Економија
Договорена соработка меѓу Македонија и Јапонија во здравството и железничкиот сообраќај
Премиерот Никола Груевски, во понеделникот оствари средба со Тоцео Тамута, претседател на бордот на директори на Jапан Реилвеј Ист (ЈРИ) Компани, компанија која се занимава со бизнис во повеќе сфери, меѓу кои и железничкиот сообраќај и медицината, и која на годишно ниво остварува приход од 28 милијарди долари, а добивка од околу два милијарди долари.
Груевски ја посети и болницата која е во сопственост на ЈРИ, и која е особено успешна и позната во Јапонија во делот на ортопедската медицина, рехабилитацијата од повреди и третманот на канцери, и која во својата работа промовира многу медицински иновации и во поглед на медицинските апарати и опрема и во поглед на медицинските методи за лекување.
Соговорниците разговараа за можностите за соработка во областа на здравството и во областа на железничкиот сообраќај. Во областа на соработката во здравството беше договорено македонски доктори и медицински персонал да престојуваат и да бидат обучувани во рамките на ЈРИ болницата, а лекари од ЈРИ болницата да престојуваат во Македонија и да пренесуваат знаења на своите македонски колеги за примена на напредни медицински методи. За оваа цел, во брз иден период ќе бидат прецизирани сите детали околу видот на медицински области во кои ќе има соработка.
На полето на соработката на железничкиот сообраќај беше истакната можноста за јапонска помош во развој на железничкиот сообраќај во Македонија, со акцентирање на можноста за едукација на лица од нашите железнички претпријатија или институции, или пак ученици и студенти од областа на железничкиот сообраќај, во школата за железнички сообраќај на ЈРИ која е најреномирана ваква школа во Јапонија.
„Оваа болница е напредна во многу области, но особено се истакнува во делот на ортопедската медицина и во делот на рехабилитација од повреди, а исто така и во делот на третман на канцер. Во краток период треба да ги договориме деталите во смисла на тоа кога ќе почнат да доаѓаат наши доктори и медицински персонал и точно во кои оддели ќе бидат прифатени и ќе бидат обучувани и за најнови достигнувања во областа на медицината. На средбата со претседателот на оваа компанија имавме разговор за многу можности за соработка, и соработката не само што ќе биде во делот на медицината туку ќе биде и во делот на обуки во делот на железнички транспорт, бидејќи се работи за една поголема компанија која што покрај болницата поседува и дел од железницата“, изјави Груевски по средбата.
Претседателот на компанијата Тамута изрази задоволство од можноста за остварување на соработка со Македонија.
„Веруваме дека ова е почеток на една зголемена и продлабочена соработка помеѓу Јапонија и Македонија. Се надеваме дека нашиот придонес може да и помогне на вашата земја во развој на економијата. Што се однесува до полето на медицината ова е шанса и можност што повеќе доктори и медицински персонал од вашата земја да не посетат и да бидат тренирани овде. Исто така, на полето на железницата, ако има нешто со кое што ние можеме да помогнеме во насока на развој и поддршка на вашата железница ние би сакале да помогнеме со задоволство“, изјави Тамута.
Официјалната посета на Јапонија на македонската владина делегација ќе продолжи со организирање на бизнис форум во Токио и средба на премиерот Груевски со јапонскиот премиер Абе./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
МФ: Силна доверба од меѓународните инвеститори- успешно реализирано издавањето на 10-тата Еврообврзница
Министерството за финасии успешно ја реализираше аукцијата за издавање на 10-тата Еврообврзница.
„Министерството одлучи да издаде еврообврзница со две транши од по 500 милиони евра – со рок од 4 години и со рок од 8 години. Фактот дека Министерството успеа да пласира осумгодишна обврзница дополнително говори за довербата во реформските планови на Министерството за финансии и Владата, имајќи предвид дека последен пат вакво доспевање беше постигнато пред повеќе од дваесет години.
Само еден час по објавувањето на почетните каматни стапки, побарувачката од инвеститорите достигна импресивни две милијарди евра, со диверзифицирана база на инвеститори ширум светот, вклучувајќи еминентни институционални инвеститори од Германија, САД и Велика Британија“, соопшти Министерството за финасии.
„Пред отворањето на американскиот пазар, книгата на инвеститори достигна дури три милијарди евра, а по неговото отворање максималната понуда надмина четири милијари евра, што претставува исклучителен показател за силната доверба во економските политики и стабилноста на земјата.
Повеќе од 150 глобални инвеститори изразија интерес да ја поддржат државата во овој проект, што претставува дополнителен квантитативен доказ во прилог на фискалната стратегија на Министерството за финансии.
Во случајот на двете транши, каматата е најблиска во однос на референтната вредност на Еурибор, споредувајќи ги сите издавања на обврзници во последните дваесет години.
Каматните стапки за двете транши изнесуваат: 3,875 % за траншата со рок на достасување од 4 години и 4,750% за траншата со рок на достасување од 8 години.
