Контакт

Култура

Пијано валцери со Петер Лаул

Објавено пред

Концертот во „Света Софија“ иако не беше посетен според рејтингот на Лаул, за оние што присуствуваа беше вистински музички настан. Аплаузот и трите биса покажаа дека овој уметник остави силен впечаток кај присутните и им овозможи исклучителна и возбудлива музичка вечер

dobivaj vesti na viber

Рускиот пијанист Петер Лаул, според податоците од програмата за концертот е еден од најнаградуваните руски пијанисти па и со онаа најпрестижната – почесен медал „За достигнувања во уметноста“ доделен од Министерството за култура на Руската Федерација. Соработувал со диригентите Шостакович, Гергиев, Касадесус и со најпознатите оркестри во Русија и пошироко.Последниве години негова специјалност се солистички концерти со валцери од познати композитори. Со овој „рецепт“ е исклучително активен и атрактивен со концерти низ целиот свет.Концертот во „Света Софија“, иако не беше посетен според рејтингот на Лаул, на што веројатно влијаеше и цената на влезницата  – илјада денари, за оние што присуствуваа беше вистински музички настан. Аплаузот и трите биса покажаа дека овој уметник остави силен впечаток кај присутните ии м овозможи исклучителна и возбудлива музичка вечер.По минатогодишниот рецитал на рускиот пијанист Березовски, публиката остана со подотворени усти, и многумина си заминаа со впечаток дека тоа е врвот на репродуктивната пијано изведба. Нема да згрешиме ако кажеме дека таквото ланско чувство како да ни се повтори со Петер Лаул.  Лаул успеа да ја разбие фамата за валцерот како излитена, замината и затворена музичка форма. Валцерите во негова изведба добија сосема поинаква, возбудлива, па дури и драматична димензија. Пијанисимата беа како звук на лебдечки пердув а фортисимата буквлно го поместуваа пијаното од место. Магијата на интерпретацијата кај Лаул е во неговите динемички и ритмички аранжмани на композициите. Се сомневам дека Јохан Штраус го напишал својот ,,Гринфелд“, онака како што Лаул го отсвири. Тој како да сакаше да не увери дека валцерот и тоа како може да се џезира. Не, не се работи за импровизација туку за сосема прецизно и виртузно техничко и динамичко читање на оригиналната партитура. Темпата беа толку пеколни, на граница на можното. Лаул како да извршил генеричка модификација на делата на Брамс, Вебер, Чајковски, Дебиси, Шопен, Лист и Равел. Оние кои беа на концертот на Петер Лаул уште долго ќе се сеќаваат како на незаборавна вечер со брилијантен и виртуозен уметник, на свој начин поинаков од други пијанисти.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

(Видео) „Убав ден“ – нова песна на Горан Папаз

Објавено пред

„Убав ден“ е насловена новата песна на Горан Папаз.

dobivaj vesti na viber

„Посебно сум горд на овој сингл затоа што дел од музиката ја создаде Дамиан, мојот син, а Гоце Симоноски ја заокружи оваа приказна изработувајќи прекрасен аранжман. Вокалите се на Дамиан Папаз и Сара Димитрова“, сподели музичарот.

Песната е снимена и работена во студиото на Димитар Димитров и во студиото на Гоце Симоноски.

Прикажи повеќе...

Култура

СДСМ: Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство со цела свита?

Објавено пред

Додека институциите на културата едвај преживуваат, а вработените и понатаму се без исплатени плати, министерот за култура Зоран Љутков, заедно со голема партиска свита, си организираа „дипломатска“ екскурзија во Јапонија, велат од СДСМ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Со него се и министерот Тимчо Муцунски со сопругата, генералниот секретар на Владата и уште неколку „културни авторитети“, наводно за поддршка на ансамблот Танец и „јакнење на културната соработка“.

Колку точно лица брои оваа луксузна делегација? Колку народни пари беа потрошени за патувањето во Осака,за авионски билети, сместување, дневници, протоколарни вечери, гардероба и подароци?

И што, всушност, ќе донесат назад во Македонија? Освен албум со селфиња, објави за „успешни средби“ и неколку звучни фрази за „интеркултурен дијалог“?

Врв на иронијата, организирале и изложба посветена на архитектот Кензо Танге, визионерот што го проектираше Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Истото Скопје кое ВМРО-ДПМНЕ, со истата оваа структура, го изобличи со стиропор и лажен барок преку проектот „Скопје 2014“.

Па кој има образ сега да го слави Кензо Танге, кога неговото дело беше грубо погазено со партиска стиропорна естетика и кич?

Граѓаните заслужуваат одговор: Колку ги чинат екскурзиите на Љутков, колку чини оваа парада? И дали културата е само алиби за туристички луксуз?“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Култура

Ал Пачино се плаши да го гледа култниот филм од 70-тите

Објавено пред

Ал Пачино со децении ја изненадува публиката – не само со неговите прекрасни улоги, туку и со неговите лични преференци и необични изјави.

dobivaj vesti na viber

Иако неговото место меѓу актерските легенди е несомнено, Пачино сепак успева да ги збуни и насмее луѓето со неговото признание дека не ги гледал некои од најважните филмови на сите времиња – дури ни оние што ги направиле неговите поранешни соработници.

