Македонија
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности ја потпиша светската декларација за катастар

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески во четврток во Истанбул ја потпиша светската декларација за катастар.
Декларацијата беше потпишана од сите претставници на земјите-делегати во форма на меморандум за соработка. Текстот на декларацијата се заснова на изјавите на Обединетите нации и на FIG – Меѓународната федерација на геодети, како и на важноста при управувањето со земјиштето како ресурс и управувањето со катастарот како систем за земјишни информации.
Преку оваа декларација од Светскиот самит беше упатен глобален повик кон сите земји за важноста од воспоставување функционален катастар кој треба да ја гарантира сопственоста, да ги намали земјишните конфликти, да го поддржи оданочувањето на недвижен имот, да обезбеди гаранција при кредитирањето, да го подобри урбанистичкото планирање, развојот на инфраструктурата и животната средина со цел одржлив развој на општеството во целина.
Настанот беше организиран од Министерството за животна средина и урбанизација и Генералниот директорат за катастар и земјишна администрација на Република Турција. На Светскиот самит учество зедоа над 70 делегации од земјите од Европа, Африка и Азија, со над 2400 делегати. /крај/мф/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Граната извадена од езерото кај Пештани

Граната била извадена пред два дена од водите на Охридското Езеро, на плажа во Пештани.
Полицијата од Охрид утроово соопшти дека локацијата била обезбедена, по што гранатата безбедно е подигната за понатамошна постапка.
Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )
Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.