Македонија
Претставувањето на извештаите за напредокот зависи од Ердоган
Датумот за претставување на годишните извештаи за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ сé уште е неизвесен, соопштуваат од Европската комисија, додека растат сомнежите дека причина за тоа е политичката ситуација во Турција, анализира српската агенција Танјуг.
„Жан Клод Јункер сé уште не одлучил кога ќе бидат претставени пакетите“, изјавила пред новинарите во Брисел портпаролката на претседателот на Европската комисија, Наташа Берто.Пакет извештаите за напредокот на земјите од западен Балкан, меѓу кои и извештајот за Македонија и Турција, требаше да бидат претставени кон средината на овој месец, но одложени се на неодредено време.Во Комисијата изјавиле дека одлагањето се случило бидејќи членовите на Комисијата се зафатени со решавањето на бегаласката криза и не можат да стигнат да организираат церемонијално претставување на пакетот, кога обично присуствуваат највисоки функционери на ЕУ.Од друга страна, растат шпекулациите дека одложувањето е политичка калкулација за да не дојде до пореметување во осетливите преговори на ЕУ со турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, од кого Брисел бара поактивно ангажирање во запирањето на бранот имигранти на патот кон европските земји.Агенцијата, повикувајќи се на дипломатски извори, пишува дека извештајот за Турција содржи низа сериозни критики за состојбата со човековите права, особено во врска со слободата на печатот и положбата на курдското малцинство, и дека неговото објавување би можело да влијае на шансите на Ердоган на изборите кои се закажани на 1-ви ноември.„Ердоган во овој момент е многу важен за ЕУ и постои очигледен напор да не се направи ништо што би можело да личи на обид за дистабилизирање на неговата власт“, изјавил бриселски дипломат, потсетувајќи дека германската канцеларка, Ангела Меркел минатиот викенд му била гостин на Ердоган. Акциониот план за мигрантската криза за кој Брисел моментално интензивно преговара со Ердоган предвидува дека Турција во замена за обемната финансиска помош и визното олеснување треба да почне со активно регистрирање на беглаците од Сирија и да им обезбеди услови за трајна посета, за да се демотивираат да бараат азил во Европа.Во Европската комисија одлучно демантирале дека одлагањето има каква и да е поврзаност со турскиот претседател, но упорно одбивале да соопштат дури и приближен датум за објавување на извештаите за напредокот, од чија содржина зависи темпото на пристапување на државите кандидатки во ЕУ./крај/мф/
Извор: Tanjug
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Тетово поради предизборни митинзи
СВР Тетово информира дека поради одржување на митинзи на политичките партии во рамки на предизборната кампања во следните два дена (недела и понеделник) ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на градот.
– Ќе се воведе посебен режим на сообраќајот и тоа по булевар „Илирија“од влезот на Тетово сè до плоштадот, односно кружниот тек со булевар „Илинденска”, при што нема да се дозволува паркирање на возилата низ булеварот. Исто така, за време на митинзите сообраќајот ќе биде пренасочен по другите улици, и тоа по улиците „ЈНА“, „Тодор Ципоски-Мерџан”, „Јане Сандански“ и улица „Никола Тесла“, се вели во соопштението на СВР Тетово.
Отттаму со апел возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.
Македонија
Ковачевски: Имаме задача да не се откажеме од европскиот сон за подобра и просперитетна држава за идните генерации
„Нашата генерација има задача да не се откаже од европскиот сон на земјата и да направи сè за Македонија да стане рамноправна членка на Европската Унија“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на митингот на Коалицијата за европска иднина во Кичево.
Ковачевски истакна дека денеска кога чествуваме 121 година од смртта на македонскиот револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, важно е да се потсетиме дека низ историјата нашиот народ не се откажувал дури ни пред најтешките предизвици. Порача дека 8 мај е нов историски крстопат, денот кога сите прогресивни и демократски сили во државата треба да одлучат државата одлучно да продолжи на патот кон Европската Унија.
„Само така ќе изградиме подобра и просперитетна држава за идните генерации. Држава со европски животен стандард, европски вредности, европски правила на игра“, рече Ковачевски.
Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел и ќе можеме да се збогуваме од ЕУ, истакна Ковачевски.
„Не смееме да ја повториме грешката од минатото и да дадеме преголема моќ во рацете на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ. Уште се свежи раните што ѝ ги нанесоа на државата за време на нивното 11-годишно владеење на Македонија. Сетете се на заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор, натепаните студенти во библиотеките и плоштадите. Сетете се на милионите потрошени за жални врби, лажен барок, евтин стиропор само за да се богатат поединци од ВМРО – ДПМНЕ“, истакна Ковачевски.
Лидерот на СДСМ пред граѓаните на Кичево најави повисоки плати и пензии, пакети за поддршка на учениците и студентите, одговорна социјална политика и одлучна борба против криминалот и корупцијата.
Македонија
Проданоски: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов, да ставиме крај на лагите на СДСМ на 8 мај
Тука сме на лице место за да ги разобличиме лагите кои што СДСМ се обидуваат да ги пласираат до јавноста, рече Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
– Овде во Дреновската клисура каде што сме на самиот старт на почетни градежни активности, а за кои што слушнавме дека во 90 % експресниот пат е завршен. Овие се истите лаги исто како оние на почетокот на нивниот мандат кога Фејсбук и Гугл чекаа на граница, истите лаги како фабриката за автомобили во Тетово. Но, македонските граѓани треба да видат и да знаат дека овде на ова место е сам старт на почеток на градежни активности, а не е видлив ниту крајот на она како што тие сакаат да го пласираат. Да не зборувам тука и за третата фаза од експресниот пат за која што има обезбедено средства и за која што можеше исто да биде завршена ако не беа платени пеналите кон компанијата на која што и се бараше рекет за да остане да го гради автопатот и се изгуби значително голем период од изградба на патот и барање на друга компанија, рече тој.
На лагите од СДСМ им нема крај, овие лаги мора да завршат, затоа на 8-ми мај ве повикувам сите да заокружите број 2 за да и ова автопатско решение биде завршено и биде ставено во функција на секој граѓанин на Република Македонија, додаде Проданоски.