Забава
Осум месеци затвор за шлаканица на расплакано бебе
Поранешен високопозициониран службеник на американската компанија „AGC Aerospace&Defense“ е осуден на осум месеци затвор бидејќи во тек на лет му удрил шлаканица за расплакано момченце и го нарекувал со погрдни имиња бидејќи било црнче, додека неговата адвокатка инцидентот го припишала на алкохолизраната состојба поради емоционалната болка.
Како што пренесува во вторникот Reuters, 61-годишниот Џо Рики Хандли, кој се извинил на мајката на момченцето, во февруари 2013 година му влепил шлаканица тогаш 19-месечното момченце во авион на компанијата „Delta Air Lines“ на летот од Минеаполис за Атланта.
„Многу ми е жал. Најлошиот ден во животот хо направив уште полош и себеси и на другите“, рекол Хандли. Тој на пат за Атланта бил за на својот син кој умирал да го симне од апаратите за одржување во живото. Адвокатката објаснила дека бил емотивно скршне и во поднапиена состојба. Обвинителството предлагало шестмесечен затор, о сепак судијата се решил за построга казна.
„Немате правo да кренете рака на друго човечко суштество“, рекол судијата образложувајќи ја својата одлука. Притоа, како околност при носењето на пресудата е земен и фактот дека Хандли и претходно имал пресуда за насилно однесување.
Џесика Бенет, белкиња којашто го усвоила црното машко бебе, пред судот изјавила дека личната трагедија на Хандли не е изговор за насилството. Таа и нејзиниот сопруг, имено, пред години на ист начин како Хандли го загубиле нивното новороденче. „Меѓутоа, не реагиравме насилно на нашата болка“, додала Бенет./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Мидлтон направи нова фотографија, има добра причина за тоа
Кенсингтонската палата објави нова слика од принцезата Шарлот за да го прослави нејзиниот деветти роденден.
„Среќен 9-ти роденден принцеза Шарлот! Ви благодариме за сите љубезни пораки денес“, пишува во описот покрај фотографијата објавена на социјалните мрежи.
Happy 9th Birthday, Princess Charlotte! 🎂
Thank you for all of the kind messages today.
📸 The Princess of Wales pic.twitter.com/2DSDiuO93c
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) May 2, 2024
Како што е наведено, фотографијата ја направила принцезата од Велс.
Пред нешто повеќе од една недела на социјалните мрежи беше објавена нова фотографија и од нејзиниот помлад брат, принцот Луис.
Фотографијата, исто така направена од принцезата Кејт, беше споделена на 23 април за да го одбележи шестиот роденден на младиот член на кралското семејство.
Најстарото дете на Вилијам и Кејт, принцот Џорџ, ќе наполни 11 години на 22 јули.
Забава
Празнично ретро шоу на автомобили-олдтајмери на Градскиот плоштад во Крива Паланка
Градскиот плоштад во Крива Паланка, во сабота (4 мај), ќе биде возбудливо место на празнично Меѓународно ретро шоу на автомобили-олтајмери од Македонија и соседството, кои ќе бидат изложени за јавноста од 11,00 – 13,30 часот.
Љубителите на старите атрактивни автомобили ќе можат да уживаат во овој ретро авто-собир и ревијата на околу 30-тина автомобили, стари и по 40 години, од моделите на Мерцедес, Опел , Шевролет и други.
Ретро шоуто на олдтајмери го организира Општина Крива Паланка, во соработка со Клубот “Олдтајмер Витези” од Куманово, а учесници се повеќе олдтајмер клубови од нашата држава и од Србија.
Старата класа возила од минатиот век ќе тргне од собирното место во Куманово и ќе пристигне во 10,30 часот на паркингот кај ресторан „Облаче“ каде сите автомобили ќе бидат нумерирани и обележани со симболите на „Крива Паланка-Град на културата“. Возилата ќе продефилираат низ централното градско подрачје до Градскиот плоштад каде ќе бидат изложени и поставени нивните обележја.
Настанот ќе биде збогатен со настап на ДЏ Буѓо, а сите граѓани ќе можат одблиску да се запознаат со ретките примероци на олдтајмери, нивната приказна и историја, па дури и да си обезбедат специјално возење со овие стилски антиквитети на четири тркала.
Во 13,30 часот, олтајмерите ќе се упатат кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ каде ќе бидат изложени на паркингот над црквата.
Ретро шоуто на олтајмери за првпат се организира во нашата општина , а е дел од манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“.
Забава
Принцезата Шарлот денеска полни девет години, обожавателите со нетрпение очекуваат фотографија
Принцот и принцезата од Велс, имаат уште една причина за славење оваа недела – роденденот на принцезата Шарлот.
Принцезата Шарлот денеска наполни девет години и обожавателите со нетрпение ја очекуваа годишната роденденска фотографија што семејството ќе ја објави на нивниот посебен ден, објави Мирор.
Сепак, тие ја прекинаа традицијата минатата недела кога принцот Луис наполни шест години, а се чини дека планираат да го сторат истото и овој пат.