Македонија
Забранет сообраќајот во околината на Соборниот храм
Поради претстојните Велигденски празници, Градот Скопје ги известува граѓаните, дека од сабота 18.00 часот до 06.00 часот наредниот ден 12.04.2015 година (недела), ќе биде забрането одвивањето на сообраќајот на дел од булеварот „Партизански Одреди“, од крстосницата со улицата „Френклин Рузвелт“ до крстосницата со улицата „Даме Груев“, како и на дел од булеварот „Св. Климент Охридски“ од крстосницата со улицата „Орце Николов“ до крстосницата со улицата „Димитрие Чуповски“.
Автобусите кои го опслужуваат јавниот градски сообраќај и се движат во насока запад (кон Карпош), ќе бидат пренасочени и ќе се движат по следните сообраќајници:
– улица „Димитрие Чуповски“; Булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улица „Френклин Рузвелт“;
Автобусите кои се движат преку булеварот „Гоце Делчев“, во насока запад (кон Карпош), ќе бидат пренасочени и ќе се движат по следните сообраќајници:
– Булевар „Илинден“ и улица „Френклин Рузвелт“;
Автобусите на јавниот градски сообраќај, што се движат по булеварот „Партизански Одреди“ во насоката исток, ќе бидат пренасочени и ќе се движат по следните сообраќајници:
-Улица „Френклин Рузвелт“; булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“; улица „Димитрие Чуповски“; и улица „11 Октомври“;
Додека автобусите на јавниот градски сообраќај, што се движат од Карпош во насоката исток, преку булевар „Гоце Делчев“ ќе бидат пренасочени и ќе се движат по
– Улица „Френклин Рузвелт“; и булевар „Илинден“, вклучувајќи се на постојните траси на автобуските линии и при тоа користејќи ги постојните автобуски стојалишта.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори, бара ЛДП
По информацијата на Владата дека наредната недела ќе назначи повереници во општините кои поради немање цензус не успеаја да изберат градоначалници, Либерално-демократската партија (ЛДП) ја информира јавноста дека ќе бара да се измени Изборниот законик.
Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа владините повереници да не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Овие измени ЛДП ќе ги предложи за да нема никој нефер предност пред останатите кандидати за градоначалници, но и да се намали можноста за евентуални злоупотреби и несовесни работења на поверениците во периодот додека не се одржат повторените избори.
Оваа предлог мерка доаѓа по прифаќањето на предлогот на ЛДП за враќање на референдумското отповикување на градоначалници во Законот за локална самоуправа, кој веќе се наоѓа во Собранието и со кој после 30 години од укинувањето на референдумот, ќе се стави крај на заштитата на неефикасните и нетранспарентни функционери.
Доколку се усвојат и измените на Изборниот законик и се воведе ограничувањето за поверениците да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторните избори во четирите општини кои не обезбедија цензус во првиот круг, ќе се овозможат фер услови за коректен политички натпревар, ослободен од било какви сомнежи за дополнителни злоупотреби и политички влијанија, велат од ЛДП.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека нема да толерира незаконско постапување и девијантно однесување на поединци за кои постојат сомнежи дека ги прекршиле законските регулативи. Од партијата порачуваат дека Законот мора да важи еднакво за сите и дека секој фатен во корупција или криминал треба да понесе соодветна одговорност.
Во реакцијата се наведува дека државата не смее да се враќа во „мрачните времиња“, како што ги нарекуваат периодите кога, според нив, лица со основано сомнение или пресуди за криминал – меѓу кои ги посочуваат Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев и Рашковски – слободно се движеле без одговорност.
Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат надлежните институции целосно да го истражат случајот и да постапат до крај согласно законските прописи.
Македонија
За девет месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра).
Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.
Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.

