Економија
Одржан македонско-унгарски бизнис форум

Ивестирање во земјоделскиот сектор, како и соработка меѓу тур операторите, било договорено на Македонско-Унгарскиот бизнис форум организиран од агенциите за странски инвестиции на двете земји, а во рамки на официјалната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Македонија.
Во своето обракање директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, Висар Фида изјави дека форумот е плод на одличните трговски и инвестициски односи меѓу Македонија и Унгарија.
“Во мај оваа година беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и Унгарска агенција за инвестиции и трговија, со цел да се зајакнат билатералните односи помеѓу Република Македонија и Унгарија. Од тогаш двете земји со сите свои заложби ги промовираат и унапредуваат трговските и инвестициските односи и овој денешен форум и Б2Б настан е плод на таа соработка. На овој форум околу дваесет фирми од градежниот сектор, машинската индустрија, телекомуникациите и финансиите ќе се сретнат со исто толкав број македонски фирми“, изјави директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, Висар Фида.
Тој додаде дека во изминатава година имало зголемен број на посети и можни проекти од фирми кои потекнуваат од Унгарија, како и мултинационални компании со седиште во Унгарија.
“Поконкретно, една од заинтересираните компании бара локација за погон за преработка на зеленчук и овошје. Друга компанија од автомобилскиот сектор ја посети Македонија барајќи партнер за заедничко вложување“, истакна Фида.
На овој настан ќе се официјализираат соработките помеѓу Водовод на Будимпешта и Општина Охрид со потпишување на Меморандум за разбирање и соработка, и ќе се потпише стратешки туристички договор помеѓу Atlasz World Travel од Унгарија со 3 Тур-Оператори од Македонија.
Фида истакна дека oчекува одлични резултати и уште подобра соработка во иднина.
Премиерот Никола Груевски кој се обрати на форумот рече дека има огромни неискористени можности за унапредување на економската соработка меѓу двете земји и дека таа треба да ги следи добрите политички односи што постојат меѓу двете земји.
Тој потенцира дека треба да се обрне внимание на различните форми кои можат да придонесат за унапредување на економските односи, бидејќи Македонија и Унгарија се многу блиску.
Пред бизнисмените ги посочи можностите и предностите што Македонија ги нуди за инвестирање и потенцира дека има сериозен интерес за инвестирање од компании од Америка, Кина, Индија, Катар, што, според него, е доказ за поволната бизнис клима.
На форумот се обрати и унгарскиот премиер кој ги повика унгарските компании да дојдат да инвестираат во Македонија бидјеќи е држава со шанси за добар успех.Според него, тие треба да одат во држави кои имаат силни водачи и што имаат шанси за успех.
Потенцира дека досега се реализирани повеќе работи од Спогодбата потпишана лани и дека останува во иднина да се воспостави и директна авионска врска меѓу двете земји.
Форумот се одржа како резултат на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија и Агенцијата за странски инвестиции на Унгарија. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Дурмиши од Струга: Инвестираме 40 милиони евра за граѓаните да останат и напредуваат дома

