Забава
Триумф на Елизабет Тејлор на аукцијата во Њујорк
Во текот на четиридневната аукција што ја приреди куќата Christie’s во Њујорк, колекцијата на славната актерка Елизабет Тејлор е продадена за 154,2 милиони долари
Во текот на четиридневната аукција што ја приреди куќата Christie’s во Њујорк, колекцијата на славната актерка Елизабет Тејлор е продадена за 154,2 милиони долари, што ја покажува фасцинацијата којашто секогаш ја предизвикува една од последните легенди на златната ера на Холивуд, која почина во март годинава. Аукциската куќа Christie’s првично ја процени збирката на вредност меѓу 30 и 50 милиони долари, но од вторникот до петокот цените на понудените предмети секогаш ја надминуваа процената за пет, десет па и за сто пати . Севкупната колекција, така, е продадена за 154,2 милиони долари. „Ова е една од најневеројатните аукции коишто ги организираше Christie’s, а истовремено ја покажува приврзаноста којашто целиот свет ја има за Елизабет Тејлор“, изјави Марк Портер, директор на аукциската куќа за подрачјето на Америка. На наддавањето беа понудени стотина парчиња накит, свечени фустани, облека, ташнички, ковчези, чевли, плакати и други предмети од разни периоди на богатата актерска кариера на Тејлор. Повеќето од купувачите сакале да останат анонимни, а неколку предмети се купени од страна на музеи, додека дел од накитот е откупен од самите фирми кои своевремено и го изработиле. Продажбата на уште 950 поединечни предмети од сопственоста на Елизабет Тејлор е ставени на аукција којашто ќе се одвива исклучиво преку интернет а продолжува во саботата.Во вторникот аукцијата на светски познатиот накит на Елизабет Тејлор постигна огромен успех кога беа продадени 80 парчиња накит за 116 милиони долари, со што двојно беше надминат досегашниот рекорд за поединечни колекции.Аукциската куќа Christi’s од вторникот на продажба стави 80 предмети од колекцијата на славната актерка, која почина во март годинава и беше проценето дека збирката ќе достигне вредност од 20 милиони долари. Сепак, сите предмети, од познатиот 33-каратен дијамантски прстен, подарок од нејзиниот неколкукратен сопруг, актерот Ричард Бартон, па до нејзината нараквица, беа продадени за речиси шест пати поголема цена.Досегашниот рекорд за приватна колекција на накит, поставен во 1987 година кога беше продадена колекцијата на војвотката од Виндзор за нешто повеќе од 50 милиони долари, беше надминат веќе на половината од аукцијата.Еден од најважните историски парчиња накит, бисерот со облик на крушка од 16-от век „Ла Пелегрина“, кој бил сопственост на Марија Тудор, а подоцна и на шпанските кралици Маргарета и Изабела, Ричард Бартон го купил на аукција во 1969 година за 37 илјади долари. Потоа јувелирницата Cartier го вклопила бисерот во ѓердан од дијаманти и рубини и сега беше продаден за 11.842.500 долари, што е рекорд на сите аукциски куќи за продаден бисер. Бисерот беше првично проценет на износ помеѓу два и три милиона долари.Дека ова наддавање ќе ги собори сите рекорди на аукциската куќа беше јасно уште на самиот почеток, кога една нараквица, проценета на 30 илјади долари, се продаде за 326.500 долари. Една минута подоцна, ѓерданот од слонова коска и злато со медаљон се вивна од првично проценетите 1.500 до 2.000 долари, на 314.500 долари.Тој тренд продолжи до крајот, кога култниот бел дијамантски прстен од 33 карати, кој Тејлор го доби на подарок од Бартон во 1968 година, беше продаден за 8.818.500 долари, што е три пати поголема цена од проценетата. Огромниот камен, наречен „Дијамант Елизабет Тејлор“, го купи јужнокорејскиот бизнисмен Даниел Панг. Тој го претставува концернот Eland World од Јужна Кореја, конгломерат кој поседува неколку хотели и кој планира изложба на дијаманти, во стилот на претходната изложба која ја организираше концернот на историски сувенири кои биле сопственост на Жаклин Кенеди Оназис.Аукцијата на предмети на Елизабет Тејлор продолжува и во среда, а меѓу другото ќе се продаваат и нејзините венчални фустани, кои ги носела на двете свадби со Ричард Бартон./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Тиара со 2.600 дијаманти ја здогледа светлината на денот по 20 години – а ја носи Кејт Мидлтон
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам неодамна беа домаќини на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и неговата сопруга Елка Буденбендер, а вистински моден спектакл се случи за време на банкетот во замокот Виндзор.
Позната по својот дамски стил, принцезата од Велс блескаше во син фустан од британската дизајнерка Џени Пакам. Таа го комплетираше стајлингот со дискретни додатоци, впечатлива шминка и брановидна коса што паѓаше под нејзините рамена.
