Контакт

Забава

Во 112-та почина најстариот маж на светот

Објавено пред

Најстариот маж на светот, инаку роден во Шпанија, починал во 112-та година од животот во американската сојузна држава Њујорк, објави во саботата локалното погребално претпријатие.

dobivaj vesti na viber

Салустијано „Шорти“ Санчез-Бласкез, кој беше запишан во Гинисовата книга на рекордите, починал во петокот во домот за стари лица во Гранд Ајсланд во државата Њијорк, објави на својата интернет страница претпријатието „M.J. Colucci & Son Funeral Chapels“.

Санчез е роден во местото Ел Техадо де Бехар во Шпанија во 1901 година, а работел како берач на шеќерна трска на Куба пред да емигрира во САД.

По смртта на Санчез, сега најстариот човек на светот е Артуро Лицата од Италија кој има 111 години, додека најстарата жена е Мисао Окаа од Јапонија на возраст од 115 години, според податоците на Групата за геронтолошки истражувања којашто ги следи лицата постари од 110 години и ја потврдува нивната возраст за Гинисовата книга на рекордите.

Кон крајот на јулу 2013 година, Јужноафриканската Република откри дека таму живее најстарата жена на светот, Н’кукутане Џохана Мазибуко којашто има 119 години, според фотокопијата од нејзината лична карта којашто на AFP му ја испратил новинар кој ја посетил во местото Клерксдорп, издадена 1986 година на која пишува дека е родена на 11-ти мај 1894 година.

Носител на титулата најстар човек на светот верификувано од Гинисовата книга на рекордите, му припаѓаше на Џироемон Кимура роден на 19-ти април 1897 година кој во јуни 2013 година почина од старост.

Најстарата личност, инаку, која кога и да е живеела на Земјата, официјално потврдено, е Французинката Жан Луиз Калман, која почина во 1997 година на возраст од 122 години.

Меѓутоа, кон средината на јануари 2013 година портпаролот на гувернерот на авганистанската покраина Вардак, и самиот внук, објави дека починала најстарата личност на планетата – Хасана којашто имала навршено 136 години од животот. Според другите роднини на починатата долговечна Авганистанка, претходно претставници на УНЕСКО ги земале личните информации за Хасана, но тоа не е резултирало со конкретни дејства или чекори за нејзино официјално прогласување за највозрасен жител на планетата.

Шефот на администрацијата на округот Пачирагам каде што била погребана Хасана, Малик Мохамад Аслам за агенцијата Pazhvak потврдил дека починатата имала навршено 136 години од животот.

Најголем број лица со надминати 100 години се регистрирани во Јапонија (околу 51 илјади) и во САД (околу 53 илјади)./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Откриена причината за смртта на Ози Озборн

Објавено пред

Легендарниот рок пејач и фронтмен на групата Блек Сабат, Ози Озборн, почина на 22 јули на 76-годишна возраст, опкружен со своето семејство. Сега вистинската причина за смртта е официјално откриена.

dobivaj vesti na viber

Според официјалниот извештај, причина за смртта била акутен миокарден инфаркт и срцев застој, пишува „Дејли Мејл“.

Ози, кој во 2019 година откри дека боледува од Паркинсонова болест, беше погребан минатата недела на имотот на неговото семејство, за време на приватна церемонија на која присуствуваа членови на семејството и бројни претставници на рок сцената, вклучувајќи ги Мерилин Менсон и гитаристот на Ози, Зак Вајлд.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Забава

Денис Ричардс упаднала кај поранешниот по кучето, има забрана за приближување

Објавено пред

Актерката Денис Ричардс е видена како разговара со полицијата откога неочекувано влегла во куќата на поранешниот сопруг Арон Фајперс и покрај тоа што има изречена забрана за приближување.

dobivaj vesti na viber

Според медиумски извештаи, Ричардс во неделата попладне упаднала во куќата во Калабасас, Калифорнија, каде што моментно живее Фајперс со неговите родители и со братот наводно за да го земе својот милениче – кучето. Извор близок до настанот за ТМЗ изјавил дека таа тропала на задната врата по што родителите на Фајперс ѝ отвориле. Потоа, според истиот извор, таа почнала да им вика да ја напуштат куќата.

Се тврди и дека 54-годишната актерка им покажувала со прст на родителите на поранешниот сопруг, се обидела да го удри брат му, а наводно фрлала и пошта кон зетот.

По интервенцијата, полицијата заклучила дека нема основано сомнение за кривично дело и не презела дополнителни мерки.

Адвокатот на Ричардс, Брет Берман, негира каква било вина на својата клиентка. За магазинот „Пипл“ изјави дека Ричардс не ја прекршила забраната за приближување бидејќи претходно се уверила дека Фајперс „не бил присутен во нејзината куќа“.

„Госпоѓа Ричардс влезе во куќата за да си го земе кучето откога дозна дека господинот Фајперс, без нејзино знаење и дозвола, успеал да однесе едно од нејзините миленичиња“, рече Берман.

Од друга страна, извор близок до Фајперс ги нарече овие тврдења 100 отсто лажни.

