Забава
Пес е редовен на литургиите по смртта на сопственичката

Песот по име Томи чијашто сопственичка починала пред два месеца, од нејзината смрт не пропушта ниедна богослужба во малата црква во која таа често одела и во која била одржана службата кога починала.
Штом околу 17 часот ќе се огласи камбаната на црквата Санта Марија Асунта во селото Сан Донаци крај италијанскиот град Бриндизи, 12-годишниот германски овчар Томи трча кон црквата и зазема место пред олтарот, пишува весникот Il Messaggero во репортажата посветена на овој редок и интересен случај.
Заминувањето на литургијата, Тому го избегнува единствено кога многу врне. Свештеникот дон Даното Пана на кроткиот „верник“ му дозволува да присуствува на богослужбата.
Сопственичката на песот која сожителите ја нарекувале „Марија од полето’ живеел сама со четири кучиња од улица кои ги вдомила. Нејзиниот миленик бил Томи, кој секогаш ја следел при нејзините прошетки, и како што пишува весникот, со газдарицата редовно одел во пазарување или во локалната пекарница.
Додека била жива Марија, песот секогаш трпеливо ја чекал на влезот од црквата, но откако свештеникот му дозволил да влез во храмот на денот на нејзиниот погреб, Томи редовно присуствува на богослужбите, без оглед дали станува збор за венчавки, крштевања или погреби.
Како што забележува репортерот на песот особено му се интересни погребните поворки. Штом ќе ги забележи, Томи мирно се вклучува во поворката, веројатно надевајќи се, како што пишува Il Messaggero, дека од некаде ќе се појави неговата сопственичка која на напуштениот пес талкач му посветила големо внимание и многу љубов.
Откако починала Марија, за песот Томи сега се грижат сите жители на малото место крај Бриндизи во провинцијата Лече./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Концерт на легендарниот бенд „Галија“ на 9 август во Охрид

На 9 август, еден од највлијателните рок бендови на овие простори, Галија, ќе одржи концерт во Охрид, на една од највпечатливите културни локации во регионот, Античкиот театар. Настанот, кој е во организација на Прагма продукција, претставува дел од летната концертна сезона што го привлекува вниманието на публиката од цела Македонија, па и пошироко.
Тешко е да се опише она што Галија претставува, затоа што не е само бенд, туку институција. Музички феномен што со децении опстојува без да прави компромис со сопствениот звук и стил. Малку се составите на овие простори кои можат да се пофалат со богата дискографија и, можеби најважно, настап во живо кој звучи моќно, прецизно и автентично, како најдобрите светски рок-групи.
Во Охрид, бендот ќе настапи со препознатливата енергија и репертоар кој вклучува безвременски композиции како: „Још увек сањам“, „Дигни руку“, „Дали си спавала“, „Трубе“… како и музиката од култниот филм Зона Замфирова, песни што одамна прераснаа во химни на една генерација.
Античкиот театар во Охрид, со својата импресивна историја е идеална сцена за концерт од ваков калибар. Простор каде што секоја нота се слуша посилно, а секој стих добива посебна тежина. Музика како таа на „Галија“ природно припаѓа во вакви простори, на место каде што публиката не е само присутна, туку целосно вклучена.
Забава
Стареат како добро вино: на кои хороскопски знаци им е предодреден долг живот

Секогаш им завидуваат на нивниот младешки изглед, убавина и шарм, а најчесто се родени под овие четири хороскопски знаци.
Според астролошките тврдења, одредени хороскопски знаци се привилегирани со долг и среќен живот, а еве некои од нив.
Бик
Во срцето на Бикот лежи тајната на долговечноста. Тие се знаци на стабилност, смиреност и уживање во секој момент. Нивната способност да уживаат во радостите на животот честопати им ги продолжува годините, бидејќи знаат како да го живеат животот до максимум.
Девица
Девиците се познати по својата педантност и грижа. Нивната склоност кон редовни здравствени прегледи и здрави навики честопати ги прави долговечни. За нив, секој детаљ е важен, а вниманието што го посветуваат на своето здравје ги прави отпорни на предизвиците на времето.
Водолија
Водолиите се оригинални и неконвенционални. Нивната отвореност кон нови искуства и идеи ги одржува млади во срцето, што е клучна компонента на долговечноста. Нивната способност да се прилагодат на промените и да го избегнат стресот честопати им го продолжува животот.
Риба
Рибите се длабоко поврзани со интуицијата и духовноста. Нивната способност да пронајдат внатрешен мир и хармонија ги ослободува од стрес и вознемиреност, што честопати придонесува за подолг живот. За нив, внатрешниот свет е клучен за долговечноста.
Забава
(Видео) Пристигнувањето на израелскиот претставник на Евровизија предизвика протести и хаос во Базел

Израелската претставничка на Евровизија, Јувал Рафаел, беше пречекана од демонстранти и наводни закани со смрт додека шеташе по тиркизниот тепих во Базел, Швајцарија, за време на викендот, поради што израелската телевизија Кан поднесе извештај до локалната полиција. Во недела, на 11 мај, претставници од 37-те земји учеснички на Евровизија 2025 прошетаа по познатиот тиркизен тепих – кој оваа година беше најдолгиот досега, со должина од 1,3 километри.
Дваесет и четиригодишната Рафаел, која го претставува Израел оваа година, беше пречекана со исвиркувања од публиката, а еден човек наводно направил заканувачки гест.
@swerfi.sss #israel #eurovision #outfit #protest #🇮🇱 #newdaywillrise ♬ New Day Will Rise – יובל רפאל
Протестите во Базел се одржуваат во контекст на тековниот конфликт меѓу израелската влада и палестинската група Хамас. Израел се соочува со меѓународни критики за неговите континуирани воени операции во Газа, вклучително и блокадата на хуманитарната помош, што доведе до недостиг на храна и лекови.
@videoreporter_nico Am Sonntag (11.05.2025) protestierten mehrere hundert Demonstranten gegen die Teilnahme Israels beim Eurovision Song Contest in Basel. #esc #eurovisionsongcontest #basel #bale #eurovision #europe #news #aktuellenachrichten #aktuellenews #viral #palästina #palestine #israel #protest #demonstration #fyp #foryoupage #fürdich #fürdichpage #nauornever #police #tiktoknews #switzerland #schweiz ♬ Originalton – videoreporter_nico
Пред почетокот на Евровизија 2025, повеќе од 70 поранешни учесници на Евровизија – вклучувајќи ги и победниците – потпишаа отворено писмо до Европската радиодифузна унија (EBU) барајќи Израел да биде исклучен од натпреварот. Многу фанови, исто така, повикаа на нов бојкот на натпреварот, по минатогодишниот бојкот на 2024 година. Податоците објавени еден ден по финалето покажаа дека Евровизија во Велика Британија ја гледале 25% помалку гледачи таа година отколку во 2023 година.
Јувал Рафаел, која го преживеа нападот на Хамас на фестивалот Нова, треба да настапи во втората полуфинална вечер во четврток. По инцидентот во Базел, случајот е пријавен во локалната полиција, а Рафаел нема да дава интервјуа на акредитирани новинари од безбедносни причини.