Култура
Изложба на Милман во Куманово
Во четврток со почеток во 19 часот во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложбата на карикатури на авторот Миле Манчевски – Милман од Велес
Изложбата е посветена на 25 годишната работа на овој успешен карикатурист (со препознатливо уметничко име Милман) а во Куманово ќе биде претставена во рамките на Меѓународниот театарски фестивал “Денови на комедија 2010“, поточно ќе биде една од манифестациите со кои ќе се затвори фестивалот. Цели 25 години Манчевски или карикатурите со потпис Милман, пренесуваат затскриени, а толку јасни пораки. Во првиот момент не засмејуваат за веднаш потоа да ни го откријат егзистенцијалното и есенционалното лице на денешницата. И најтешката сурова вистина поубаво се восприема ако е кажана на шеговит начин.Манчевски е еден од водечките карикатуристи во Република Македонија. Роден е и живее и твори во Велес. Својот град од секогаш го гледа како инспиративна средина за сопственото творештво. Автор е на повеќе од 2000 карикатури и учесник на преку 100 групни и самостојни изложби во државава и светот. Добитник е на бројни, награди и признанија меѓу кои “Наши достигнувања” – државна награда, „Гран при” на НИО _Студентски збор”, специјална награда на ЗКМ. Објавувал свои дела во најтиражните весници во Република Македонија и на просторите на поранешна Југославија. Карикатурите на Манчевски своја презентација имале во Јапонија, Канада, Куба, Турција, Холандија, Италија, Белгија, Србија, Хрватска, Романија, Полска, Бугарија, Кина, Словачка, САД, Словенија, Бразил, Кореја…Изработува илустрации за книги, автор е на стрипови, боенки и анимации. Манчевски се вбројува меѓу стоте ѕвезди на Македонија во селекцијата што ја направи Македонската РадиоТелевизија.Изложбата ќе биде поставена до 28 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Денес е Ден на македонскиот јазик
Петти мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“. На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и Правописот на македонскиот јазик.
Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.
Култура
Инспиративен настап на SIN PUSTINJE во Битола за Меѓународниот ден на џезот 2024
МКЦ-Битола по јубилеен 10-ти пат го одбележа Меѓународниот ден на џезот во Битола 2024. Во прекрасниот амбиент на кафе барот Порта Џез, Ахмед Буриќ, Дамир Имамовиќ, Тони Китановски и Иван Михајловиќ приредија несекојдневно музичко поетско доживување.
Во проектот станува збор за искуството и интерпретацијата на музиката и поезијата која ги сумира различните интереси и вештини на уметниците кои досега ги познававме од другите жанрови. На концертот Буриќ, Имамовиќ, Китановски и Михајловиќ изведоа дванаесеттина песни од нивниот прв албум, како и некои други делови кои на изведбата во живо му дадоа комплетна форма и магична атмосфера.
Овој концерт по десетти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.
Концертот се организира со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.
Култура
Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ на 11 мај на „Мајските оперски вечери“
На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени.
Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.
Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.