Денеска во Струга, Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување ја одржаа јавната презентација на Оперативниот план за вработување 2025. Настанот привлече голем интерес кај граѓаните, бизнисите и локалните институции, а главниот фокус беше ставен на мерките што директно ја засилуваат вработеноста и ја стимулираат економијата.
На презентацијата присуствуваше и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, кој порача дека Владата вложува во граѓаните – нивните идеи, капацитети и амбиции.
„Не нудиме празни ветувања, туку конкретни мерки, средства и поддршка. Оперативниот план е алатка за секој кој сака да започне, да се дообучи или да се вработи. Целта е јасна – да создадеме можности тука, дома“, истакна министерот Дурмиши.
Планот за 2025 година предвидува инвестиција од 40 милиони евра, насочена кон повеќе од 10.000 граѓани, а oд Министерството велат дек досегашниот одѕив покажува дека мерките веќе го даваат посакуваниот ефект.
Мерката за практикантство обезбедува вклучување на 1.352 млади лица до 29 години, од кои 40 преку онлајн практикантство. Секој учесник ќе добива месечен надомест од 12.000 денари во период од три месеци.
„Субвенционираното вработување за микро, мали и средни претпријатија веќе има над 2.000 апликации – доказ за високиот интерес на приватниот сектор да учествува во креирање нови работни места“, велат од Министерството.
Се додава и дека финансиската поддршка за започнување сопствен бизнис е успешно затворена со над 6.000 апликации, а во тек е селекцијата на корисниците, додека мерката 3.1 – Обука кај познат работодавач и понатаму останува една од најефикасните алатки за вработување.
„Овие бројки не се само статистика – зад секоја апликација стои приказна, надеж и одлука да се направи чекор напред. Нашата задача е да ја поддржиме таа одлука со реални алатки“, додаде министерот Дурмиши.
Настанот во Струга е дел од поширока теренска кампања, со која Министерството и Агенцијата за вработување ги претставуваат мерките директно пред граѓаните. Следуваат презентации во Гостивар, Кичево, Сарај, Липково и други општини со висока стапка на невработеност.
Економија
Франција го казни „Шеин“ со 40 милиони евра за лажни попусти

Франција го казни кинескиот онлајн-продавач на облека „Шеин“ со 40 милиони евра за заведување на клиентите со тврдења за попусти.
Од 1 октомври 2022 година до 31 август DGCCRF анализира наводно намалени цени за илјадници производи на француската веб-страница на „Шеин“.
Истрагата откри дека некои цени на платформата биле зголемени непосредно пред попустите или не ги вклучувале претходните попусти, објави регулаторот. Цените на повеќе од половина од анализираните производи, 57 проценти, воопшто не биле намалени, откри DGCCRF, а речиси една петтина од попустите биле помали од рекламираните.
Во 11 проценти од случаите цената била уште повисока, објави DGCCRF. „Шеин“ исто така не успеа да достави докази на својата веб-страница за да ги поткрепи своите тврдења за еколошки свесно работење, како што е намалувањето на емисиите на стакленички гасови за 25 проценти.
(Фото: ЕПА)
Економија
(Видео) Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

Власта предлага антинароден и расипнички ребаланс на буџетот, со кој се кратат 478 милиони денари од поддршката за земјоделците. Во најголемиот буџет власта нема пари за земјоделците, нема пари за поголеми субвенции, но затоа има повеќе пари, 30 милиони евра за владиниот луксуз, обвини пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој додаде дека во време кога земјоделците се соочуваат со драстично зголемени трошоци за нафта, ѓубрива, механизација и работна рака, власта им го завртува грбот. Наместо поддршка, рече Николовски, добиваат игнорирање.
„Спротивно на оваа антинародна политика, СДСМ останува цврсто на страната на земјоделците. Пратеничката група на СДСМ поднесува амандмани со кој бара да се врати предвидената сума за субвенции и дополнително бара конкретни мерки за реална поддршка на земјоделското производство“, рече тој.
Николовски додаде дека СДСМ предлага враќање на поддршката од 12.000 денари по грло говедо за сточарите; зголемување на поддршката за оризова арпа за реколта 2024; интервентна субвенција од 8 денари по килограм сончоглед; поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица; мерка од 3 денари за продадена пченка во откупни капацитети; враќање на мерката од 1.000 денари за предадено јагне и итна распределба на картичките за зелена нафта за 50.000 земјоделци.
Николовски кажа дека СДСМ и во време на ковид пандемија и војна во Украина не кратела од земјоделците туку напротив, интервенирала со дополнителни субвенции, закони и програми.
„Апелираме до Владата: наместо да уриваат што е создадено, продолжете ги добрите практики кои функционираа. Не ги оставате земјоделците сами, не им кратете од она што им припаѓа! Земјоделството не смее да биде жртва на вашата расипничка политика“, рече Николовски.