Македонија
Во неделата издадени потврди на вкупно 1.936 мигранти
Во неделата од страна на МВР биле издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за азил на вкупно 1.936 странски државјани, од кои, 1.155 се од машки пол, 283 се од женски, 392 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 106 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.525, Ирак – 154, Авганистан – 119, Пакистан – 94, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19-ти јуни до 7-ми септември издадени се потврди на вкупно 64.522 странски државјани, од кои, 43.671 се од машки пол, 8.857 се од женски, 10.386 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.608 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 52.495, потоа Авганистан – 3.596, Ирак – 3.003, Пакистан – 1.876 Палестина – 780, Сомалија – 571, Бангладеш – 446, Конго – 324, Нигерија – 205, Камерун -160, Еритреја – 142, Етиопија – 109, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 7-ми септември, до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 6-ти септември, евидентирани се вкупно 10 баратели на азил, од кои шест баратели на азил се мажи (од кои еден барател на азил е повреден), една барателка на азил е женa и три баратели на азил се малолетни лица. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита четири баратели на азил – еден маж, една жена и две малолетни лица од кои едно малолетно лице е без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Трајановски за потпретседател го потврдува влијанието на Заев, Филипче го зацврстува кругот на Заев во СДС наместо да го реформира
Филипче продолжува да биде спотер на Заев и да се потпира на кадри кои се сметаат како дел од политичкиот круг на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче кадровските решенија во СДС ги носи под значително влијание на Заев. Филипче поставува кадри кои се сметаат за блиски до кланот Заеви. Изборот на Александар Трајановски за потпретседател на партијата е токму тоа, Трајановски е човек од шинелот на Заев.
Александар Трајановски е истиот тој кој летото заедно со Заев и Филипче се луксузираа на скапи јахти во Грција додека Заев ги бираше кандидатите за градоначалници. Трајановски и покрај тоа што ги изгуби изборите во Аеродром е поставен за потпретседател бидејќи е избор на Заев за да може слободно да течат бизнисите и да продолжи контролата на СДС во сенка.
Овој потег на Филипче само ја зацврстува перцепцијата дека кадровските одлуки во СДС сè уште се диктираат од Заев. Заев сè уште ја контролира внатрешната структура на партијата.
На Македонија и е неопходна конструктивна опозиција. Неопходно е дистанцирање на старите структури на моќ, превземање одговорност и реформи“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата
Од денеска стапува во сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за возилата. Оваа обврска ќе трае до 15 март следната година.
За да избегнете сообраќајни казни и прекршоци, од АМСМ велат потребно е да го усогласите вашето возило со пропишаните барања:
– Возила до 3.500 кг: потребни се зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарата од минимум 4 мм, или летни гуми со истата длабочина, со задолжително носење синџири за снег.
– Возила со погон на сите тркала (4х4): зимски гуми со длабочина од најмалку 6 мм, или летни гуми со минимум 4 мм длабочина и синџири за снег.
– Возила над 3.500 кг: зимски гуми со длабочина од 6 мм на погонските тркала, или летни гуми со минимум 4 мм, со задолжителни синџири за снег.
Покрај ова, автобусите и товарните возила мора да носат прирачен алат како лопата, ако не можат да користат синџири за снег, информираат од АМСМ.
Македонија
Времето денеска сончево, со температури до 19 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималните температури ќе се движат од -3 до 3, а максималните од 15 до 19 степени целзиусови.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде 1, а максималната 17 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

