Македонија
Пробивањето рокови единствено извесно од политичките договори
Четирите политички партии потписнички на договорите од Пржино за излез од политичката криза, повеќепати пробија рокови, иако, како што вели олеснувачот Питер Ванхауте, деноноќно работат, а во понеделник повторно дојде и еврокомесарот Јоханес Хан, за да притисне да се дојде до „итен напредок во спроведување на политичкиот договор“.
„Работиме секој ден да постигнеме напредок, можам да кажам дека и ноќе работиме. Мора да направиме напредок во оваа земја“, изјави Ванхауте.Одговарајќи на новинарско прашање, дали мора Хан да доаѓа за да се постигне напредок, тој вели дека секогаш е корисно луѓето да дојдат и да ја видат ситуацијата со свои очи и да зборуваат со другите за да формираат сопствено мислење.На 2-ри јуни, по целодневно договарање во резиденцијата на Европската унија во Пржино беше постигнат политички договор во шест точки, за на 15-ти јули истиот да биде проширен, односно да биде напишан протокол за спроведување на договорот, потпишан од четирите политички партии од власта и опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА.Но, до денеска пробиени беа многу поставени рокови, па така, во договорите се наведува дека откако СДСМ ќе се врати во Собранието, што се случи на први септември, ќе се формира анкетната парламентарна комисија основана за да се расчисти скандалот со прислушувањето со која ќе раководи опозицијата, што сè уште не се случило, иако се предвидува првиот извештај да излезе следниот месец.Рокот на 15-и октомври да се договорат промени за да се подобри ситуацијата со медиумите, каде најмногу промени се очекуваше да се договорат за јавниот радиодифузер, исто така, е пробиен..Во вторник, 20-ти октомври, истекува рокот за избор на нови министри во министерствата за внатрешни работи и труд и социјала, каде СДСМ треба да предложи први луѓе, а нивни заменици во тие министерства се на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е краен рок и за избор на заменици министри по предлог на опозицијата во министерствата за финансии, за земјоделство и за информатичко општество и администрација.„Овие заменици-министри ќе имаат полно право на преглед и вето во соодветните министерства по сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите“, се наведува во протоколот од 15-ти јули.Иако денеска се споменуваат некои имиња за нови министри, сепак, партиите не излегле со конкретни предлози во јавноста.Виси и законот за ткн „свиркачи“, откако порано овој месец, пратениците од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ, Талат Џафери и Крсто Мукоски, го поднесоа предлог законот за забрана на објавување на прислушуваните материјали што беше оценет како сериозна закана за воведување цензура, од стана на медиумите. Законот беше повлечен, но со услов до 20 октомври да се договори ново законско решение, а во спротивно истиот без измени ќе бил повторно поднесен во собранието. Овој закон, заедно со тој за ткн свиркачи, треба во вторник заедно со новите министри да се гласаат во Собранието.На сево ова недовршено, остануваат актуелните рокови за обврската актуелната Влада да поднесе официјална оставка до Собранието во догледно време за да овозможи инаугурација на новата влада на 15-ти јануари 2016 година, односно сто дена пред парламентарните избори што ќе се одржат на 24-ти април 2016 година.„На чело на новата влада ќе биде нов премиер номиниран од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Програмата на Владата е ограничена на организирање на предвремените парламентарни избори“, се наведува во договорот.Последните денови се договори форматот на Државната изборна комисија, да биде состаена од девет членови, тројца од власта, тројца од опозицијата, и тројца експерти што ќе се изберат во Собранието, но во понеделник и тоа се уште не се случило. Во ДИК нема да се гласа со ткн „правило на Бадинтер“, што беше барање на ДУИ.Исто така, неколку дена пред тоа беше одлучено да се избираат тројца пратеници од дијаспората, со пропорционален модел, од една изборна единица, а не како до сега, од три изборни единици. Притоа, договорен е и цензус, па така, за да биде избран еден пратеник, ќе треба да собере минимум 6.400 гласа.Прочистувањето на избирачкиот список е договорено, и ќе се извршува теренски и со вкрстување на податоците од институциите, а новина е што на списокот ќе се вметнат и фотографии од личните карти на граѓани, за полесна споредба.Беше избрана и специјалната јавна обвинителка, со согласност од сите партии, но таму се запна со тимот кој таа го побара, а Судскиот совет и одобри половина. Денеска, партиите со писмо, преку министерот за правда, од СОветот побараа да се одобри целиот тим. Се очекува утре да се донесе одлука и за комплетирање на тимот на Катица Јанева. /крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика
По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското чистење на главниот град и општината Чаир. Од партијата наведуваат дека акцијата не се однесува само на улиците, туку и на „целиот менталитет што го остави градот во хаос со години“.
„Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот што доаѓаше од канцелариите на довчерашната власт, власт што блокираше, крадеше и не се грижеше за никого освен за себе“, се наведува во соопштението.
Според „Влен“, граѓаните на Скопје на 19 октомври и 2 ноември ставија крај на оваа ера на политичко загадување.
Во партиското соопштение се додава дека е соборена неуспешната ко-влада меѓу Арсовска, Блерим Беџети и Левица, трио што оставило зад себе кал, долгови и град што се дави во хаос. Од ВЛЕН оценуваат дека оние што сакаа да им наштетат на Ссопјани, особено на Чаир, сега гледаат дека градот можеше да се исчисти и навистина се чисти, без нив.
Во завршниот дел на соопштението се наведува дека денес, Чаир со Изет Меџити на чело дише слободно.
„Улиците се чистат, но пред сè, се отстрануваат последиците од долгогодишните блокади и занемарувањето на чаирчани од страна на градската власт. Ова е чистењето што го чекаше Скопје – чистењето на совеста, одговорноста и старата политика“, порачаа од „Влен“.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.
До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²). Од вторник ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорѓиевски објави фотографии од почетокот на акцијата за чистење, поддршка му даде и Мицкоски
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат десетици камиони и други возила кои ќе го чистат Скопје.
Ѓорѓиевски во неговата изборна кампања вети дека кога ќе стане градоначалник, откако ќе му биде врачен мандатот за 72 часа ќе го исчисти Скопје.
„Започна големата акција за чистење на Скопје! За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне – уредено и достоинствено, токму како што доликува!“, напиша Ѓорѓиевски.

