Забава
Почнува зимската сезона во ноќниот клуб Миднајт
Неделава стартува зимската сезона во Миднајт клуб, со веќе добропознатите содржини и богатиот репертоар.
Зимската сезона официјално ќе биде отворена во среда. За таа цел, менаџерскиот тим на клубот, на своите гости им го нуди она кое секоја среда ги врзува за Миднајт – енергичниот Бени & Нон Стоп!
За уште пожешка атмосфера, по повод отвoрањето на новата сезона, гостите дополнително ќе ги размрда Тамара заедно со својот пријател Дј Маци. Официјалниот старт на забавата е 23:23 часот, а влезот е слободен.
Во четврток ќе се дружиме со Тумбао Салса Бенд и ќе ја доживееме убавата енергија која ни недостигаше летово.
Петочки, со неповторлива можност за јако откачување по работната недела и скокање во ритамот на Breakdown Band.
Во сабота -заедно со човекот која ја има силата – Ѓоко Танески.
„Со огромен ентузијазам ја кроиме агендата на новата, зимска сезона која неделава и официјално ја отвора клубот Миднајт. Внесуваме само свежина во репертоарот, затоа што нашите гости го сакаат она по кое Миднајт е препознатлив. Ги очекуваме сите љубители на квалитетниот ноќен живот, заедно да ги наполниме батериите за останатите обврски кои нé чекаат со секој нареден ден“, истакна сопственикот на клубот, Бобан Бошковски.
Од наредната недела клубот си продолжува со својата стара, добропозната програма:Среда: Beni & Non Stop, Четврток: Tumbao Salsa Band, Петок: Penthouse Band, Сабота: Breakdown Band. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Почина таткото на Марија Шерифовиќ, пејачката објави емотивна порака
Пејачката Марија Шерифовиќ објави на Инстаграм дека починал нејзиниот татко Рајко Шерифовиќ. Таа се збогува со него со емотивна посвета и објави негова фотографија.
Емотивна објава на Инстаграм
„Мојот татко. Мојата омилена бараба. Знам дека Господ ги сака таквите луѓе и дека те чека некоја рајска градина. Чувај нè таму каде што си сега 🙏🏼 Твој шампион 💔💔💔💔💔“, напиша Марија во објавата.

Тие беа во лоши односи со години
Српските медиуми објавија дека тој починал во Крагуевац по кратка и тешка болест. Рајко се ожени со Верица Шерифовиќ во 1982 година, со која ја доби ќерката Марија. До неодамна, пејачката и нејзиниот татко беа во лоши односи, а потоа, додека гостуваше во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“, Марија рече дека се смириле.
„Неодамна се видовме во Крагуевац и тој ми рече: Без разлика што направив погрешно, погрешно, погрешно, вака или онака… Барем знам дека сè што има врска со тебе, направив правилно“, рече пејачката. „Тоа го кажа во контекст на оставање зад себе личност на која е горд. Беше искрен“, заклучи таа.
Забава
(Фото) Хејли Бибер во тесно бикини го полуде Џастин Бибер
Манекенката и инфлуенсерка Хејли Бибер објави многу провокативна фотографија во бикини, а нејзиниот сопруг Џастин Бибер не остана имун на нејзиниот изглед, кој уште еднаш покажа колку е заљубен во својата сопруга.
Хејли објави серија фотографии во тесни бикини за да ја промовира својата нова линија костими за капење бргу собирајќи милиони „допаѓања“ и коментари.
View this post on Instagram
Сепак, еден коментар особено го привлече нејзиното внимание – од нејзиниот сопруг, кој напиша: „О, боже мој“.
Тој јасно стави до знаење што чувствува во врска со Хејли и што мисли за нејзиниот изглед и се чини дека тоа го прави со години.
Обожавателите реагираа веднаш пишувајќи: „Ова е љубов“, „Најдете соба вие двајца! Но, сериозно, толку сте слатки“… А само на коментарот на Џастин Бибер ‘допаѓање“ ставија речиси 50.000 луѓе.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Аријана Гранде за малку ќе настрадаше во Париз, обезбедувањето реагира во последен момент
Поп-ѕвездата Аријана Гранде имаше драматичен момент во Париз избегнувајќи за малку сериозна несреќа. Инцидентот се случи во четвртокот, 7 ноември, кога автомобил одеднаш влезе во пешачката зона пред театарот, каде што се одржуваше европската премиера на филмот Wicked.
Пејачката, за среќа, не беше повредена.
@snmicka je l’aime d’amour #arianagrande #wicked ♬ Popular – Ariana Grande
Гранде позира на црвениот тепих таа вечер опкружена со обожаватели и фотографи во нејзината вообичаена гламурозна атмосфера.
Според медиумските извештаи, додека одела кон својот автомобил, возило се приближило малку премногу до неа додека таа сè уште ги поздравувала обожавателите пред влезот. Автомобилот очигледно влегол во пешачка зона, што ги натерало обезбедувачите веднаш да реагираат токму кога ѕвездата успеала да се тргне. Никој не бил физички повреден, но краткиот хаос предизвикал паника меѓу толпата.
Париската полиција потврди дека била повикана на местото на настанот за да го истражи инцидентот. Портпаролот изјавил дека во моментот на објавување на извештајот немало апсења и дека истрагата е во тек. Возачот наводно соработувал со властите и немало индикации дека нападот бил однапред смислен.
фото: принтскрин

