Македонија
Во среда ЕК ќе одлучува кога ќе биде објавен извештајот за напредокот
Годишниот извештај за напредокот на кандидатите за членство во Европската унија најверојатно ќе биде претставен во четврток на 5-ти октомври, дознава српската агенција Танјуг од дипломатски извори од Брисел.
Зеленото светло за објавувањето на извештаите за европскиот пат на Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, треба да даде претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.Според извори на агенцијата, Јункер во среда формално ќе го направи тоа, по состанокот со Колегиумот, којшто го сочинуваат сите 28 комесари и функционери на ЕК.Маја Коцијанчич, портпаролката на комесарот за соседска политика и преговори Јоханес Хан, ниту ја потврдила, ниту ја демантирала информација, со образложение дека датумот за претставувањето на извештајот сé уште не е официјално закажан.Таа потврдила дека пакетот извештаи се наоѓа во фаза на „колегијални консултации“, што значи дека им е поделен на комесарите пред утрешниот состанок. Во Комисијата демантираат дека одложувањето на објавувањето на годишниот извештај кое првобитно беше закажано за средината на минатиот месец, а потоа одложено на неодредено време, е поради изборите во Турција кои се одржаа во неделата. На Европската унија ѝ е неопходна соработката со Турција во решавањето на мигрантската криза, бидејќи најголем дел од бегалците од Сирија и Ирак влегуваат во ЕУ преку оваа земја./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

