Македонија
Во Сирија војува ‘Балкански баталјон’ со околу 1.000 борци
На територијата на Сирија војува таканаречен Балкански баталјон со околу 1.000 борци, тврди бугарскиот експерт за безбедност, Славчо Велков по акцијата во Македонија, во којашто беа уапсени девет лица, а по уште 27 се трага под сомнение дека поврзани со екстремистичката организација која војува во Сирија, Исламска држава.
Повикувајќи се информации од бугарските разузнавачки служби, тој тврди дека во тој баталјон нема Бугари, но предупредува дека Бугарија не е „ветена земја“, заштитена од терористички напади.Според него, акцијата во Македонија против Исламската држава покажала дека оваа организација одамна ги преминала регионите во коишто е активна и сега има приврзаници низ цела Европа, вклучувајќи го и Балканот.Идејата за „Исламска држава“ на Западен Балкан добива подобар прием, според Велков бидејќи на ова подрачја нема траен мир долги години и постојат цврсти заедници во коишто има многу луѓе кои ги прифаќаат радикалните ставови.Коментирајќи ја големата антитерористичка акција на македонската полиција, Велков напомнува дека во Македонија станува збор за следбеници на „Исламската држава“ и дека не е докажано дека тоа е структура на група.„Може да се претпостави дека тоа се вооружени екстремисти кои ја пропагираат идејата на Исламската држава“, изјави Велков за софиската телевизија БТВ.Според нeго, стратегијата на Исламската држава е да не се праќаат терористи коишто би изведувале акции, туку упатуваат порака :„кога ќе ја прифатите нашата идеологија, каде и да сте, вооружете се и нанесете удар“.Тој додаде дека приоритет на Исламската држава е заземање територии и формирање на првиот „калифат“.Македонскиот дневен весник Дневник, пак, објави дека меѓу уапсените лица во полициската акција Ќелија има и православен Македонец кој го примил исламот. Стефан С. бил веќе во Сирија и кога се вратил регрутирал нови борци. Сите уапсени и осомничени се македонски државјани од различна националност./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (село Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот, извести АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30 метри, Ѓавато до 100 метри и планинскиот превој Крушево до 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.

