Македонија
МОСТ: До 11 часот излезноста на референдумот за ГТЦ е 10,29 проценти
Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно пребројување на гласовите), која претставува математичко-статистичка научна метода, одѕивот на гласачите на референдумот за зачувувањето на изгледот на ГТЦ во општина Центар до 9 часот изнесувал 2,83 отсто, до 10 часот бил 5,95 проценти, а до 11 часот бројката изнесувала 10,29 проценти, соопштуваат од граѓанската асоцијација МОСТ.
Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и мобилните тимови на МОСТ, досега се забележани следните неправилности на гласачките места:
На ГМ 2809 на ул. „Народен фронт“ 8 гласачки ливчиња биле откинати заедно со делот кој треба да остане на кочанот и на кој се наоѓа серискиот број. ИО го запишал настанот во Дневникот за евиденција на настани, по затворањето на гласачкото место истиот ќе го внесе и во записникот, а при пребројувањето на гласовите откинатите делови ќе бидат вратени во кочанот.
Истиот настан се случил и на ГМ 2832 на ул. „Мирче Ацев“, само што во овој случај се работи за 4 ливчиња. На ГМ 2831, пак, на ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“, се работи за 2 ливчиња од кои едното е пуштено во кутијата заедно со серискиот број, а за второто реагирал претседателот на ИО, по што делот со серискиот број бил вратен во кочанот. На истото ГМ забележано е и читање на глас на имињата на гласачите.
На ГМ 2830, исто така на ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“, едно лице се расправало со претседателот на ИО на ова место, а расправијата продолжила и надвор од гласачкото место, по што интервернирала и полицијата и го отстранила лицето од објектот.
На ГМ 2837 на ул. „Вељко Влаховиќ“ ИО на глас ги чита имињата на гласачите, а еден гласач го напуштил параванот и со отворено гласачко ливче ги прашал членовите на ИО дали добро заокружил. ИО го посоветувал да го превитка ливчето и дека истото не треба да се покажува јавно./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.