Македонија
Штрајк ‘со глад’ во затворите, протест за донесување на Законот за амнестија
Затворениците од повеќе затвори низ земјава штрајкуваат со глад и бараат од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски спроведување на Законот за амнестија поради лошите услови по затворите.
Според информациите од затворите, затворениците штрајкуваат во затворот Идризово, во затворот во Штип, Гевгелија, Прилеп, Тетово. Според информации што ги објави телевизијата Канал 5 , затворениците ја одбивале и не ја јаделе затворската храна, но јаделе од пакетите со храна коишто им ги носат нивните најблиски.За понеделникот напладне е закажан и протест пред Собрание на Граѓанската иницијатива за донесување закон за амнестија на осудениците.Целта на протестот е да добијат позитивен одговор од претседателот на парламентот за распишување граѓанска иницијатива на државно ниво за собирање 10 илјади потписи за да се донесе закон за амнестија во законски предвидениот рок./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

