Македонија
Операцијата во Куманово завршена, последната група најверојатно неутрализирана
Според последните информации, откако имаше информации за предавање на група од триесетина лица, дел од поголемата вооружен група против којашто македонската полиција во саботата утрото презема акција во кумановската Дива населба, ноќта сé уште можеле да се слушнат рафални истрели и детонации од правец на населбата Тоде Мендол, но има и информации дека деветчлена група којашто давала отпор веќе е неутрализирана.
Претходно во Куманово се проширија информации дека тресетина лица припадници на групата што Министерството за внатрешни работи ја идентификува како „терористичка“ се предала истакнувајќи бели чаршафи, меѓутоа МВР официјално не излезе со потврда на оваа информација.
Во саботата вечерта преку роднини на семејствата кои се информирани, се дозна идентитетот на тројцата загинати македонски полицајци кои учествуваа во акцијата во Куманово. Станува збор за 32-годишниот Жарко Кузмановски, од тетовското село Брвеница , 32-годишниот Сашо Самоиловски од Тетово, и 28-годишниот Ненад Серафимовски на 28 години од гостиварското село Зубовце. Локални жители од Полошкиот регион велат дека има и други ранети од истите места, но не знаат во каква состојба се наоѓаат.
Медиумите на албански јазик пренесуваат дека полицијата ја презела контролата на критичната точка во населбата, како и дека меѓу жртвите има уште еден полицаец и четворица од вооружената група. Според овие информации, 22 лица се предале, а од групата којашто давала отпор четворица се убиени а еден од нив се самоубил. Претходно беше јавено дека во борбите загинал и командантот на УЧК-ОНА, Фадил Фејзулахи./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

