуди Харелсон, Роберет Рајт и Стив Бусеми, јапонскиот „Kiseki“ на режисерот Хироказу Коре-Еде, приказна за момченце коешто по разводот на родителите сака повторно да се  сретне со братот, шведскиот „Happy End“ на Бјорн Рунге за физичките и психичките злоставувања коишто ги трпат жените во современото општество. Американската актерка Глен Клоуз на којашто на 18-ти септември во рамките на фестивалот во Сан Себастијан ќе и’ биде врачена наградата за животно дело, ќе го претстави својот најнов филм „Albert Nobbs“ чиешто дејствие е сместено во патријархална Ирска од 19-от век, во кој таа толкува жена којшто се маскира во маж за да добие работа во хотел. Во жирито со коешто претседава американската актерка Франсес Мекдормад, се и сенаристот и режисер Гилермо Ариага, режисерите Алекс дела Иглесиа и Берт Хармер, актерките Баи Линг и Софи Оконедо, како и сценаристката Софи Ментињо. На официјалната програма на фестивалот, фестивалот има секции кои носат филмови од другите важни фестивали, дебитантски филмови, трудови на славни режисери кои се во процес на создавање, одвоени програми на шпанските и баскиските филмови, како и студентски трудови и ретроспективи. Ретроспективата на Жак Деми на фестивалот ќе го одбележи доаѓањето на двете француски актерки, кои во 1960-те беа ѕвезди на неговите филмови, Катрин Денев која играше во „Шербурските чадори“ и Анук Еме од антологискиот филм „Лола“.Ова е 59-то издание на фестивалот во Сан Себастијан, како што пренесуваат шпанските медиуми, со ист ентузијазам како и во 1953 година кога е основан. Фестивалот почнал како меѓународна филмска недела посветена на филмовите од шпанското јазиччно подрачје, а веќе следната година се специјализираше за филмовите во колор-техника и иновативните филмови снимени во текот на годината, а во 1957 година го добива статусот на фестивал од А категорија. Многу брзо станува препознатлив по своето гледиште и целите на кои им остана доследна програмата на организаторите се’ до денес. Односно желбата, покрај претставувањето на најдобрите и иновативните филмови на годишно ниво, да се избегне од цензурата каква што постоеше во минатото но и денес. Импозантен е списокот на славните личности кои гостуваа на фестивалот во Сан Себастијан, од Алфред Хичкок, Кирк Даглас, Фриц Ланг и Хаурад Коукс, до Харисон Форд, Стивен Спилберг, Мел Гибсон и Киану Ривс, а за многумина фестивалот е потсетник на хронологијата од историјата на филмот. Од 1986 година фестивалот доделува награда за животно дело Доносите (што е баскиското име за градот Сан Себастијан), којјашто меѓу другите им беше доделена на Грегори Пек (1986), Бет Дејвис (1989), Ентони Перкинс (1991), Роберт Мичам, (1993), Ал Пачино (1996), Ванеса Редгрејв и Анџелика Хјустон (1999), Мајкл Кејн и Роберт Дениро (2000), Мерил Стрип и Антонио Бандерас (2008) и Џулија Робертс (2010)./крај/ро/сн (



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Македонскиот народен театар со разнолик репертоар- од сценски спектакл, преку драми, до стендап

Објавено пред

Македонскиот народен театар, 2026 година ја започнува со силен уметнички интензитет и разновидна театарска програма. Првиот месец во годината носи богат репертоар, кој опфаќа сценски спектакли, современи и класични драми и стендап-изведби на големата и малата сцена.

dobivaj vesti na viber

Програмата започнува на 15 и 16 јануари со големиот сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“. Поради големиот интерес на публиката, двете изведби се целосно распродадени.

На 17 јануари, публиката ќе има можност да избере: драмската претстава „Бели ноќи“ на малата сцена, со почеток во 20 часот и стендап-настапот на Сашко Коцев „Широк дијафазон“, кој ќе се одржи на големата сцена со почеток во 20:30 часот.

Репертоарот продолжува на 20 јануари со претставата „Народен пратеник“, а на 21 јануари следува монодрамата „Торонто експрес“. На 22 јануари ќе биде изведена драмата „Варвари“, а на 23 јануари на репертоарот е претставата „Кец на десетка“.

На 24 јануари, големата сцена е резервирана за претставата „Бог на колежот“, со почеток во 20 часот, а истата вечер, на малата сцена во 21 часот, ќе се одржи новогодишното стендап-шоу „На терапија“ со Александар и Антонио.

На 26 јануари на репертоарот е „Мој термин“, а на 28 и 29 јануари се изведбите на претставата „12“.

Јануарската програма ќе биде заокружена на 30 јануари со претставата „Марта Верна“ и на 31 јануари со „Замисли нов свет“.

Прикажи повеќе...

Култура

Балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 23 јануари во Националната опера и балет

Објавено пред

Од

Балетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ ќе се изведе на 23 јануари со почеток во 19.30 часот на сцената на Националната опера и балет.

dobivaj vesti na viber

На 23 јануари со почеток во 19.30 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер.

Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес.

Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизен и суптилен современ израз го доловува духот на 19 век и емотивната комплексност на главниот лик. Музичката подлога е составена од дела на Камиј Сен-Санс, Морис Равел, Жил Масне, Феликс Менделсон и Георг Фридрих Хендл, со сценографија и костимографија на Андреј Злобин и Гана Ипатиева (Украина). Светло-дизајнот е на Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, пијанист – Андреја Наунов, а менаџер на проектот е Киро Павлов.

Во главната улога на Ема Бовари ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Шарл Бовари, Франциско Хименез Руиз, Балаж Лочеи како Рудолф Буланже, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

„Госпоѓа Бовари“ ја претставува сложената психологија на главниот лик преку балет, музика и сценска уметност. Со внимателно избрани музички партитури и динамична кореографија, постановката ја доловува борбата на Ема Бовари меѓу личните желби и општествените ограничувања. Секоја сцена е внимателно дизајнирана да ја истакне емоционалната длабочина, визуелниот сјај и современиот пристап кон класичната приказна, создавајќи незаборавно сценско искуство.

Прикажи повеќе...

Култура

Објавена книгата „Семантиката на македонскиот роман на преминот од ХХ во XXI век“ од Марина Димитриева-Ѓорѓиевска

Објавено пред

Од

„Македоника литера“ неодамна ја објави книгата од областа на теоријата на литературата „Семантиката на македонскиот роман на преминот од ХХ во XXI век“ од Марина Димитриева-Ѓорѓиевска.

dobivaj vesti na viber

Во првиот (воведен) дел од овој труд авторката ја третира теоријата на романот, почнувајќи од историскиот развој до постмодерните и метафикциските парадигми. Се задржува на дефинирање на романот и неговото место во книжевната теорија, видовите и типологии на роман, теориските дијалози со романот и на концептите на фикцијата и метафикцијата.

Во вториот дел пишува за дескрипциите и моделите на македонски романи на преминот од ХХ во XXI век, осврнувајќи се на македонскиот роман и неговата класификација и на дескрипцијата на македонски романи во овој период. Потоа, во најобемниот дел од овој труд, се задржува на дескрипција на неколку романи, и тоа: „Нишан“ од Блаже Миневски, „Скриена камера“ од Лидија Димковска, „Братот“ од Димитар Башевски, „Тунел“ од Петре М. Андреевски, „Опишувач“ од Ермис Лафазановски, „Пророкот од Дискантрија“ од Драги Михајловски и „Сестрата на Сигмунд Фројд“ на Гоце Смилевски.

– Романот е најинтересната проза за читање. Содржи доволно настани и ликови со кои како читател може во секое време да си направите дијалог, а во романот секогаш има доволно материјал за промисла и размисла. Македонскиот роман ги има токму овие карактеристики и можности за дијалог. Тој е тематско-мотивски разнообразен, од женски приказни одгледани во патријархално семејство и осудени од јавноста (`Тунел`), преку општествено неодговорни функционери и братска љубомора („Братот“), до потресни патишта за човечка, женска љубовна нереализираност и потиснатост под налетот на доминантниот брат („Сестрата на Сигмунд Фројд“), како и историски и верски теми завиткани во лични приказни („Пророкот од Дискантрија“), игри и дијалог со писателскиот занает и современиот свет во кој сите сè гледаат и слушаат („Скриена камера“ и „Опишувач“) или пак продуцираат реалност која е лажна и постои само во свеста на ликот („Нишан“). Тематска разнообразност беше едниот поттик за анализа, а вториот поттик беше разнообразноста во начинот на конструирањето на приказните. Првата деценија од веков беше само временската одредница во која сакавме да истражиме како се движи уметничкиот збор во романот. Се обидовме да покажеме чувствителност за различните автори и нивните поетики, да ги коментираме некои од слоевите во дискурсите, да ги обединиме во смисловна целина, во која постмодернистичкиот пристап им е доминантен, задржувајќи критичка дистанца и научна мерка – пишува Марина Димитриева-Ѓорѓиевска за овој свој труд

Марина Димитриева-Ѓорѓиевска ( 1978) дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, на студиската група Македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик, каде што подоцна завршила и магистерски и докторски студии. Оваа книга е адаптирана верзија на нејзиниот докторски труд.

Професионалната кариера ја започнува како новинар и уредник во редакција за култура, потоа повеќе од една деценија работи како наставник по Македонски јазик. Во моментов е советник по предметот Македонски јазик во Бирото за развој на образованието. Автор е на повеќе научни трудови, прирачници и литературни дела, меѓу кои „Фрагменти од писма што никогаш нема да бидат пратени“ (2024) и „Еден ден со децата од Шареното маало“ (2024).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија3 часа

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ4 часа

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија6 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија6 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија6 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија9 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет10 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет11 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија11 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет19 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа19 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија23 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа23 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет24 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет24 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија1 ден

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија1 ден

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија1 ден

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија1 ден

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...