Македонија
Честитка од Груевски за Денот на македонските просветители Св. Кирил и Методиј
Претседателот на Владата, Никола груевски го честита 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители и учители и посакува радосни и благословени празнични денови.
„Придобивките од епохалното дело на големите браќа Свети Кирил и Методиј Македонија и светот ги чувствуваат и денес а тие ќе продолжат да бидат подеднакво важни уште милениуми. Дарот на писменоста со кој тие го благословија нашиот народ не задолжи вечно да ги спомнуваме и славиме нивните имиња како душевни татковци на нашата цивилизација. Нивното дело е пресвртница во историјата на многу народи, а наша гордост што оние кои биле негови креатори потекнуваат од овие простори. Глаголицата која тие ја создадоа е темелот врз кој е градена културата на македонскиот народ и на многу други народи низ Европа. Таа е прототипот кој овозможил да се изразуваме, да твориме и да ја запишуваме нашата историја.
Како што нивните животи инспирирале бројни идни преродбеници, светители и просветници кои нивниот животен труд го воздигнале во височините на бесмртноста, така денешното потсетување на нивното дело нека претставува неисцрпна инспирација за нас. Угледувајќи се на нивните достигнувања, неизмерната љубов кон Бога и кон својот народ да го продолжиме нивното дело преку континуираното градење и развој на Република Македонија и на културата препознатлива за нашиот народ“, се вели во честитката.
Тој додава дека делото на светите браќа Кирил и Методиј не научи како со смиреност, верба во Бога и почитување на различностите можеме да направиме многу,а верува во мудроста на нашите граѓани и знае дека ќе постигнеме и изградиме многу повеќе./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

