Македонија
ОМД: Правото на глас на дијаспората мора да се заштити

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја следи работата на Работната група за измени во Изборниот законик и строго ги осудува сите напори кои би наштетиле или би ѝ го одзеле правото на македонската дијаспора да гласа за претседателски и парламентарни избори во Македонија во трите изборни единици во дијаспората.
„За нас, предлогот за одземање или дополнително отежнување на правото на глас на дијаспората претставува несфатлив потег, кој укажува на длабоко непочитување кон оние коишто имаат континуиран и огромен придонес за економскиот развој на Република Македонија, како и за добивање меѓународна поддршка околу пристапот на Република Македонија во евро-атлантските институции како НАТО и ЕУ“, велат од ОМД. Дијаспората е клучен партнер на Македонија и е интегрален елемент за унапредување на Македонија на сите полиња, особено надворешната политика и економијата. Дијаспората директно придонесува со 18/20 отсто од домашниот бруто производ (БДП) на Македонија. Истовремено, дијаспората редовно ја посетува Македонија и со нејзиното доаѓање придонесува кон зголемувањето на локалната економија низ Македонија. Историски, Македонците надвор од Македонија се бореле за независна, слободна, и суверена Македонија и откако оваа цел во 1991 година е постигната, дијаспората продолжи да претставува важен фактор за стабилноста и компетитивноста на државата. Затоа дијаспората мора да продолжи да го ужива своето универзалното право на глас и да биде претставена преку свои пратеници во Собранието на Република Македонија, додаваат од ОМД. Во време кога на Македонија ѝ е потребна секоја помош, политичките субјетки во Македонија треба да работат на изнаоѓање начин како да ја привлечат дијаспорта уште повеќе да ѝ помогне на земјата, а не дополнително да ја отуѓуваат преку одземање на нејзиното право на глас, се истакнува во обраќањето.ОМД се залага за олеснување на начинот на гласање со воведување електронско гласање, со што би се зголемил бројот гласачи и би се намалиле трошоците за гласање на дијаспората. Ставот на ОМД отсекогаш бил дека Македонија треба да има и Министерство за дијаспората, како Израел, Грузија, Словенија, Србија, Косово, Ерменија, Етиопија и други земји, со цел да се продлабочи врската меѓу дијаспората и татковината. Од Владата на Република Македонија, ОМД сé уште нема добиено одговор по ова прашање, но се надеваат дека наскоро овој предлог ќе биде сериозно разгледан од страна на Владата како и од Работната група, каки и дека ќе добијат позитивен одговор. „Дијаспората поседува огромен капацитет да придонесе кон економскиот и демократскиот развој на Македонија, и затоа ОМД ги повикува сите политички субјекти во Македонија, наместо да ја дистанцираат дијаспората и да го отежнуваат нејзиниот искрен напор да и помогне на државата, да покажат почит и јасна заложба за искористување на способностите на дијаспората со единствена цел за напредок на Македонија и подобра иднина за македонските граѓани“, се порачува во соопштението на македонската дијаспора.Базирана во Вашингтон, ОМД е непрофитна и невладина меѓународна организација која непартиски ги претставува интересите и потребите на македонците надвор од Република Македонија./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Костовски: Голема нервоза во белата палата, клеветите не поминуваат

Во реакција на својот профил на Фејсбук на прес-конференцијата на Бране Петрушевски, кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Мартин Костовски, порача:
„Голема нервоза во белата палата. Го извадиле Бране – човекот кој е директно против сиромашни работници и повисоки плати – да врти стари лаги и да ме клевети. Ама не кажа дека за истиве клевети веќе има и судска одлука – Бране изгуби во прв степен и треба да ми плати 2.500 евра отштета, пари кои веднаш ќе ги донирам. Клеветите не поминуваат, вистината во Куманово излезе на виделина.
Најголемиот криминалец е токму нивниот измеќар – Максим Димитриевски. Тој што сега им се клања, за да го спасат од одговорност. Нека продолжат вака, народот на Куманово гледа и добро знае. Следи голема казна на локалните избори. Народот не паѓа на коалициски математики.
А на Бране не може јас да му бидам крив што не е кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, никој во партија не го сака ниту за измеќар. Седи си во Парламент и троши си ги парите, народот веќе ништо не очекува од такви како тебе.“ – напиша Костовски.
Македонија
Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети – целта беше отворање јавна дебата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за немажени и неженети, појаснувајќи дека изјавата имала за цел да поттикне јавна дебата.
„Се извинувам на тие што можеби погрешно ја протолкуваа таа моја иницијатива, но факт е дека сум исклучително загрижен за демографската состојба во Македонија и факт е дека како претседател на Владата е моја одговорност да бидам загрижен за демографската иднина на мојата татковина“, рече Мицкоски, oдговарајќи на новинарско прашање по седницата на Извршниот комитет.
Вели дека изумираме тивко, а тоа поминува незабележано. Бројот на новородени е намален за 30, а бројот на бракови за 17 отсто за само неколку години.
Според него, не е до финансиите, туку до желбата, вредностите и воспитувањето. Тој повика на фокус кон семејството и на заедничка работа за обезбедување иднина на државата.
„Семејната парада е мојата гордост. Тоа е политиката што ќе ја водам додека сум премиер,“ заклучи Мицкоски.
Премиерот претходно, оваа недела изјави дека Владата размислува за даночење на немажените и неженетите, што предизвика бурни реакции во јавноста.
Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Подготвен сум да го воскреснам Скопје

Орце Ѓоргиевски изјави дека кандидатурата за градоначалник на Скопје е еден од најголемите предизвици досега, изразувајќи благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за континуираната поддршка – и за време на мандатот во Кисела Вода, и сега.
„Свесен сум во каква состојба се наоѓа Градот – девастиран и сив. Но, подготвен сум по изборите да го воскреснам Скопје и да стане град на достоинствен живот“, рече тој.
Ѓоргиевски најави дека ќе остане близок до граѓаните, како и досега, дека ќе ги слуша нивните барања и дека не се гледа како „салонски политичар“. Најави теренски посети и креирање на програма за решавање на најгорливите проблеми – сообраќајниот хаос, валканите улици и дивите депонии.
Ги повика сите граѓани да го поддржат, без оглед на партиската или верската определба, додавајќи дека за него постојат само скопјани кои го сакаат или не го сакаат својот град.