Забава
Изгубен прстен пронајден по 16 години на морков

Швеѓанка го пронашла својот венчален прстен изгубен пред 16 години на морков кој израснал во нејзината градина, пишува весникот Dagens Nyheter.
Швеѓанка го пронашла својот венчален прстен изгубен пред 16 години на морков кој израснал во нејзината градина, пишува весникот Dagens Nyheter.Лена Паахлсон одамна загубила секаква надеж дека ќе го најде својот златен прстен со неколку мали дијаманти, кој исчезнал од нејзина кујна на Божик 1995 година.Прстенот го симнала кога со ќерките го печела божикниот колач а него го снемало од кујнската работна површина. Семејството Паахлсон кои живее на фарма близу градот Море, ја пребарала целата куќа за да го најде прстенот, а не го нашле ниту неколку години подоцна кога го целосно го реновирале долниот кат од куќата. Цели 16 години подоцна жената корнела моркови од својата градина и на еден од нив го видела прстенот. „Прстенот беше околу морковот, како да беше на прст. Неверојатно.“, изјави за весникот сопругот на Лена Паахлсон.Семејството претпоставува дека прстенот паднал во одводот со остатокот од зеленчукот кој тие го претвораат во компост и со нив ги хранат нивните овци. Подоцна најверојатно потонал во почвата и бил во неа сé додека не израснал морковот./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото/Видео) Луксузни облини ја тресат модната писта: ревијата на „Викторија Сикрет“ не можеше да пројде без неа

Ревијата на „Викторија Сикрет“ беше вистински спектакл за сите љубители на долна облека. Многу познати ѕвезди присуствуваа на овој моден настан, а дури и српската тенисерка Ана Ивановиќ беше во првите редови.
Ревијата ја одбележаа познати лица од светот на манекенството, меѓу кои и плус-сајз моделот Ешли Греам, која блескаше на пистата.
Ова е втор пат Ешли да носи ангелски крилја, и може да се каже дека повторно плени со својата убавина. За посебната вечер, таа избра црн градник и црни чипкани гаќички, а највпечатливиот дел од комбинацијата секако беа масивните црни пердувести крилја.
Ревијата ги истакна нејзините раскошни облини и природна убавина.
Својот стил го комплетираше со минималистичка шминка во земјени тонови, но и малку свиткани прамени коса што слободно паѓаа по нејзините рамена.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) „Јас сум човек кој ги сака врските, ги сакам жените“: сите љубови на Том Круз

Светот беше изненаден од веста дека Том Круз и Ана де Армас ја завршиле својата љубовна врска. Според извештаите на странските медиуми, актерите тргнале по различни патишта откако сфатиле дека „искрата исчезнала“.
Извор близок до двојката рекол: „Том и Ана се забавуваа одлично заедно, но нивното време како двојка заврши…“
two comments insinuating miles teller caused it…please yall he’s married 😭 https://t.co/gMuxJ7Gakn
— oak🎱oceans 🌊 (@getfutct) October 16, 2025
И се чини дека навистина тргнале по различни патишта. Ана беше видена со колегата на Круз, Мајлс Телер.
Ана и Мајлс – кој е во брак со Кили Спери – беа забележани како излегуваат од приватна теретана претходно оваа недела, но се качија во различни возила.
Сепак, се чини дека Круз брзо ќе ја преболи оваа врска, бидејќи ова не е прв пат љубовната искра да исчезне во неговото срце. Пред Ана, тој имал врски со многу познати и непознати дами.
„Јас сум човек кој ги сака врските. Ги сакам жените“, рече тој еднаш.
Па, да се потсетиме…
Бракот со Мими Роџерс
Мими Роџерс и Том Круз беа во брак од 1987 до 1990 година. Интересно е што токму Мими го запозна со учењата на Саентологијата.
Том и Мими се запознаа преку заеднички пријатели, а тој секогаш зборуваше за неа како за многу паметна девојка.
Врската со Никол Кидман го обележа светот на Холивуд
Само четири месеци по разводот од Мими, Том започна романса со Никол Кидман. Никол еднаш изјави за „Венити фер“ дека лудо, страсно се заљубила и била толку обземена од нивната врска што се откажала од својот животен план.
Посвоија две деца, Изабела и Конор, и станаа омилен пар на Холивуд. Хемијата меѓу нив беше толку силна што беше забележлива во еротскиот трилер „Очи широко затворени“. Сепак, нивниот брак заврши во 2001 година.
Трета среќа со Кејти Холмс? Сепак – НЕ!
Тој се ожени со актерката Кејти Холмс во 2006 година, а од тој брак ја доби ќерката, Сури Круз. Ни тој брак не траеше долго, а тие се разведоа во 2012 година.
Според TMZ, раскинувањето се должи на поврзаноста на Том Круз со Саентологијата и стравот на Кејти Холмс дека и нивната ќерка Сури ќе стане дел од оваа секта.
А што прави тој надвор од бракот?
Кога не е во брак, Том Круз сака да заведува на краток рок. Многу познати убавици го привлекоа неговото внимание, меѓу кои: Ванеса Кирби, Анабел Волис, Софија Вергара, Софија Бутела.
Сепак, се чини дека неговата врска со познатата поп дива Шер најмногу ја шокираше јавноста:
„Не се забавувавме долго, но дефинитивно имаше врска и одредена хемија“, рече пејачот во 2018 година.
Тој беше во врска и со Пенелопе Круз, која ја запозна на снимањето на трилерот „Ванила скај“ од 2001 година. Сепак, тие раскинаа во 2004 година.
фото: принтскрин
Забава
(Фото/Видео) Дури ни повреда не може да ја спречи убавата Унгарка: како ангел на „Викторијас сикрет“, таа е уште пожешка

Унгарската манекенка Барбара Палвин покажа дека е огромен професионалец кога прошета по пистата и прошета на познатата модна ревија на „Викторијас сикрет“ откако го повреди стапалото.
BARBARA PALVIN WALKING THE VICTORIA SECRET FASHION SHOW!! pic.twitter.com/Pe7ceNXWwa
— 𝐫. (@aemisias) October 15, 2025
Прво носеше златно-кафеава креација со гол грб, така што долната облека ѝ беше целосно видлива, додека деколтето на градите беше исто така доволно длабоко.
Сè комплетираше со златни сандали и мали крилца во иста боја.
Потоа прошета во втора облека, овој пат сребрена, која се состоеше од плисирана здолниште и топ во форма на крилца што ги покриваше нејзините гради. И двата пати одеше самоуверено, додека нејзиниот сопруг Дилан Спраус нагласи колку е загрижен за неа.
„Ја скрши ногата пред четири недели, но сега се опоравува. Адреналинот ќе делува и ќе оди правилно, но јас сè уште се грижам за неа“, рече тој кога се појави на ревијата.
Barbara Palvin. That's it. That's the tweet. pic.twitter.com/xfWbA61zXw
— best of jenners (@knddall) October 16, 2025
Во исто време, тој ја искористи и можноста да ја подигне свеста за ендометриозата, за која Барбара отворено зборуваше и неодамна беше оперирана.
„Таа беше толку силна што сама го преброди тоа. Кога јавно проговори, се покажа дека многу жени го имаат истиот проблем, а некои дури и не сфатиле дека имаат симптоми сè додека не ја виделе нејзината објава“, истакна тој.
фото: принтскрин