Ова е само последниот развој во контроверзната врска меѓу Ричардс и Фајперс. Минатиот месец актерката доби привремена забрана за приближување до Фајперс откога тој поднесе барање за развод по шест години брак.

Ричардс го обвини Фајперс за психичко и физичко насилство тврдејќи дека ја удирал, ја давел и ѝ се заканувал со убиство.

Претставниците на Денис Ричардс сè уште не дале официјална изјава за медиумите.

Прикажи повеќе...

Забава

Мел Би се омажи вторпат за истиот маж во Мароко

Објавено пред

Од

Поранешната членка на поранешната група „Спајс грлс“, пејачката Мел Би, го кажа судбоносното „да“ вторпат на Рори Мекфи.

dobivaj vesti na viber

Мел Би и нејзиниот партнер Рори Мекфи се венчаа првпат на почетокот на јули во Лондон, а двојката не можеше да одолее на желбата да се венчаат втоерпат во Мароко во луксузниот хотел „Селман Маракеш“.

Поранешната „спајсица“ објави фотографии од уште една гламурозна прослава на „Инстаграм“ со опис:

„Се венчавме! Повторно! Свадбата беше толку добра што моравме да ја продолжиме прославата со нашите најблиски на нашето омилено место“, напиша Мел.

Ова можеби е трета среќа за Мел Би. Таа беше во брак со Џими Гулзар (1998 – 2000) и со Стивен Белафонте (2007 – 2018).

Таа е во врска со Рори од 2017 година, а се свршија во 2022 година. Тој е фризер по професија, а пред тоа ѝ беше долгогодишен пријател на пејачката.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ6 часа

Извршил обљуба врз деветгодишно девојче: уапсен скопјанец

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.О.(32) од скопско село. Полицијата постапила по претходна пријава дека...

Топ7 часа

Семејството го барало неколку дена, во куќа во Кавадарци пронајден починат маж покриен со земја

Полицијата пронајде починат 42-годишен маж во Кавадарци, постојат сомненија за убиство. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши...

Македонија8 часа

Скопјанец преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт

Полицијата поднесе кривична пријава за скопјанец кој преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт. Денеска, Секторот за компјутерски криминал поднесе...

Македонија10 часа

Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат, донација од Јапонија

На Клиниката за детски болести денеска беше промовиран дигитален мобилен рендген-апарат, обезбеден со поддршка од Амбасадата на Јапонија. „Станува збор за...

Топ11 часа

Разоткриена мрежа на шверцери – купувале цигари на фришоп во Грција и ги пренесувале со цистерна со нафта

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со шверц на цигари. Против пет...

Македонија13 часа

Гром го предизвикал пожарот во велешката фабрика, велат од „Мирана“

Удар од гром е причината за пожарот што синоќа избувна во дел од производствениот погон на „Биокосмос“ во Велес, информираат...

Македонија13 часа

(Видео) Еден качен на хауба, друг вози без дозвола – поднесени пријави за скопјаните што дивееја на улиците

Министерството за внатрешни работи поднесе пријави против двајца млади скопјани, откако на социјалните мрежи се појави видео од опасна и...

Македонија13 часа

Полициска интервенција во Струга: Над 500 лица и 120 луксузни возила на собир по полноќ, запленети автомобили

Доцна синоќа, нешто по полноќ, струшката полиција интервенирала на паркинг во градот по пријава за гласна бучава и вознемирување на...

Свет15 часа

Сѐ повеќе луѓе остануваат без работа поради вештачката интелигенција – најголем удар врз младите

„Мајкрософт“ годинава отпушти повеќе од 15.000 луѓе, од кои 9.000 само во јули, што е речиси 7 отсто од вкупната...

Култура16 часа

(Видео) Охридско лето со концерт на Ана Дурловски го прослави 65. роденден

Со концерт на реномираната македонска сопранистка, првенката на Националната опера и балет, Ана Дурловски која настапи со пијано придружба на...

Македонија17 часа

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија1 ден

Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово

Премиерот, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од страна на...

Македонија1 ден

Објавен огласот за финансиска поддршка за сметките за струја за ранливи потрошувачи

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи...

Топ2 дена

Обид за убиство во Струга – со нож го избол во стомакот, рацете и во вратот

Основното јавно обвинителство Струга отвори истрага против две лица, од кои едното е осомничено за обид за убиство и насилство,...

Свет2 дена

Силен скок на цената на нафтата на светските пазари

По две недели пад, цените на нафтата нагло пораснаа на светските пазари, за повеќе од шест проценти, поддржани од постигнувањето...

Македонија2 дена

Активни четири пожари во Македонија

До 07:00 часот утрово регистрирани се 23 пожари во Македонија, од кои четири се активни, два се под контрола, а...

Свет2 дена

Трамп се закани: Путин има рок до петок

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот специјален претставник Стив Виткоф би можел да отпатува во Русија, можеби в среда...

Свет2 дена

Русија и Кина одржуваат воени вежби во морето крај Јапонија

Русија и морнариците на Кина одржуваат заеднички артилериски и противподморнички вежби во Јапонското Море како дел од планираните воени маневри,...

Македонија2 дена

Доаѓа невреме – силен ветер, пороен дожд и град ќе ја погодат Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во понеделник и вторник на повеќе...