Со изборот на стратешкиот моментот на издавање, како и со структурата на задолжувањето, беше постигнато значително намалување на приносите – конкурентно во однос на земјите со инвестициски кредитен рејтинг (околу 0,5% во споредба со просекот од 0,25%). Тоа дополнително се потврдува со фактот за големата побарувачка од страна на најеминентните меѓународни инвеститори.
Излезот на меѓународниот пазар има стратешки карактер, имајќи ги предвид потенцијалните турбуленции во доменот на геополитиката и макроекономската неизвесност на глобално ниво.
Министерството за финансии останува посветено на транспарентност и стабилност, со цел обезбедување најповолни услови за финансирање и зајакнување на позицијата на земјата на меѓународните финансиски пазари.
Во насока на одговорно и стратешко управување со јавните финансии, Министерството за финансии во последниот квартал од 2025 година интензивно работеше на анализа на пазарните услови со цел да го определи најсоодветниот момент за стратешки излез на меѓународниот пазар на капитал на почетокот од 2026 година.
Како дел од овие активности, тимот на Министерството за финансии во ноември реализираше посета на Лондон , каде што во организација на водечки инвестициски банки ја претстави земјата пред повеќе од 40 инвеститори.
Во периодот од 11 до 12 јануари 2026 година, Министерството оствари средби со повеќе од 60 глобални инвеститори, меѓу кои најголемите пензиски фондови и осигурителни компании од САД, како и инвестициски фондови од целата Европска унија. Bank of America имаше водечка улога во координацијата на процесот на издавање на обврзницата.
Со оваа Еврообврзница, планирана во Буџетот за 2026 година ќе се изврши исплата на Еврообрзницата издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра и се обезбедуваат средства за буџетскиот дефицит којшто е насочен кон реализација на развојните проекти.
Издавањето на Еврообврзницата е согласно напорите на Министерството за финансии за адекватно управување со јавниот долг и да се одржи стабилноста на јавните финансии на среден и долг рок.
Државата стана прва земја во регионот и прва земја надвор од Европската унија која излегува на меѓународниот пазар на капитал, што сведочи за довербата во напорите на Министерството за финансии, особено имајќи го предвид износот на задолжувањето“, се наведува во соопштението на Министерството за финасии.
Економија
Божиновска-Кавахара: Продлабочување на соработката за безбедна и одржлива енергетска иднина
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Јапонија во Северна Македонија, Сецуко Кавахара.
На средбата присуствуваа и претставници од јапонската корпорација ИТОЧУ (ITOCHU), една од водечките и најреномираните компании во Јапонија, позната по своите инвестициски активности и експертиза во енергетски и индустриски проекти. ИТОЧУ е сериозна компанија со глобално присуство, која покажува интерес и за македонскиот пазар и потенцијалите за зелена енергетска трансформација во земјата.
На средбата се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во енергетскиот сектор, како и за заеднички проекти поврзани со зелената транзиција.
Министерката Божиновска истакна дека нашата земја е посветена на преземање конкретни чекори кон одржлива, безбедна и инклузивна енергетска иднина. Таа ја оцени поддршката од јапонска страна како значајна за обезбедување на енергетска независност и одржливост.
Двете страни ја потврдија потребата од зацврстување на позицијата на Северна Македонија на глобалната енергетска мапа како кредибилен и доверлив партнер во светската транзиција кон зелена енергија. На крајот, беше заклучено дека соработката во областа на енергетските реформи и инфраструктурните проекти ќе продолжи и во иднина.
Економија
COMBO.mk – Новата онлајн дестинација за алат, апарати за домаќинство и многу повеќе
COMBO официјално ја пушта во употреба својата нова онлајн продавница, со цел купувањето да стане побрзо, поедноставно и подостапно за сите корисници низ државата. Со новата платформа, COMBO ја пренесува својата богата понуда во дигитално искуство што овозможува лесна нарачка, преглед на производи и безгрижна набавка од дома.
COMBO е современо продажно одредиште со продажен простор од 6.000 м² и асортиман од над 15.000 производи, внимателно селектирани за секојдневни потреби и професионална употреба. Понудата опфаќа девет главни категории: машини и алат, градинарски алат, апарати за домаќинство, автокозметика, лепила и силикони, електрика, оков за мебел, чешми и туш системи, како и производи за домашни миленици. Компанијата посветува внимание на брза достава и професионална услуга, со фокус на практичност и доверба при секоја нарачка.
Што добиваат купувачите
- Онлајн купување со широк избор на производи во девет различни категории.
- Практична набавка од едно место – од професионални алати и градинарска опрема, преку апарати за домаќинство и електрика, до чешми, туш системи и производи за домашни миленици.
- Брза достава и флексибилни опции за испорака низ цела Македонија.
- Стручна поддршка и советување при избор на производи.
- Сервисна поддршка и гаранција за производите.
- Услуга насочена кон лесно, сигурно и безгрижно корисничко искуство
(ПР)

