Забава
Десет илјади Холанѓани на новогодишното капење
Десетина илјади Холанѓани запливаа во неделата во студената вода на Северното Море во Шевенинген во Хаг, на традиционалното новогодишно капење.
Десетина илјади Холанѓани запливаа во неделата во студената вода на Северното Море во Шевенинген во Хаг, на традиционалното новогодишно капење. Портпаролот на организаторот на овој настан, Клеме ван ден Берг за AFP потврди дека „во Шевенинген имаше десетина илјади капачи“.Пливачите кои покрај капачките костими носеа и портокалови капи и ракавици кои им беа поделени од организаторите, точно напладне со трчаница со повици и пеејќи влегле во ледената вода. По неколку мигови тие излегле од водата чиајшто температура изнесувала 8 Целзиусови степени. „Вистина е дека ова претставува лудост, но кога ќе излезеш од водата навистина добро се чувствуваш“, изјави за агенцијата 38-годишниот Тјерк Дроуен. Низ Цела Холандија во новогодишното капење учествувале околу 36 илјади луѓе, што претставува рекордна бројка, додаде Ван ден Берг, која додаде дека поповолните временски услови отколку од 1-ви јануари 2011 година придонесле за толку големата бројка новогодишни капачи. Во целата земја, инаку, има 89 локации за зимско капење. Традицијата на новогодишното капење започнала во 1960 година запливале во студените морски води мала група ентузијасти, на коишто секоја следна година им се придружувале се поголем број сограѓани./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кралот Чарлс нема да го види својот син Хари бидејќи е премногу зафатен
Принцот Хари нема да го види својот татко, кралот Чарлс, за време на посетата на Велика Британија, каде што пристигна на игрите Invictus, бидејќи кралот ќе биде премногу зафатен, изјави портпаролот на Хари.
В среда 39-годишниот Хари ќе ја прослави десетгодишнината од меѓународниот спортски настан Invictus Games, кој тој го основал, во катедралата „Свети Павле“ во Лондон, кој е мултидисциплинарен спортски настан за ранети и болни воени ветерани.
„Како одговор на многуте прашања и шпекулации за тоа дали војводата ќе се сретне со својот татко за време на посетата на ОК оваа недела, за жал, тоа нема да биде можно поради презафатениот распоред на неговото височество“, рече портпаролот на принцот Хари. „Војводата од Сасекс разбира дека татко му има обврски и разни други приоритети и се надева дека набргу ќе го види“, додаде тој.
Помладиот син на кралот Чарлс ја посетил Британија само неколкупати откако тој и неговата сопруга Меган се преселиле во Лос Анџелес во 2020 година, каде што живеат со двете мали деца. Тие претходно се откажаа од службените кралски должности. Хари присуствуваше на погребот на својата баба, кралицата Елизабета Втора, во 2022 година, а присуствуваше и на крунисувањето на татко му во мај 2023 година.
Последен пат беше виден во Велика Британија во февруари оваа година кога накратко се сретна со својот татко откако 75-годишниот монарх објави дека му бил дијагностициран рак. Хари е отуѓен од кралското семејство и се вели дека едвај зборува со својот постар брат и престолонаследник, принцот Вилијам.
Кралот Чарлс минатата недела се врати на своите јавни должности со оглед на тоа што неговото лекување беше успешно и тој добро закрепнува, соопшти Бакингемската палата. Палатата исто така соопшти дека нема да коментира за прашања поврзани со Хари. По заминувањето од Британија, Хари со сопругата ќе ја посети Нигерија.
Забава
Непредвидливи хороскопски знаци: не знаете што да очекувате од нив
Секогаш е непријатно кога не знаете што да очекувате од другата личност во која било смисла. Ова се непредвидливи хороскопски знаци кои сигурно ќе ве натераат да се намачите.
Чудните и неочекувани промени на расположението се многу карактеристични за овие луѓе. Тие можат да се предомислат во секунда и да донесат неочекувана одлука која ќе ги збуни сите, а тоа е особено незгодно ако сте во блиски односи со нив. Од друга страна, понекогаш знаат да изненадат на убав начин.
Непредвидливи хороскопски знаци
Овен
Овенот е управуван од Марс, па тоа е доволен показател зошто овој знак е непредвидлив. Бидејќи се под влијание на таква страсна и експлозивна планета, Овните ретко се во состојба на стабилност и се подложни на нивните моментални импулси. Покрај тоа, претставниците на овој знак знаат да испробуваат нови работи и често одат на тоа без многу размислување. Сепак, ова е проблематично кога станува збор за расправии бидејќи некои зборови навистина можат да ги навредат нивните најблиски.
Близнаци
Двојната природа на Близнаците истовремено наидува на одобрување, но и на отворено непријателство меѓу луѓето. Поентата е дека непостојаноста на Близнаците понекогаш им годи и ги наградува другите со позитивна енергија, принудувајќи ги да се движат наместо пасивно да останат на место. Меѓутоа, често таквата спонтаност е сосема несоодветна. Не секој е подготвен да ги промени своите планови со молскавична брзина, прилагодувајќи се на новото расположение на Близнаците.
Шкорпија
Вродената таинственост на Шкорпиите понекогаш ниту на нив не им оди од рака, а камоли на луѓето околу нив. Иако внимателно ги кријат своите чувства од другите луѓе, во последен момент ќе ги изненадат своите сакани со неочекувани промени, принудувајќи ги да играат по ново сценарио. Можеби претставниците на овој знак треба повеќе да се отвораат кон другите и да ги изразат своите емоции за да биде поразбирливо и поочигледно во очите на другите.
Водолија
Дури и Водолиите сами по себе не знаат што има во главата на главниот револуционер од зодијачкиот круг. Претставниците на овој знак се свесни дека им предизвикуваат непријатности на луѓето со нивното променливо расположение, но тоа само ги забавува и ги прави горди на сопственото изненадување. Понекогаш се однесуваат како тинејџери кои протестираат, но се подготвени да направат се што е по нивно и од принцип да ги променат одлуките во последен момент.
Забава
Катарина Ивановска на прошетка во Италија, официјално го покажа своето ново момче
Моделката Катарина Ивановска периодов ужива во убавините на Италија.
Ивановска на оваа прошетка има посебна личност покрај себе. Се работи за нејзиниот партнер.
View this post on Instagram
„Пролетен одмор“, напиша Катарина на фотографиите, помеѓу кои и една на која новото момче ја бакнува.
Катарина Ивановска беше во врска со поранешниот македонски кошаркар Перо Антиќ.