Забава
Дино Мерлин ќе ја претставува БиХ на Евровизија

Познатиот музичар Дино Мерлин ќе ја претставува Босна и Херцеговина (БиХ) на натпреварувањето на песна на Евровизија, што ќе се одржи наредната пролет.На Мерлин му се дадени одврзани раце да ја претставува државата со песма која што тој самиот ќе ја направи.Предвидено е песната да биде промовирана пред босанската јавност во февруари 2011 година.„Неколку години наназад го заобиколував евровизиското натпреварување, иако ми беше нудено да учествувам. Постојано на дирекцијата на „БХ Евросонгот“ им сугерирав да одберат некој друг и им ги предлагав Хари, Лаки и Регина. Но оваа година одлучив да ја прифатам поканата“, рече Мерлин, кој во 1999 година има настапено на Евровизија.Запрашан за причината поради која го сменил своето мислење, Мерлин вели дека тоа е делумно поради очекувањата на неговата публика, но и поради тоа што чувствувал потреба да даде свој придонес во подигнување на имиџот на државата.„Како човек кој тежнее кон најдоброто, можете да бидете уверени дека во овој проект ќе ја внесам сета своја енергија и ќе вложам максимален труд“, рече Мерлин. /крај/их/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Жешкиот бакнеж меѓу познатата актерка и згодниот маж, 24 години помлад од неа, предизвика бура

Гвинет Палтроу откри дека нејзините пријатели „полуделе“ поради нејзиниот бакнеж со Тимоти Шаламе.
Иако станува збор за сцена од филмот „Marty Supreme“, кој е снимен во Централ Парк во Њујорк, актерката признава дека нејзините најблиски, особено нејзините пријатели, биле воодушевени од сцената.
„О, Боже, сите мои групни разговори со нив беа возбудливи… Тие полудеа! Сите беа како: Да, Гвинет, само напред! А јас бев: Луѓе, смирете се“, се пошегува таа.
Гвинет призна дека, и покрај славата на Шаламе, не знаела многу за него. Таа исто така се присети на нивната прва средба.
„Сите ми се потсмеваат затоа што не знам ништо. Го прашав: Дали имаш девојка? И тој рече да. Спомена дека таа имала деца од претходна врска, а јас реков: Тоа е навистина убаво. Мило ми е што го слушам тоа од млад човек како тебе. Немав поим дека зборува за Кајли Џенер“, призна таа со смеа.
фото: принтскрин
Забава
(Фото/Видео) Кошаркарката ги разнесе конкурентите: остави без здив иако е прв пат на пистата

„Викторијас сикрет“ одржа уште една незаборавна модна ревија. Покрај бројните познати модели кои едвај чекаа да носат ангелски крилја, меѓу нив имаше и едно не толку типично лице.
Angel Reese goes viral after stealing the show atpic.twitter.com/V7zM3OrG0e
— Shantanu Dwivedi (@Shantan21125143) October 16, 2025
Станува збор за кошаркарката Ангел Рис, која за прв пат во историјата на брендот ги „рашири крилјата“.
Иако не е професионален модел, таа прошета по пистата како целиот свет да ѝ е пред нозе. Носеше нежен чипкан комплет во бебешко розова боја со цветни детали.
Стајлингот го комплетираше со пердувест наметка, исто така во розова боја, а интересно е што беше украсена и со цвеќиња.
Изгледот го заокружи со минималистичка шминка во земјени тонови, но и со малку виткана фризура која се движеше во согласност со нејзиното одење по модната писта.
Покрај неверојатната фигура, кошаркарката покажа и заводлив поглед кој многумина ги остави без здив. Иако ова е прв пат да прошета по модната писта, најверојатно нема да биде последен.
фото: принтскрин
Забава
(Фото/Видео) Луксузни облини ја тресат модната писта: ревијата на „Викторија Сикрет“ не можеше да пројде без неа

Ревијата на „Викторија Сикрет“ беше вистински спектакл за сите љубители на долна облека. Многу познати ѕвезди присуствуваа на овој моден настан, а дури и српската тенисерка Ана Ивановиќ беше во првите редови.
Ревијата ја одбележаа познати лица од светот на манекенството, меѓу кои и плус-сајз моделот Ешли Греам, која блескаше на пистата.
Ова е втор пат Ешли да носи ангелски крилја, и може да се каже дека повторно плени со својата убавина. За посебната вечер, таа избра црн градник и црни чипкани гаќички, а највпечатливиот дел од комбинацијата секако беа масивните црни пердувести крилја.
Ревијата ги истакна нејзините раскошни облини и природна убавина.
Својот стил го комплетираше со минималистичка шминка во земјени тонови, но и малку свиткани прамени коса што слободно паѓаа по нејзините рамена.
фото: принтскрин