Македонија
Обвинителите на Јанева се заколнаа, од понеделник почнуваат со работа
Тимот од 12 помошници обвинители на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во четврток даде свечена обврска пред Советот на јавните обвинители и се заколнаа дека ќе работат во согласност со Уставот и Законите.
На заклетвата присуствуваше и Јанева, која најави дека од понеделник таа и нејзиниот тим започнуваат со активна работа, односно ќе се обратат до институциите и ќе ги побараат предметите. Советот на јавни обвинители во средата наместо уште седум избра уште пет помошници јавни обвинители. Јанева изјави дека заедно со Советот и со тимот одлучиле наместо седум да бидат предложени уште пет помошници јавни обвинители.Јанева не одговори конкретно на речиси ниедно новинарско прашање, и изјавуваше дека за се јавноста ќе биде благовремено информирана. Не ја коментираше ниту вчерашната одлука на Кривичниот совет, прислушуваните материјали да се отфрлат како неосновани докази, а не соопшти ниту дали случајот „Пуч“ во којшто е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе биде дел од нејзините предмети. Својот тим го опиша како спој на младост и искуство и рече „добив личности кои знам дека можат да одговорат на предизвикот“. Тие сами ќе си изберат соработници, секој обвинител ќе има по двајца истражители и двајца стручни соработници. Наскоро треба да стигнат парите за работата на Обвинителството и објектот каде што ќе функционира.
Јанева најави дека ќе се обиде да ги врати во државата парите за кои постои сомнение дека се украдени.На новинарското прашање да открие каква постапка се водела против нејзе во судот во Велес, Јанева потврди дека против нејзе се водела постапка, но рече дека за тоа ќе зборува во друга прилика.
Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, кој до крајот инсистираше на ставот дека на Јаневска ѝ се доволни седум обвинители и дека не работат под диктат на политичките партии, по изгласувањето на дополнителните пет обвинители рече дека !Советот донел поинаква одлука од претходно, затоа што во барањето имало дополнувања и појаснувања кои биле прифатливи за нив“.„Ние не се премисливме, меѓутоа имавме повеќе средби со јавниот обвинител Катица Јанева и во последниот допис, мислам дека во друга прилика имам објаснето детали од него, кажува дека оние лица кои учествувале во работење на одредени предмети, претходно, значи во Основното јавно обвинителство Скопје, и евентуално доколку се појави конфликт на интереси, тие веднаш да видат заменети со други јавни обвинители, значи нема да бидат истите јавни обвинители, натаму има наведено повеќе точки, меѓутоа за Советот беа прифатливи“, рече АневскиВо тимот на Јанева се обвинителите Бурим Рустеми, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатим Фетаи, Гаврил Бубевски, Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Лиле Стефанова. Не беа избрани обвинителите Дарко Јакимовски и Снежана Бундалевска од скопското јавно обвинителство, за кои Јанева рече дека ќе бидат на посебна листа и доколку има потреба ќе бидат дополнување на тимот.Специјалното јавно обвинителство ќе биде сместено во поранешната зграда на Агенцијата за спорт и млади во Скопје., а наскоро треба да легнат и парите за работа на ова обвинителство./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