Сепак, ѕвездата на нејзиниот вечерен стајлинг беше скапата тиара со 2.600 дијаманти – скапоцен камен од викторијанскиот период што ја виде светлината на денот за прв пат по речиси две децении.
Оваа тиара е најважниот накит во кралското семејство, а е дизајниран од принцот Алберт во 1853 година за неговата сопруга, кралицата Викторија.
Фактот дека Кејт Мидлтон го носеше ова скапо парче накит јавно за прв пат може да значи само едно – таа полека се подготвува за својата идна улога како кралица, бидејќи само таа има пристап до највредните парчиња накит од кралската ризница.
Забава
Објавена бојата на годината за 2026 година: Нов тренд во декорот на домот и модата
Институтот за бои Pantone традиционално, како и секоја година, избира боја за претстојната 2026 година, и веќе ја гледаме насекаде околу нас.
Доловувањето на културниот дух и трендовите за претстојната година е тешка работа, но секоја година Институтот за бои Pantone избира боја што ќе го направи токму тоа. И ја избра нијансата на белата боја како боја на годината за 2026 година.
Институтот Pantone, кој се смета за водечки авторитет за бои, предвидување на трендови и совети за брендови, ја опиша нијансата како „брановидна, избалансирана бела боја, исполнета со чувство на спокојство“, пишува Си-ен-ен.
Како што притисокот на технологијата врз секојдневниот живот се интензивира, нијансата „Cloud Dancer“ претставува „смирувачко влијание во френетичното општество, повторно откривајќи ја вредноста на умереното размислување и тивката рефлексија“, изјави за Си-ен-ен извршната директорка на институтот, Лиатрис Ајзмен.
Како што додаде таа, белата боја е поврзана со нови почетоци и ја означува нашата желба за нов почеток.
„Името на бојата е клучно. Штом ќе го чуете името што ја опишува бојата, веднаш гледате слика“, вели Лорин Пресман, заменик-директор.
Оваа прецизна нијанса на бела боја, со својот „рамномерен баланс на ладни и топли нијанси“, беше внимателно избрана. „Доколку се одлучивме за бела боја што е оптички посветла, не само што ќе отстапеше од природниот допир, искреноста и автентичноста што ги баравме… таа речиси зборува за стерилност и изолација, бидејќи е ладна“, вели Ајзмен.
Иако нијансите на бела боја се сеприсутни во модата долго време, оваа нијанса е особено поврзана со лелеави силуети и природни ткаенини слични на пердуви“, вели таа.
Некои од овие трендови се веќе тука. Дајана Рос се појави на овогодинешната Мет Гала во беспрекорен бел фустан со пердув долг 18 стапки. Ема Стоун носеше бел фустан од Луј Витон на Венецискиот филмски фестивал, Сидни Свини неодамна блескаше во сребрено-бел свечен фустан, а многу други ѕвезди беа видени како ја носат оваа боја.
Ајзмен ја опишува нијансата на бела боја како боја што зборува за јасност без студенило и структура без строгост, како и боја што добро се комбинира со природни материјали како дрво и камен.
Бојата на Pantone за 2025 година претходно вклучуваше Mocha Mousse, „мека кафеава боја исполнета со сензорна и утешна топлина“ и Peach Fuzz, „лесен, овошен тон што евоцира мир и спокојство“ за 2024 година.
Забава
(Видео) Џорџ Клуни исто така се плаши: „Мојата сопруга ќе го чуе ова, а потоа јас сум мртов“
Џорџ Клуни неодамна се појави во подкастот „Нови височини“ на Тревис и Џејсон Келси, каде што зборуваше за својата актерска кариера и улогата на родител.
Актерот и неговата сопруга, успешната адвокатка за човекови права Амал Клуни, имаат близнаци кои речиси никогаш не ги покажуваат јавно, но често се споменуваат.
Клуни неодамна изјави дека има „среќа што ја добил улогата на татко подоцна од своите врсници“, а сега раскажа анегдота за својата ќерка Ела.
Имено, додека ја возел ќерка си на училиште, друг возач му го прекинал патот во сообраќајот, на што актерот инстинктивно употребил псовка. Само неколку минути подоцна, ја слушнал ќерка си како го повторува секој збор од задното седиште.
Клуни отворено признал дека се плаши дека неговата ќерка повторно ќе го стори тоа пред нејзината мајка, неговата сопруга Амал Клуни. И тоа значи проблеми за него…
„И знаеш дека таа ќе го каже тоа порано или подоцна и жена ми ќе го чуе тоа, а потоа јас сум мртов“, рече тој низ смеа…
Актерот и неговата успешна адвокатка имаат трик за родители што го практикуваат за нивните деца да не го чувствуваат нивното отсуство поради напорна кариера.
„Се обидуваме да го распоредиме така што кога јас работам – таа е дома, а потоа кога таа работи – јас сум дома“, откри познатиот актер.

