Забава
Околу 1.000 гости на шестиот Октоберфест во Скопје
Директорот на Претставништвото на Германското стопанство во Македонија, Михаел Шмит и заменик Амбасадорот на Германија во Македонија, Валтер Лојхс го отворија шестиот Октоберфест, што во четвртокот се одржа во Скопје.
Дури 1.000 гости уживаа под огромните шатори декорирани во боите на Октоберфест во дворот на овогодинешниот главен спонзор на настанот, фирмата БМВ – Маккар, во вистинска опуштена Октоберфест атмосфера, со вкусни баварски кулинарски специјалитети, различни видови пива, во успешна комбинација на Октоберфест-музика и лајв-спектакл што го приреди македонскиот бенд „Деј Оф“.
За добрата услуга кон расположените гости се погрижи цел тим од момчиња и девојки облечени во автентични баварски носии.
Настанот „Октоберфест Скопје“ кој традиционално во Скопје го организираат Македонско-Германското стопанско здружение и Претставништвото на Германското стопанство во Македонија им пружи несекојдневна можност на преку 200 компании и на нивните вработени, клиенти и деловни партнери, но и на голем број значајни личности од политичкиот и економскиот живот и дипломатскиот кор во Македонија, да уживаат во автентична Октоберфест-забава.
„Организацијата на Октоберфест во Скопје е наша традиција која сакаме и понатаму да ја негуваме. Членовите на нашето здружение кое брои преку 170 компании и со тоа претставува најголемо билатерално здружение во државата, со нетрпение го чекаат овој настан цела година. Октоберфестот во Скопје е со најдолга традиција и најголема посетеност од целиот западен Балкан. По примерот на Скопје, и нашите канцеларии на Германското стопанство во Белград и Тирана од неодамна почнаа да организираат Октоберфест за своите членови. Мислам дека успеавме и оваа година за бизнис секторот во Македонија да пренесеме дел од баварската традиција“, изјави Михаел Шмит.
Македонско-Германското стопанско здружение е основано 2000 година во Скопје по иницијатива на Унијата на Германскитеe комори за индустрија и трговија од Берлин. Со своите 170 компании-членки тоа претставува најголемо билатерално здружение во Македонија, кое игра значајна улога во застапувањето на интересите и активното поврзување на компаниите кои учествуваат во економските односи меѓу Германија и Македонија.
Македонско-Германското стопанско здружение и Претставништвото на Германското стопанство во Македонија се дел од глобалната мрежа на 120 канцеларии на Германското стопанство во 80 земји. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

