Македонија
Преговорите меѓу МОН и средношколскиот пленум се движат во позитивна насока

Преговорите меѓу Министерството за образование и наука и Средношколскиот пленум се движат во позитивна насока иако нема постигнато финален компромис, оценуваат од Средношколскиот пленум по втората средба во МОН.
На средбата добиле ветување дека нивните барања ќе бидат разгледани на владина седница и дека имало најави за одложување на полагањето на новиот концепт на државната матура, како и на електронското полагање. „Иако на средбата не беше постигнат финален компромис и нашите барања не беа усвоени, според преговорите Средношколскиот Пленум смета дека истите се движат во позитивна насока. Преговорите како и одржувањето на средношколскиот фронт и бојкотот на наставата во средните училишта продолжува во наредните денови“, се вели во соопштението од Пленумот.Средношколците веќе два дена имаат поставено кампови во Паркот на новианрите, спроти Министерството за образование и наука.Средношколците бараат враќање на стариот концепт на државната матура, укинување на електронското полагање и ставање во мирување на екстерното тестирање./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од сабота Скопје повторно се поврзува со Барселона, двајца патници ќе добијат бесплатни авиобилети

„Визер“ со субвенции од Владата од 3 мај ќе лета до Барселона и Лион.
До Барселона летови ќе има двапати неделно – вторник и сабота, а до Лион трипати – вторник, четврток и сабота.
Првиот лет од Скопје за Барселона по тригодишна пауза ќе се реализира в сабота во 18.50 часот. Двајца патници ќе добијат бесплатни авиобилети преку избор на социјалните мрежи на ТАВ Македонија и „Визер“
Меѓународниот аеродром Скопје за првпат се поврзува со Лион, Франција, кој е под заштита на УНЕСКО.
На крајот на март требаше да стартува и летот Скопје – Дубаи, но е одложен за наесен.
Македонија
„Заслужуваме одговори“: семејствата на жртвите од пожарот во Кочани утре на протетстен марш во главниот град

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани за утре, 29 април, најавија протестен „Марш за ангелите“ во Скопје.
„Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат, па пуштаат. Свесни ли се, за и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со „фати, па пушти“, без да има јасно образложение за таа законска процедура, и што се создава во нашите мисли кои се на работ на себеуништување“, се истакнува во писменото известување од семејствата.
Во повикот е нагласено дека тие и понатаму ќе бараат одговори за насилната смрт на нивните деца, а за учество на маршот ги повикуваат сите граѓани на Македонија.
Маршот, според најавите, ќе започне пред Oбвинителството во Скопје во 12 часот и 5 минути, како симболика за задоцнетата реакција на институциите, а ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието.
Македонија
1.570 сообраќајни прекршоци минатиот викенд, 758 за брзо возење

Изминатиов викенд полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, постапувајќи во делот на контролите на сообраќајот на патиштата низ земјава вкупно издадоа 1570 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци повеќето по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, извести МВР.
Притоа, заради непрописно паркирање издадени биле 216 платни налози, за возење со брзина поголема од дозволената 758 санкции, а пак по основ на непоседување возачка дозвола 141 лице било отстрането од сообраќајот.
Исто така, евидентирани се 62 прекршоци за неносење сигурносен појас, изречени се 31 санкција за возачите на мотоцикл за управување без заштитна кацига, 27 мерки се изречени за користење на мобилен телефон при возење, а осум санкции за возачи кои минале на црвено светло, додека пак 61 возач е отстранет од сообраќај заради недозволено количество алкохол во крвта.
По основ пак на Законот за возила во посочениот период од сообраќај се исклучени 39 возила од кои 11 поради техничка неисправност, а 28 заради тоа што биле нерегистрирани, соопшти МВР и додава дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.