Забава
Британец доби 130 милиони евра на лотарија

Играч од Велика Британија го собори рекордот на европската лотарија „ЕуроМилионс“ и освои 130 милиони евра, објави Француската лотарија.
Играч од Велика Британија го собори рекордот на европската лотарија „ЕуроМилионс“ и освои 130 милиони евра, објави Француската лотарија.
Среќниот добитник освои 129.818.431 евра, што одговара на четири тони злато или два авиона Ербас А-320.
Досегашниот рекорд го држи играч од Шпанија која во мај 2009 година освои 126 милиони евра.
Британскиот играч е еден од неколкуте десетици милиони европски играчи што ја погоди добитната комбинација од седум броеви, шансата за добивка е еден спрема 76.275.360.
Првото извлекување на европската лотарија се одржа во февруари 2004 година во трите земји основачи Франција, Шпанија и Велика Британија, а во октомври истата година се приклучиле уште шест земји.
Новиот рекорд на „ЕуроМилионс“ е помал од европскиот рекорд во игрите на среќа, која изнесува околу 148 милиони евра,а го освои играч на италијанското Супер лото.
Светски рекорд е околу 296 милиони евра, што во март 2007 година беше извлечен на американската лотарија Мега Милион. /крај/хина/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Чарли Шин: Во целибат сум речиси 10 години

Некогаш најплатениот ТВ-актер, Чарли Шин, откри дека од 2017 година е трезен и дека од тогаш не бил во врска.
„Ако немам девојка и не плаќам за тоа, математиката е едноставна“, изјави тој за „Пејџ сикс“.
Шин објасни дека апстиненцијата му донела мир: „Долго време сексот ми беше приоритет, но ова го доживеав како потребен одмор“.
Во мемоарите Шин вели дека немал доволно место за деца и за врски, а призна дека повеќе од гедна одина не разговарал со ќерката Сами откога почнала кариера на „Онли фанс“.
Нов документарец на „Нетфликс“ открива и бизни детали од неговото минато – од управување со авион пијан до напуштање рехабилитација за натпревар во бикини со Николас Кејџ.
Забава
Леонардо ди Каприо се шеташе на пазар во фустан, откри актерката Миријам Марголис

Актерката Миријам Марголис отворено зборуваше за своето неочекувано пријателство со Леонардо ди Каприо за време на снимањето на филмот „Ромео и Јулија“.
Таа ѝ раскажа на колумнистката на „Дејли мејл“, Брајони Гордон, како со холивудската ѕвезда поминувале часови купувајќи заедно на пазарите во Мексико Сити, каде што носењето фустани од страна на Ди Каприо довело до збунетост.
Марголис го пофали неговиот извонреден актерски талент и единствен начин на гледање на светот потсетувајќи се дека го запознала кога имал само 21 година.
Во поткастот The Life of Bryony зборуваше за својата кариера и ја промовира автобиографската книга The Little Book of Miriam.
„Мислев дека Леонардо ди Каприо е геј. Носеше фустан и, не знам, имав чувство дека сакаше коментар. Мислам дека му годи кога луѓето зборуваат за него“, изјави актерката.
„Бевме во Мексико Сити и одевме на шопинг. На сетот реков дека сакам да одам на пазар, а Лео ме праша дали може да оди со мене. Дојде во фустан – не знам зошто носеше фустан, тоа треба него да го прашате. Се сеќавам дека беше летен фустан, беше жешко тој ден“, додаде таа.
„Му реков: ‘Мислам дека си геј’. Тој ми одговори: ‘Не сум, не сум’. Јас инсистирав: ‘Мислам дека ќе сфатиш дека си, грешиш’. Сепак, тој не е геј. Мојот геј-радар тогаш згреши“, изјави Марголис.
Таа со насмевка се присети на соработката со младиот Ди Каприо опишувајќи го како навистина фин човек.
Во познатата адаптација на „Ромео и Јулија“ на Лурман од 1996 година таа ја играше дадилката.
„Беше многу драг, одличен актер и супер партнер за шопинг. Многу го засакав. Ми се допаѓаше начинот на кој гледаше на животот, а во филмот беше фантастичен“, истакна актерката.
Забава
Мачор авантурист – Кикириткa повторно се појави во паб оддалечен на 50 километри од дома

Пинат (Кикиритка) од Линколн, Велика Британија, стана редовен посетител на пабот оддалечен повеќе од 50 километри откога двапати сам се упатил во Нотингем во рок од еден месец.
Овој љубопитен мачор пред една година предизвикал вистинска паника кај своите сопственици кога исчезнал и завршил во пабот во јули, а потоа повторно во август.
„Не можам да му забележам. Ако јас побегнев од дома, паб би било одлично место за почеток на таква авантура“, изјави сопственичката Чарли Ролингс.
Кикиритка бил двапати вратен дома од страна на своите сопственици откога бил пронајден во пиварницата.
Runaway cat travels over 30 miles to pub – twice – tap the pic to read more https://t.co/CBbwMuWied
— BBC Nottingham (@BBCNottingham) September 2, 2025
Госпоѓа Ролингс, која го удомила чипираниот мачор во ноември, рече дека првпат исчезнал три недели по 3 јули.
За BBC Radio Lincolnshire изјави:
„Никогаш претходно не исчезнал, никогаш не одел далеку од дома, па не можевме да поверуваме каде отишол. Нѐ повика ветеринар и кога ни кажаа каде е, првин помисливме дека можеби го удрил автомобил“.
Таа претпоставува дека Кикиритка „влетал во нечие комбе или автомобил“ додавајќи: „со него се случиле и почудни работи“.
По второто исчезнување на 27 август, Чарли сфатила дека решителниот Кикиритка повторно го пронашол патот назад.
„Се појави во пиварницата дури во петокот, па почнувам да верувам дека можеби оди пеш. Дефинитивно, многу е бестрашен и точно знае што прави“, вели таа.
Во пиварницата Кикиритка добил и прекар – Скрич, по едно од нивните пива.
„Ќе мора да го впишеме во програмата за лојалност ако продолжи вака. Прекрасен е, малечок и многу гласен. Го нарековме Скрич затоа што првин го слушаш, па дури потоа го гледаш“, изјави Џесика Колинс, менаџерка на пиварницата.
Колинс додаде дека кога се затвора пиварницата, Кикиритка оди до пабот Vat & Fiddle, кој се наоѓа во истиот комплекс. Нејзината теорија за неговото второ појавување е дека можеби одел по шините.
Интересно, при првото исчезнување мачорот се појавил дури по една недела, но вториот пат стигнал за три дена.
„Изгледа дека сега совршено го знае патот. Секогаш е добредојден, но сепак се грижиме за него“, заклучува Колинс.