Македонија
За 24 часа издадени 1.288 потврди за искажана намера за азил
Од страна на МВР во последниве 24 часа биле издадени потврди за искажана намера за поднесување на азил на вкупно 1.288 странски државјани, од кои, 807 се од машки, 200 се од женски пол, 221 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 60 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.114, Авганистан – 60, Пакистан – 54, Палестина – 27, Ирак–13 додека другите се во помал број.
Во периодот од 19-ти јуни до 27-ми август издадеи се потврди на вкупно 47.994 странски државјани, од кои, 33.114 се од машки пол, 6.593 се од женски, 7.480 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 807 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 39.164, потоа Авганистан – 2.258, Ирак – 2.152, Пакистан – 1.452, Палестина – 603, Сомалија – 564, Бангладеш – 332, Конго – 305, Нигерија – 165, Камерун -154, Еритреја – 142, Етиопија – 109, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 27-ми август, до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил до 26-ти август, евидентирани се вкупно 14 баратели на азил, од кои 9 баратели на азил се мажи (од кои 1 барател на азил е повреден), 2 барателки на азил се жени ( од кои 1 барателка на азил е хоспитализирана поради браменост), 3 баратели на азил се малолетни лица и 1 барател на азил е малолетен без придружба со повреда./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.