Економија
Нов веб сајт Job market за информирање за слободни работни места
Отворен е нов веб сајт Job market каде сите ќе можат да добијат брза, навремена и релевантна информација за слободни работни места во Македонија.Сајтот е резултат на активностите на Министерството за труд и социјална политика и агенцијата за вработување на Република Македонија, со цел доближување на информациите од пазарот за труд до сите граѓани во земјава, отворени работни места, понуда и побарувачка.
„Добивањето, пак, на брза, навремена и релевантна информација од прва рака е многу важна. Прилагодувајќи се на ова темпо, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) започнаа еден исклучително важен проект кој е во насока на зголемување на информираноста на граѓаните со можностите за вработување. Станува збор за нов веб сервис avrm.gov.mk на АВРМ, односно за новиот сајт на којшто за прв пат на едно место ја имаме понудата и побарувачката и коешто во светот е познато како job market. Овој портал ќе биде од големо значење во концептуална смисла за сите оние коишто бараат работа, и оние коишто нудат работа. На овој начин сакаме да дадеме придонес кон подобрување на информираноста за можностите за вработување и мотивираноста на граѓаните за барање на работа“, истакна министерот Спасов.
Секој што ќе се најави на веб сервисот, односно којшто ќе се регистрира ќе добие дополнителна услуга, односно ќе може да добива известувања за огласите за вработувања по e-mail и смс, со што невработените граѓани ќе добиваат поттик да конкурираат, да бараат работа и да не се откажуваат.
Последните статистички податоци покажуваат дека во овој момент има над 4765 слободни работни места.
Министерот Спасов упати апел до сите баратели на работа да бидат проактивни, што е можно почесто да ја отвораат, да ја користат оваа веб страна, затоа што таа, како што рече, ќе им го олесни пристапот до пазарот на труд./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

