Контакт

Култура

Дерил Хана добитник на „Златна камера 300“ на Браќа Манаки 2010

Објавено пред

Популарната американска актерка Дерил Хана е специјална гостинка на 31. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера(ИФФК) Браќа Манаки

dobivaj vesti na viber

Холивудската актерка Дерил Хана е добитник на наградата „Златна камера 300“ и во нејзина чест на 17. октомври ќе биде прикажан вториот дел од филмот „Убиј го Бил“.Педестгодишната актерка има играно во повеќе од педесет филмови, меѓу кои холивудските „Истребувач“, „Возбуда“, „Вол Стрит“, „Челични магнолии“ и други.Во последните години Хана е ангажирана во многу општествени цели, како активист на граѓански движења и организации. Специјалната награда „Златна камера 300“ и се доделува поради исклучителниот придонес во светскиот филм.Но, според организаторите, заслужува и посебно признание поради придонесот за поголема грижа кон човековата околина, како и правата на маргинализираните групи.На денешната прес конференција беа објавени и учесниците во годинешното жири, кое ќе биде предводено од оскаровецот Вилмош Жигмонд, кинематографер од САД и Унгарија, гигант на светската кинематографија.Останатите членови на жирито се Павел Павликовски, Кристине Долхофер, Доминик Фури, Наташа Браер и Дарко Митревски, режисер од Македонија.На фестивалот ќе учествуваат 400 гости, од кои над 150 исклучително познати имиња од светската кинематографија. Ќе бидат прикажани рекордни 95 филмови од најновата светска продукција во девет програмски селекции. Годинава во Битола ќе присуствуваат и околу 80 студенти од шест филмски академии.„Сметаме дека составивме крајно интересно жири, разновидно по струка, но ускладено и особено во секој поглед. На мое огромно задоволство би го истакнала учеството на оскаровецот Вилмош Жигмонд, секако и останатите членови на жирито“, изјави Лабина Митевска, директор на ИФФК Браќа Манаки.„Ако продолжиме со ваквите активности, ќе станеме најважниот фестивал за камера во светот. Освен што ја заживуваме филмската уметност, истовремено ја негуваме и филмската историја и култура во Македонија. Годинава Општина Битола одвои три милиони денари за потребите на овој толку многу значаен фестивал за нашата држава. Ние и понатаму ќе го поддржуваме неговото реализирање“, истакна градоначалникот на Битола, Владимир Талески.Годинешното издание ќе биде отворено со филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски на 16. октомври и ќе заврши на 22. октомври.Дерил Хана во Битола ќе остане два дена, а организаторите ќе се потрудат да и го покажат најдоброто од нашата земја.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Инспиративен настап на SIN PUSTINJE во Битола за Меѓународниот ден на џезот 2024

Објавено пред

МКЦ-Битола по јубилеен 10-ти пат го одбележа Меѓународниот ден на џезот во Битола 2024. Во прекрасниот амбиент на кафе барот Порта Џез, Ахмед Буриќ, Дамир Имамовиќ, Тони Китановски и Иван Михајловиќ приредија несекојдневно музичко поетско доживување.

dobivaj vesti na viber

Во проектот станува збор за искуството и интерпретацијата на музиката и поезијата која ги сумира различните интереси и вештини на уметниците кои досега ги познававме од другите жанрови. На концертот Буриќ, Имамовиќ, Китановски и Михајловиќ изведоа дванаесеттина песни од нивниот прв албум, како и некои други делови кои на изведбата во живо му дадоа комплетна форма и магична атмосфера.

Овој концерт по десетти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.

Концертот се организира со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.

Прикажи повеќе...

Култура

Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ на 11 мај на „Мајските оперски вечери“

Објавено пред

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени.

dobivaj vesti na viber

Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.

Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба: „Четирите мајстори на модернизмот“

Објавено пред

Град Скопје и ЈУ Културно Информативен Центар ќе отпочнат со реализација на Европскиот проект CreArt 3, со активноста „Европски месец на креативноста“ на 10 мај во галеријата Империјал 1 – ЈУ Културно Информативен Центар, каде што до крајот на месец мај ќе биде отворена групната изложба насловена: „Четирите мајстори на модернизмот“

dobivaj vesti na viber

Учесници: Теодора Андоноска, Мартин Буровски, Илина Василеска, Сергеј Јордановски, Камелија Каламерникова, Манели Крстиќ, Сара Милошевска, Ивона Петрова и Никола Тренов, сите студенти од четврта година на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на проф. Слободанка Стевческа.

Изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“ е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков.

Изложбата ќе биде отворена до 20.04.2024 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ9 часа

Две жртви во сообраќајката на патот Радовиш-Штип, уште едно лице повредено

Две лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Радовиш-Штип. Во несреќата е...

Македонија10 часа

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

ЦУК информира за невообичаена и како што велат, специфична ситуација за решавање на итен случај на 112, кога куче паднало...

Регион12 часа

„Никогаш нема да ја заборавам бабата која стои, чека и го повторува името на внуката“: Мајорката која меѓу првите влезе во „Рибникар“

„Траума што се уште ја минувам и денес“, „Сигурна сум дека добро ќе се сеќаваме на тој кобен 3-ти мај,...

Македонија16 часа

„Поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски“, рече Изет Меџити

Лидерот на Демократското движење и носител на Листата за пратеници во првата единица на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити изјави дека...

Македонија17 часа

„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во...

Македонија18 часа

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа...

Македонија20 часа

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Македонија21 час

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет22 часа

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа22 часа

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...

Свет22 часа

Турција ја прекина целата трговија со Израел

Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина...

Македонија1 ден

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...

Македонија2 дена

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија2 дена

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија2 дена

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија2 дена

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија2 дена

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија2 дена

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет2 дена

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет2 дена

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...