Еден таков случај го вклучува режисерот Вилијам Фридкин, човек чии филмови го одбележаа американскиот Нов бран, но и ги поместија границите на она што публиката може да го толерира.

Фридкин е познат по шокантните теми и бескомпромисниот стил на работа, а неговиот филм „Крстарење“ од 1980 година, со Пачино во главната улога, е запаметен по контроверзниот заплет и непријатната атмосфера.

Но, и покрај нивната професионална соработка, Пачино со години избегнуваше да го гледа еден од најпознатите филмови на Фридкин – од страв.

Филмот, кој ја шокираше публиката ширум светот и ја налути црквата, беше познат по долгите редици надвор од кината, луѓето што ги напуштаа кината поради гадење и шокантните приказни од сетот.

„Никогаш не сум го гледал „Егзорцист“.

Иако многу ја ценел работата на Фридкин, Пачино немал храброст да го гледа филмот кој се смета за еден од најстрашните на сите времиња.

Иако не се плаши да ги преземе најпребирливите улоги на екранот, овој филм го избегнува со децении. Но, со оглед на тоа колку длабоко тој филм влијаеше на културата и публиката ширум светот, можеби е само прашање на време кога Пачино конечно ќе одлучи да го види.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет23 минути

Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот...

Топ11 часа

Исчезнатиот рибар кај Злетовска Река најден мртов

Пронајден е починат исчезнатиот рибар Кире Павлов од Пробиштип. Неговото исчезнување во полицијата го пријавил Благој Стојанов од истиот град кој...

Топ11 часа

МВР трага по осумгодишно момче кое исчезнало во Скопје

Осумгодишниот А.Џ., кој имал здравствени проблеми се оддалечил од местото каде што престокувал со својот татко. За случајот, полицијата во...

Свет12 часа

Зеленски: Договорот за минералите е прв резултат од мојата средба со Трамп во Ватикан

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска го нарече историски договорот за минерали меѓу САД и Украина. „Ова е првиот опиплив исход...

Македонија17 часа

Владата: Сметки од услугите од бифињата, СДСМ ги прикажува како трошоци за ручеци на министри

Владата во целост ги демантира, како што ги нарекува, лажните и манипулативни наводи на партијата СДСМ за сметките. Според Владата,...

Македонија19 часа

Сиљановска-Давкова: Работниците и синдикатите со право протестираат за повисоки плати и пошироки права

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот: Денеска го славиме 1 Мај – Меѓународниот...

Македонија20 часа

„Платите во Македонија се мизерни“ – синдикалците побараа минимална плата од 500 евра

Платите во Македонија се мизерни и не се зголемуваат онака како што е предвидено со колективните договори. Сојузот на синдикати на Македонија...

Македонија21 час

(Видео) Власта за четири месеци потрошила 30.000 евра на јадење по ресторани, вели Кузеска од СДСМ

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека во држава каде што работниците бројат денови до платата, министри од ВМРО-ДПМНЕ трошат...

Топ21 час

Приведен полицаец од Струмица кој пукнал во канцеларија додека проверувал пиштол

Полицијата го приведе нејзиниот колега, А.Б.(52),  кој се сомничи за предизвикување опшгта опасност. На 30 април во службена просторија на...

Македонија23 часа

Работниците се темелот за иднината на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ во честитката за 1. Мај

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на нови економски политики и подобрување на стандардот, работниците се темелот за иднината на Македонија, велат од...

Свет1 ден

Шефот на Пентагон му се закани на Иран: Знаеме точно што правите, ќе се соочите со последици

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет го предупреди Иран дека ќе се соочи со последици за поддршката на Хутите, група...

Свет1 ден

Америка и Украина го потпишаа долгоочекуваниот договор за минералите

Вашингтон и Киев го потпишаа долгоочекуваниот договор за природните ресурси на Украина по неколкумесечни напнати преговори. Иако деталите од договорот...

Македонија1 ден

Колони возила и утрово на граничниот премин со Грција

Големи колони има и утрово на граничниот премин со Грција, на излез од државата. Од АМСМ велат дека времето на...

Топ2 дена

По четири години поминати во бегство фатен затвореник од Идризово

Полицијата го приведе А.А. од Скопје, 54-годишен затвореник од Идризово, баран со централна и меѓународна потерница поради бегство од затворот....

Македонија2 дена

Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар...

Македонија2 дена

Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање...

Македонија2 дена

ССМ утре на протест со истото барање како и лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата

Исто како и на ланскиот првомајски протест, и оваа година Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повика работниците и...

Македонија2 дена

Незаконски и неуставно е одобрението за отворање на приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд денеска ја укина одлуката за давање одобрение за основање на приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во село...

Македонија2 дена

(Фото) Злато, сребро, лаптопи, велосипеди и друга стока запленети од Царинската управа при откриени обиди за шверцување

Царински службеници на граничен премин Богородица спречија обид за криумчарење на сребрен накит во вредност од 430.880 денари. Сребрениот накит...

Македонија2 дена

Димитровска: Осомничениот ми е семеен пријател, разговорите не се поврзани со „Адитив“

Петседателката на Комисијата за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, вели дека еден од осомничените од случајот „Адитив“, во кој и...