Забава
Форбс со предвидувања за наредните 10 години

Магазинот Форбс во извештајот именуван “Наредните 10 години“, објави список на предвидувања за иднината од областа на политиката, технологијата, медицината, финансиите, економијата.
Магазинот Форбс во извештајот именуван “Наредните 10 години“, објави список на предвидувања за иднината од областа на политиката, технологијата, медицината, финансиите, економијата. Според овие предвидувања, севернокорејскиот лидер Ким Јонг III ќе почине во 2011 година, на 70 годишна возраст, неговиот син Јонг Ун ќе го наследи на чело на земјата, а Северна Кореја ќе воспостави трговски односи со САД. Челзи Клинтон, ќерка на бившиот американски претседател Бил Клинтон и на главната американска државна секретарка Хилари, ќе стане сенаторка во 2016 година, кога за прв пат ќе остане и трудна. Меѓу технолошките предвидувања се наведува дека најбрзиот воз ќе патува на линијата Париз – Пекинг со брзина поголема од 480 километри на час во 2018 година. Веќе во 2016 година мажите ќе бидат непотребни за продолжување на човечкиот вид бидејќи ќе биде создадена синтетичка сперма, четири години подоцна ќе започне првата климатска војна на Шри Ланка, а луѓето ќе патуваат туристички на Месечината. /крај/ве.хр/мв
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ретко покажуваат кога им е тешко: три хороскопски знаци кои држат во себе

Додека некои веднаш кажуваат кога нешто им тежи или пречи, има хороскопски знаци кои сè доживуваат длабоко, но тивко. Не сакаат да се отвораат, не бараат помош и не сакаат да покажуваат слабост. Наместо да плачат или да се жалат, тие чуваат сè внатре, надевајќи се дека непријатните чувства едноставно ќе поминат.
Ова се трите знаци кои најчесто ги носат своите грижи сами, за никој да не забележи колку навистина им е тешко.
Јарец
Јарецот е симбол на сила, контрола и одговорност. Кога му е тешко, нема да го покажува тоа бидејќи мисли дека мора да остане цврст и да не ги оптоварува другите со своите проблеми. Неговата болка често е тивка и се крие зад зафатеност, работа и реченици од типот „се е во ред“. Јарците веруваат дека емоциите треба да се решаваат сами, во тишина, па дури и ако можат да користат поддршка.
Девица
Девиците анализираат сè, вклучително и сопствените емоции, но ретко зборуваат за нив. Наместо да се жалат, тие се обидуваат да си објаснат зошто се чувствуваат така и каде згрешиле. Често делуваат мирно и присебно, додека внатре се борат со анксиозност и несигурност. Девицата ќе ви помогне во се, но ќе и биде тешко да признае дека и треба помош.
Шкорпија
Иако се познати по своите интензивни емоции, Шкорпиите ретко ги откриваат своите слабости. Нивната болка е длабока. Тие не сакаат да ги гледаат како ранливи и претпочитаат да држат сè под контрола. Кога тие страдаат, обично нема да знаете освен ако не ги знаете многу добро. Тие ќе се повлечат, ќе молчат и ќе размислуваат, но ретко ќе ги отворат своите срца ако не сте ја стекнале нивната целосна доверба.
Забава
Хали Бери: Морав да го сменам фустанот поради строгите правила на Кан

Организторите на Канскиот филмски фестивал годинава воведоа строги кодекси на облекување до кои славните мора да се придржуваат.
Забрането е носење фустани со голем волумен, фустан што се влече по земја зад грбот, како и разголени фустани за да се обезбеди поголема пристојност.
Кинеската актерка Ван Ќенхуи ги прекрши правилата со излегувањето на црвениот тепих, но актерката Хали Бери не препушти ништо на случајноста и откри дека поради новите правила во последен момент се одлучила за поинаков фустан.
„Имав одличен фустан за вечерва, но не можев да го облечам бидејќи задниот шлеп е преголем. Морав да го сменам. Но делот за голотија е веројатно добро правило”, рече таа на прес-конференцијата.
58-годишната Бери оваа година е член на жирито на фестивалот, а за разлика од неодамнешното предизвикувачко издание со кое го привлече вниманието, таа во Кан се појави во долг фустан со црно-бели риги, а со тоа ги избегна строгите казни кои ги најавија организаторите.
„Целта не е нужно да се регулира облеката, туку да се забрани целосната голотија на црвениот тепих, во согласност со институционалната рамка на настанот и француските закони“, велат организаторите.
„Фестивалот го задржува правото да го оневозможи пристапот на лица чија облека може да го попречи движењето на другите гости или да го отежне распоредот на седење во салите за прикажување“, додаваат тие.
Забава
(Видео) Претставниците на Албанија на Евровизија ја освоија публиката

Албанија ги воодушеви гледачите на Евровизија со својот настап во првата полуфинална вечер, што се одржа синоќа во Базел.
Дуото „Шкодра електронике“ ја изведе песната „Зерм“ и се пласира во финалето. Тие моментно се на деветтото место за победа во обложувачниците за Евровизија.
Видеото од нивниот настап собра 144.000 прегледи на „Јутјуб“ за 10 часа од објавувањето, со позитивни коментари подолу.
„Шкодра електронике“ е италијанско-албанско фолктроничко дуо формирано во 2019 година во Скадар, град во северозападна Албанија, и го сочинуваат членовите Коле Лаца и Беатриче Ѓерѓи. Тие се албански имигранти, кои пораснале во Италија.
Музиката на „Шкодра електроник“ се карактеризира со фузија на жанрови, како што се електронска музика, поп и традиционална албанска музика. Нивните текстови често се занимаваат со теми, како што се љубовта и секојдневниот живот.